Среда, 12 Август 2015   
За државата говори - за партијата мисли - за себе прави

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Дека не држи магарето да го критикува зајакот за големината на ушите е поентата на народната која како лика ем прилика ни ја отсликува и муабетов што следи подолу.

Имено со кој образ, па и право ако сакате, тазе олигархот ем неговата висока мода заменичка се топорат по пресови и пукаат од сите оружја за некакви криминали и злоупотреби?

Ама, чекајте! Ако некој треба да ја затне муцката и да се претвори во мумија (но не на маскембалот туку во животот) тоа е токму од Муртино канибалот. Ако и трунка намус има оваа подбишега од политичар само за судскиот процес, односно аболицијата за „Глобал“ и сумата од неверојатни 7-8 милиони (евра не денари) жив в земи треба да пропадни. Тој – ѓон, топук, небаре за него не се однесува – ич не му чуе. Или пак големото добро утро компањонка, кир(иј)а Радмила, која „Луј Вито“за купи-ден-помини го има и како на модни писти се шета по тоа телевизиите игнорирајќи ги фактите за кириите, а соли етики и сее критики за злоупотреби.

Едноставно да не знае човек дали да ги покудува што во очи ги гедаат и лажат „другарите“ со средната класа прикаските или да ги критикува што не ги вадат од уста, а ваму патолошко дигаат пара – тарапаана. Или, пак, на ниво на национални интереси. Се испотепаа со нивните постари да се прикажат за државотворци, а име, знаме, устав, територија... абе уште петокраките што не си ги испродадоа (иако и ними ги офарбаа). И пак кичма ќе виткале и пак име менувале. Ама знаете зошто? Не, не за нивни хациенди и луксузи, туку за наше (и ваше!) – народно добро. Ете. Видиш? А ние не сме занеле!

Значи кое безобразие човече од наследниците на црвените лопингери кои барем пред јавноста излегуваа во скромни одела, но овие бе брате и валкан капитализам критикуваат и чиста буржоазија практикуваат. А, и ова! Ачик со наши очи видовме и асли од нивна уста чувме дека кога ќе дојделе на власт... од чистачка до директор се` ќе било партиско. Арно ама другата снимка пак, таа со Виц’то, кажува и нешто друго: партијата-партија ама парата за братот.

Посебна тема, башка муабет е и тоа што чекајќи на бравот сами да му паднат не најдоа за згодно да седнат и една пуста програма да напишат. Демек, кај и да е на народот ќе му збоктиса и сам промени ќе посака. И да, можеби е и така ама нека бидат спокојни – ними не сака ни да ги смисли, а камо ли одново на власт да ги донеси. Таа е суштинската суштина која ги чини опозиција цела една деценија со извесна иднина – на повидок ништо поарно не се наѕира.

Срцки, тие! Па какво поарно кога вадат зрцки да се служат со трикови и измами место со проекти и програми. Еве, прошверцуваа и детонираа и десетици „бомби“ арно ама од толку народ што не ги мириса рејтингот не им се ни помрдна. А пак сега, откога сите позначајни економисти (Јовановски, Ивановски, Узунов) им ја треснаа вратата ќе плаќале италијанска агенција програма да им правела. Ако, нека, само (пред)весниците околу веќе обзнанија: од мафија за мафија, со кој си таков си.

Мајтап? Нее! Та овие се другарки и другари и „испоцркаа“ за средната класа. Тие на селаните (уште повеќе, каде-каде!) ќе им ги зголемат субвенциите, на службениците платите, на пензионерите пензиите... Абе на се живо, жими покојната ми мајка, а не како овој режимот што гради слободни зони, (авто)патишта, спортски сали, училишта, клинички центри и слични глупости. Не-не, не се секирајте тие за пола година ќе ја „суредат“ државата и ќе ја внесат во Европа откога ќе ја турнат сукњата и свиткаат кичмата. Еех, се арно само уште да имаше пустото кој да им поверува или, ако не, барем да ги пораздрма и разбуди.

Но, патем речено, по кој пат, ви се молам, ќе се обидуваат да се прикажуваат за душегрижници (а ваму делуваат како душовадници) кога и дечињата и врапчињата научија дека лагата и кражбата им се генетика. Тоа е, кога ќе сумираме и резимираме фијаско десетката не им бега, сега и забиберена со „дупла“ оставка. Ете таа вистина и разбивање на илузиите ја прави уште поголема маката ем прпата од судница столицата.

П.С. Ако некој се осети навреден или погоден од написов ич нека не се залажува и на суд нека не помислува. И јас го признавам единствено судот на партијата и ја почитувам само на претседателот аболицијата. Како Јоже, како Зоки...

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.