Среда, 19 Август 2015   
Никој нема право да шпекулира со името и идентитетот на македонскиот народ

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Денес е многу тешко да се создаде правата слика за грчко-македонските и европските расправии околу употребата на македонското име. Сепак самата расправа за кои постојат историски извори говори дека како Македонци се идентификуваат македонците многу одамна, многу пред почетокот на преродбата во XIX век. Првата забележана расправа била на заедничкиот состанок на Грците и Македонците во Будим во 1791 година. Македонците жестоко се спротивставиле заедничката црковна општина да се нарекува „Грчко – источна и грчка црковна општина“. Тие барале да се измени овој назив, бидејќи таа не само грчка, туку и македонска, па називот треба да гласи: „Грчко - источна и македонско црковна општина“.

 

По укинувањето на Охридската архиепископија на 17 јануари 1767 година и присоединувањето на нејзините епархии кон Цариградската Патријаршија, споменот на Македонците кон својата црква никогаш не згаснал. Состанокот во Будим одржан по повеќе од две децении претставува прв забележан отпор на македонскиот народ против курсот на Цариградската Патријаршија која настојува да ја спречи во корен секоја македонска национална манифестација, особено против барањето на црковните општини и училишта за воведување на македонскиот јазик.

Средбата се одржала во годината кога е потпишан Свиштовскиот договор (4.08.1791) со кој е ставен крај на Австро-турската војна (1787 - 1791). По склучувањето на овој договор, поради започнувањето на војните на Наполеон Бонапарта, Австрија ја променила својата политика кон Балканот и никогаш повеќе не учествувала во војните кои ги водела Русија со Османската Империја.

Инаку, само пред еден век, австрискиот цар Леполд I, во актот од 1690 година зборува за „пратеници од македонскиот народ“. Во него тој ќе напише:

 „Со ова давам на знаење дека двајца Македонци, Марко Краида од Кожани и Димитар Георгија Поповиќ од македонски Солун, изнесоа дека македонскиот народ уверен во праведноста на нашето дело и со силна желба и сериозни намери, би се ставил под наша заштита, за да се оттргне од неиздржливиот турски зулум доколку би му се укажала наша милост и сугурна заштита“. 

Во наведениот акт на австриската царска канцеларија македонското име се употребува не како географско туку како име со кое се означува народ. И не само тоа, македонскиот народ има и свој грб, кој се сретнува во многу грбовници, а не само во „Стематографијата“ на дојранчанецот Христофер Жефаровиќ.

Македонското име со кое народот од Македонија се разликувал од другите балкански народи, не се употребувало само во ова време. Иван Томко Мрнавиќ (1579 - 1637), католичкиот бискуп и автор на историски текстови, во своите искази за единството на славјанските јазици на Балканот во 1622 година, покрај Хрватите, Србите, Босанците и Бугарите, како славјански жители на Балканот ги споменува и Македонците. Претходно за Македонија се говори и во писмата и рефератите на охридските архиепископи Гаврил I и Атанасиј I кои посетиле повеќе европски земји за да бараат помош за ослободување од Турците.

И српските извори од овој период говорат за посебноста на македонскиот народ. Во Троношкиот летопис од  XVIII  век, православен манастир во Западна Србија, составувачот на летописот прикажувајќи го составот на војската на кралот Волкашин ги одделува Македонците од Бугарите. Од друга страна, за време на својот престој во Црна Гора, српскиот патријарх Василије Јовановиќ - Бркиќ (1763 - 1765), го пишува својот „Опис провинција турске државе“ за потребите на рускиот гроф Долгоруков. Во овој опис тој Македонија ја издвојува како посебна провинција.

Од овој период посебно внимание заслужуваат документите на руската императорска канцеларија од XVIII  век, како и „Мемоарите“ на Симеон Пишчевиќ (1731 - 1798). Всушност во овие документи се говори за оние преселници кои по Карпошовото востание, заедно со српскиот патријарх Арсенија Черноевиќ III пребегнале преку Сава и Дунав на австриска територија, а подоцна пак да заминуваат во Јужна Русија за да служат во руската царска војска.

Во молбата која ја пишува генерал Хорват до руските губерниски власти за населување на овие преселници меѓу другото стои дека „православните народи српски, македонски, бугарски и влашки со својата крв и оружје сакаат да му служат на Нејзиното Императорско Величество, мајка покровителка“. Истото јасно разграничување на преселниците по нивната народност се наоѓа и во извештајот на Бестужев – Рјумин, кој во својот извештај до императорската канцеларија меѓу другото пишува: „Православните народи Срби, Македонци, Бугари и Власи сакаат да му служат на нејзиното Величество со крв и оружје... Во мирно време тој корпус од Срби, Македонци и Бугари, православни народи еднородни со нас по храброст познати по целиот свет, од ден на ден ќе се умножуваат и во случај на потреба ќе донесат корист без некои расходи од страна на Вашето Императорско Величество.

Македонското име се сретнува и во други акти како Указот кој му е даден на генералот Хорват и во кој му се „препорачува и понатаму да ги повикува во руска служба и руско поданство православните српски, бугарски, македонски и влашки народи и да ги прима како доброволци“. Од овие припадници на македонскиот, српскиот, бугарскиот и влашкиот народ се формирани покрај старите и нови четири полкови, меѓу кои и македонскиот полк.

Од овие документи многу убаво се гледа дека под македонското име, Леополд I, Катерина II и другите не подразбираат ниту Србин, Бугарин, Влав, Албанец, Грк или друго, туку Македонци од Македонија, кои говорат на својот мајчин јазик.

Дека Македонците не биле ништо друго освен Македонци, и покрај сите обиди на пропгандата да бидат претставени како Бугари, Срби или Грци, најдобро говори и примерот кој го навел професорот по славистика на Јашкиот универзитет Илије Барбулеску (1875 - 1945). Тој вели: „Сите овие славјански доселеници на теренот на Романија, за кои ние Романиците понекогаш мислевме дека зборуваат бугарски, главно се преселници како работници и градинари од Македонија и себе си се нарекуваат Македонци, а не Бугари“.  

Во сите овие документи се сретнува името Македонци, Македонец, македонска, мекедонски итн., што значи дека ова име како етничко било употребувано од мнозинството македонско славјанско население многу одамна. Оттука, ниту Грците, ниту било кој друг од соседите нема право да шпекулира со името и идентитетот на македонскиот народ, ниту пак да го присвојува.

(извор: Д. Ташковски, Раѓање на македонската нација, Скопје, 1966, стр. 82 - 86)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.