Среда, 12 Август 2015   
Кирил Прличев-Живот посветен на ВМРО и Македонија

Ѓорѓи Чекутков

Кирил Прличев, револуционер, македонски деец и интелектуалец

cekutkov
Гробот на Кирил Прличев и на неговиот татко македонскиот преродбеник Григор Прличев во црката Св.Богородица - Перивлепта во Охрид

Кирил Прличев е значаен македонски патриот и револуционер кој оставил длабоки траги во македонското револуционерно движење. Тој е од онаа плејада на македонски револуционери кои намерно беа анатемисувани, саботирани, дистанцирани и затскриени од поранешната историографија на стариот комунистички систем. Причина затоа што беше деец на ВМРО со продесна ориентација. Поради тоа за пошироката јавност Кирил Прличев не беше доволно познат. Се` до 1990 година за овој македонски патриот се знаело многу малку, иако негов татко е македонскиот преродбеник Григор Прличев. Историографијата и историографите на поранешниот систем не ја истражувале неговата револуционерна и животна сторија и посветена борба за македонската кауза.

Семејство

Кирил Прличев роден е на 1 март 1875 во Охрид. Неговите родители се познатиот македонски преродбеник Григор Прличев, а мајка му била Анастасија Узунова сестра на легендарниот војвода член на Битолскиот револуционерен округ Христо Узунов и неговиот брат револуционерот Ангел Узунов. Посебно Кирил Прличев во својата револуционерна дејност бил близок со Ангел Узунов, пунктов началник на ВМРО во 1922 година.

Образование

Кирил Прличев oсновно образование учел во родниот град и го завршил со одличен успех. Школувањето го продолжил во Солун и имал дипломирано на Солунската машка егзархиска гимназија. Посебно ја изучувал историјата и ги зборувал францускиот, германскиот, италијанскиот и грчки јазик. Во Солунската егзархиска гимназија Кирл Прличев заедно со своите соученици Страхил Точков, Крум Страхо-Прокопов создале литературен кружок во кои дискутирале за делата на руските пистели Лермонтов, Гогољ, Пушкин и др.

Руските писатели кои се бавеле со револуционерна тематика имале големо влијание врз градењето на револуционерниот профил на Кирил Прличев. Овој факт тој го има потенцирано и во своите спомени.

Револуционерна дејност

Кирил Прличев израснал во патриотска и револуционерна фамилија. Но, на него посебно влијаел неговиот татко од кого постојано бил потикнуван да чита книги најчесто со револуционерна и родољубива содржина. На овој начин кај него се оформил патриотскиот и револуционерен дух. Во 1895 година Кирил Прличев се приклучил кон Врховниот Македонски Одрински Револуционерен Комитет ВМОРК, преку кој се подготвувале вооружени акции против турската власт. Во овај период во ВМОРК бил и Јане Сандански, Славчо Ковачев и други познати револуционери, а овие чети биле управувани од војводата дедо.

Кирил Прличев во 1895 година бил егзархиски учител во Воден. Во редовите на МРО влегува и е “покрстен” во Солун, од страна на македонските корифеи Дамјан Груев и Гоце Делчев. Во 1896 Кирил Прличев ја формира револуционерната мрежа во Воден, каде што под негова дејност и афторитет се формираат: градски, селски и околиски комитети. Посебно својата дејсност во Воденско ја носочил во борбата против грчката пропагнда. По убиството на србоманот Димитар Грдано кое било извршено по наредеба на Органзаицијата, Кирил Прличев бил уапсен. Поточно, егзекуцијата ја извршил Методија Патчев во консултација со Христо Узунов и Петар Чаулев.

По донесената одлука за кревање на востание на јануарскиот конгрес 1903 година Кирил Прличев се вклучува во подготвките за востание.

И покрај тоа што се разочарал од трагичниот крај на Илинденското востание, Кирил Прличев продолжува да го шири револуционерниот дух меѓу македонското население.

Кирил Прличев за време на Младотурската револуција се вклучува во редовите на десно-конзервативната струја на ВМРО предводена од Христо Матов и Тодор Александров, која се борела за Автономија на Македонија и бескомпромисна борба се` до целосно протерување на Турците од Македонија.

Христо Матов во своите спомени го опишува Кирил Прличев како доследен идеалист, окарактеризиран како деец со големи стратешки способности и револуционер целосно посветен на македонсњкото ослободиелн делото.

Журналист

Во периодот на 1909 година, започнал заедно со Ѓорги Баждараов да го издава списанието “Искра”.

Во виорот на Блаканските војни Кирил Прличев пишувал постојано против грчката пропаганда предвиувајќи дека на Македонија и се заканува поделба од соседните балкански држави потенцирајќи го хегемонизмот и иредентизмот на Србија, Грција и Бугарија кон Македонја. Поради неговата бескомпромисна борба против грчката пропагадна тој бил на удар на грчките власти, така грчката војска имала потера по Прличев во Солун, но со помош на еден бугарски генерал пребегал за Стара Загора. Во виорот на Првата Светска војна Кирил Прличев бил мобилизиран во Четвртиот Македонски полк при бугарската армија на чело со Јордан Колчаков. Прличев бил премногу морална и личност со цврста и челична волја да се бори за правдата и чесноста. Тој во веснкот “Родина” ги опишал злоделата и реперсиите кои ги вршеле српските, бугарските и грчки војски врз невиното македонско население. Во 1918 година Кирил Прличев ја напишал брошуарата “Српскиот режим во Македонија”, а ВМОРО ја опишува како духовна водилка на македонскиот народ.

Во своите спомени ќе забележи за заштитата која им ја пружала ВМОРО на македонското население од поробувачките војски на македонската земја, така Прличев ќе запише: “ВМОРО беше господар на положбата и преку ноќта и преку денот... Секој граѓанин или селанец во лицето на месната чета на ВМОРО ги гледаше надежта и спасот кога жестокоста на прообувачите го заплашуваа неговиот живот”.

Кирил Прличев предводник на интелектуалното крило на ВМРО

Кирил Прличев во 1923 година во Сфија заедно со професорот Љубомир Милетич, Ефтим Спространов, Наум Томалевски, Александар Балабанов и други македонски интелектуалци учесвува во основањето на Македонскиот научен институт. Основната цел на Македонсиот научен институт била да собира материјали документи за историјата на Македонија, да ја проучува историјата, етнографијата, јазикот и стопанскиот живот на народот во Македонија. Исто така, Кирил Прличев бил еден од главните редактори на весникот “Македонски преглед” кој го издавала МНИ. Во 1923 година Кирил Прличев бил челн и на бугарската масонска ложа “Светлина”, журналист и пишувал во револуционерните гласила на македонската емиграција во Бугарија.

Кирил Прличев

Големата доверба на Тодор Александров

Слободно може да се потенцира дека Кирил Прличев го предводел интелектуалното крило на ВМРО. Тодор Александров имал голема доверба во Прличев пред се` како човек со високи интелекутуални способности, но и со лојалноста и неговата голема посветеност кон македонското ослободително дело. Прличев ги предводел дипломатските преговори на ВМРО и со Италија и со Советска Русија. Тодор Александров како лидер на ВМРО одбрал една цела интелектуална елита, на која им ги доверил сите стратешки, организациони и дипломатски задачи. Главната одговорност на ова интелетутулано крило Александров му го доверил на Кирил Прличев, а Прличев вклучил и една цела структура интелектуалци како Љубомир Милетич, Христо Матов, Пеју Јаворо професорите Иван Ѓоргиев и Никола Милев. Оваа интелектуална струја го сочинувала крвотокот и ‘рбетот на автономистичката ВМРО.

Кирил Прличев бил еден од наjдобрите соработници и сореволуционери на Т. Александров. Тој бил во постојан контакт со Александров се` до крајот на неговиот бурен револуционерен живот. Како што пишува во своите спомени Кирил Прличев постојано го предупредувал Тодор Александорв да биде предпазлив особено по потпишувањето на Мајскиот манифест во 1924 година.

Имено, непосредно пред убиството на Александров, Прличев неколку пати го убедувал Александров да не оди на закажаниот конгрес во Петричко или во случај да оди да поведе со себе поголемо обезбедување.

По убиството на Тодор Александров Организацијата започнува да претрпува силини потреси. Од тие причини по иницијатива на членовите на задграничното пртставништво: Кирил Прличев, Георги Баждаров и Наум Томалевски во периодот од 9-12 февруари 1925 година бил свикан и одржан конгрес на кој бил поднесен извештај за новонастанатата ситуација поради убиството на Александров. Конгресот бил свикан во село Србиново Горноџумајско. На овај конгрес бил избран нов ЦК на В.М.Р.О во кој влегле Александар Протогеров, Иван Михајлов и Ѓорги Поп Христов, додека Кирил Прличев, Наум Томалевски и Георги Баждаров останле членови на Задграничното претставништво. За резервни членови биле избрани Јордан Бадев и Ангел Узунов (брат на Христо Узунов). На когресот била донесена одлука за продолжување на борбата Независна Македонија (самоуправување).

Подржувач на протогеровистичката струја на ВМРО

По убиството на Тодор Александров дошло до разединување во редовите на ВМРО. Двајцата членови на ЦК Иван Михајлов и Александар Протогеров започнале меѓусебно да се обвинуваат и да ги наметнуваат своите авторитети стремјеќи се кој да доминира и кој да ја предводи ВМРО. Така доаѓа до поларизација на Организацијата која се дели на две крила михајловистичка и протогеровистичка ВМРО. Ваквата поделба носела голема штета на македонското движење, бидејќи двете струи започнале и со меѓусебни ликвидации, во кои животите ги загубиле достојни и чесни македонски револуционери и патриоти.

Кирил Прличев заедно со Горги Поп Христов, Горги Баждарев, Наум Томалевски, Ѓорги Кулишев, Петар Шанданов, Крум Петишев и други влегуваат во редовите на протогеровистичката струја на ВМРО.

На 7 јули 1928 година во мегусебните пресметки и нетрпеливосоти по наредба на Иван Михајлов е убиен Александр Протогеров. Кирил Прличев влегува и покрај тоа што е подржувач на протогеровистичката ВМРО, постојано ги повикува двете разединети струи на помирување и повторно обединување во интерес на македонското револуционерно движење. Како што наведува и самиот Прличев во своите спомени “во интерес на македонското ослободително дело е да се спречат меѓусебните крвопролевања”.

Иницијатор за формирање на помирителната комисија

Кон крајот на декември 1930 година, сакајќи да се помират двете разединети струи во ВМРО е формирана помирителна комисија. Кирил Прличев е еден од иницијаторите за формирање на помирителната комисија заедно со битолчанецот Ѓорги Поп Христов, а главен посредник на комисијата бил Националниот комитет на македонските братства. Во оваа комсија членови биле и Климент Бојаџиев, Петар Дрвингов, Христо Силјанов и др.

Кон средината на февруари 1930 година Кирил Прличев и Ѓорги Поп Христов се привдени од агенти на бугарската полиција кои биле блиски до Иван Михајлов. Во овој период премиер на Бугарија бил Андреј Љапчев, Македонец по потекло, кој му давал поддршка на михајловистичката ВМРО, а Прличев и Поп Христов биле принудени да поптпишат една декларација со која ќе потврдат дека се повлекуваат до редовите на ВМРО. Во таква констелација на односите Кирил Прличев и Ѓорги Поп Христов се принуден од бугарската полиција и власт да се повлечат од редовите на ВМРО. Кирил Прличев одбил да се потпише поради недостојната содржина и го одбил овој притисок на бугарксата власт. По неговото ослободување Прличев сам се повлекол од движењето, но останал да членува на Македонскиот научен институт.

Како дирекотр на Охридскиот музеј го пронаоѓа гробот на Св.Климент Охридски

Кирил Прличев во периодот од 1941 - 1944 година бил дирекотр на Охридскиот музеј, со кој раководел три години и прикажал голема научно истражувачка дејност. Кирил Пличев во народните преданија кои му ги раскажувал неговиот татко имал слушано дека гробот на Св. Климент Охридски се наоѓа на Плаошник некаде во близина на Самоиловата тврдина. Па така како директор на музејот во 1943 година започнал акција заедно со Проф. Д-р Димче Коцо со кој ги откриле темелите на свети Климентовата црква и го пронашле гробот на Св. Климент Охридски на Плаошник.

Кирил Прличев починал на 9 февруари 1944 година во Охрид, а закопан е во истиот гроб на неговиот татко Григор Прличев во црката Св. Богородица Перивлепта.

Биографијата и револуционерна дејност на Кирил Прличев е мошне богата и комлексна. Неговиот лик го карактеризира како: голем македонски патриот, македонски револуционер, публицист, журналист, идеолог и интелектуалец од највисок ранг. Тој оставил незбришливи траги во македонското револуционерно движење.

Кирил Прличев ги пронашол моштите на Св. Климет Охридски светилникот на Македонија, а своевремено е и симбол на Македонската православна Црква и симбол на народноста на Македонецот. Книжевната дејност на Григор и Кирил Прличев е богатсво на Македонија и македонскиот народ.

Користена литература:

- Спомени Кирил Прличев-(Србскиот режим и револуционерните борби во Македонија (1912-1915),

- Спомени Георги Поп Христов,

-Спомени Петар Шанданов,

-Спомени Крум Петишев,- Мементо-Проф. Д-р Зоран Тодорвски, Тодор Александров-Се` за Македонија-зборник на документи 1919-1924 од Проф. Д-р Зоран Тодорвски, Тодор Александров-Живот Легенда од Цочо Билјарски-1991.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.