Среда, 05 Август 2015   
Илинден е темел на македонската државност

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Оваа година Македонија одбележува 112 години од Илинденското востание, 71 година од АСНОМ и 24 години од осамостојувањето на Македонија. Исто така, оваа година се одбележува и 150 години од роденденот на Питу Гули, кој загина при одбраната на Крушево и Републиката, како и 110 години од загинувањето на Никола Карев, претседател на Крушевската Република.

На 2 август, македонскиот народ насекаде во светот традиционално ги празнува Илинден, свет ден кога се поставени темелите на македонската државност. На првиот Илинден во 1903 година, во Крушево беше формирана Крушевската Република, прва Република на Балканот. Четириесет и една години потоа, на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ одржано во манастирот Св. Прохор Пчински, македонскиот народ ги постави темелите на македонската држава. И четириесет и седум години потоа, на 8 септември 1991 година, македонскиот народ прогласи осамостојување на Република Македонија.

Секоја година на 2 август, македонскиот народ им оддава почит на паднатите македонски борци кои ги положија своите животи на олтарот на татковината. Секоја година се спомнуваат имињата на Делчев, Петров, Груев, Карев, Сандански, Гули, Шатев, Ченто, Брашнаров и други и се потсетуваат на нанивните дела, на нивната храброст и саможртва. Но, истовремено и на нивните аманети за никогаш да не се заборават: единство и сплотеност на македонскиот народ, со свои сили да се извојува победата, како и да се изгради држава во која сите ќе бидат среќни. 

Искуствата од Илинден 1903 година, кога околу 30.000 македонски востаници, слабо вооружени и без поддршка од надвор сами се спротивставија на околу 350.000 турски аскер, по што востанието беше угушено, беше добар пример за да во време на антифашистичката народноослободителна борба македонскиот народ биде единствен и да мобилизира сто илјадна македонска војска. Оваа војска ќе биде гарант за македонската држава.

Иако изминаа години, децении, дури повеќе од еден век, македондкиот народ како да заборави на аманетот дека само единствени и сложни можеме да ги надминеме сите препреки кои ни се на патот. Проклетството на неслогата кај македонскиот народ која трагично заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 година, а беше санкционирана по Првата Светска Војна, како да трае и денес. Поради таа поделеност, македонскиот народ и по 24 години од осамостојувањето го носи бремето на оспорен идентитет и легитимитет.

Во тој контекст беше и овогодишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов на централното чествување на „Денот на Републиката - 2 Август“ на Мечкин Камен во Крушево. Претседателот во својот говор ќе истакне дека „нишката што ги врзува сите наши манифести и сите наши Илиндени, е повикот за единство за остварување повисока цел. За илинденците, таа повисока цел била слободата. За асномците, тоа била државноста. За нас, тоа беше независноста и сувереноста. А за нашите деца, за младите, тоа е напредокот и благосостојбата на европска Република Македонија“.

Во својот говор, претседателот Иванов исто така ќе потенцира дека денес кога Македонија одново се наоѓа пред голема пресвртница, таа сеуште е длабоко политички поделена и иако слободна, Македонија решенијата за внатрешните прашања сè уште ги бара надвор од неа.

Потсетувајќи дека со сувереноста доаѓа и одговорноста, како и тоа дека се однесувавме мошне неодговорно, претседателот упати порака и до нашите соседи. Иванов посочи дека пред секој самит на Европската унија и НАТО, нашиот јужен сосед прави сè за да нè блокира и оти пред секој Илинден соседна Бугарија бара заедничко славење на минатото.

Меѓутоа, на секој му е познато дека Илинденското востание е најсветла страница од историјата на македонскиот народ. Тоа покажа дека македонскиот народ е доволно политички зрел за да има право на слободен државен живот. Во 1903 година беше објавена Македонска  република во Крушево, но не и присоединување кон една или друга балканска држава. Оттука не може да се очекува заедничко славење на минатото, освен, како што вели претседателот, некој врвен успех на заеднички проект на нашите научници, уметници, стопанственици.

Крушевската република беше пример за демократија. Создадена беше привремена влада со претставници од разни националности кои учествуваа во востанието. Таа покажа за што се бори населението во Македонија. Но тоа не им одговараше на соседите и големите сили. Војните од 1912 – 1913 година доведоа до распарчување на Македонија меѓу Србија, Грција и Бугарија. По Првата и Втората Светска Војна постоеа можности овие грешки да се поправат. Но, за жал, поради немање единство, желбата на Илинденци на борците од НОБ и на целиот македонскиот народ не се исполнија. Македонија, тоа го памети, а и документите за тоа говорат.

Премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод Денот на Републиката - 2 Август, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје ќе истакне дека „Нашата генерација памети! Нашата генерација добро знае кој и зошто гинел за Македонија! ...Кој и што направил за слободата која денес ја живееме...“

Како што потенцира Груевски, „Македонија се сеќава, одбележува, ги слави хероите, делата и вредностите! Илинденците од 1903 - та и антифашистите-народноослободителни борци се нашиот паметник. Тие се темелот на нашата денешна држава и слобода. Многу им должиме ним, на нивната лична жртва“. Македонија ги слави и памети делата, храброста и жртвата  на  Методија Андонов Ченто, Никола Карев, Питу Гули,  Кузман Јосифовски Питу, Гоце Делчев, Даме Груев, Михајло Апостолски... Сите генерации кои доаѓаа по нивната смрт, ќе наведе Груевски, го паметат и почитуваат нивниот напор и стремеж кон највисоките цели.

„Делата на целата илинденска генерација и на целата антифашистичка генерација, за навек ја задолжија Македонија и сите идни генерации! Да се сеќаваме, да прославуваме, да одбележуваме и да земеме пример како се сака Македонија и како се работи за својот народ ! И како се бори за остварувањето на највисоките цели, ќе истакне Груевски во својот говор.

Македонија досега покажа дека знае како треба да се бори за остварување на своите највисоки цели и дека има капацитет да се носи со тежината на проблемите што произлегуваат од нејзината самостојност. Но за да го прави тоа пуспешно и да ги постигне своите цели, како што се евроатлантската интеграција на македонскиот народ му е потребна поголема сплотеност, единство на политичките партии по виталните национални интереси .

„Илинден, е меѓник во кој се вкрстуваат минатото и иднината на Македонија, точка од која најреално можеме да ја оцениме сегашноста низ призма на жртвите и влогот на генерациите пред нас, народна меморија која на најдобар начин нé опоменува дека Македонија е нашата најголема и најзначајна партија, нација и вера“ – ќе истакне претседателот на македонското Собрание Трајко Вељановски во обраќањето на свеченоста во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце.

Во контекст на единството кое Илинденци и борците од НОБ ни го оставиле во аманет, Вељаноски во Пелинце ги повика политичките партии на соработка и дијалог и порача дека Парламентот е институцијата во која се вкрстуваат идеите за да се исфилтрира вистинскиот проект, а не институција од каде се поткопуваат демократските темели на државата. Како што вели „Ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад за да се замаглат вистинските дела. Ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад со кој ќе се прикријат субвенциите на земјоделците, километрите изграден автопат, новите работни места, инвестициите и сé друго што е позитивно. Сепак, важно е, исто така, јасно да се подвлече дека демократијата подразбира цврсти институции и постоење на правда. Дека постојат закони кои се почитуваат од сите. Затоа да најдеме основа за соработка во кризата која се создаде. Да продолжиме да го гледаме заедничкиот интерес. Да продолжиме уште повеќе да водиме сметка за Македонија и за граѓаните“.

Илинденското востание, предводено од ВМРО, претставуваше гласна порака на македонскиот народ за слобода, за рамноправност, за демократија. Таа порака далеку пред своето време сосема разбирливо длабоко се врежа во свеста на македонскиот народ, трајно определувајќи го не само неговиот судбински избор, туку и неговата иднина. Остварувањето на Илинденскиот идеал за национално ослободување и за своја држава, делумно беше остварен на 2 август 1944 г., кога на Вториот Илинден беше формирана македонската држава, за да дојде до целосен израз на 8 септември 1991 г., на третиот Илинден, кога македонските граѓани, на Референдум се изјаснија за суверена и самостојна Република Македонија.

Денес, Македонија повторно се соочува со наметнат проблем од некои соседи. Македонскиот народ го чекаат нови предизвици кои имаат за цел да го раздвојат македонското национално ткиво. Разни структури, домашни и од надвор, работат на разбивање на единството на македонскиот народ. Но, трите Илиндена, се темел на македонскиот народ, темел на македонската државност, темел кој тешко се разнишува, а институциите изградени врз него имаат доволно капацитет да се справат со секој преизвик. Тоа го покажаа и Кумановските настани на 9 мај оваа година, на денот на Европа, кога криминално-терористичка група се обиде да ја дестабилизира Македонија. Повторно најдобрите македонски синови го положија својот живот на олтарот на слободата, паднаа во одбрана на татковината, но докажаа дека никој не ни може ништо кога сме единствени, дека никој не може така лесно да ги разруши темелите на македонскта државност поставени на трите Илиндена.

Слава на сите херои, паднати борци за Македонија!

Нека е вечна Македонија!

Амин!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.