Среда, 19 Август 2015   
Подвизите на Јане Сандански

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Оваа година се одбележаа 100 години од смртта на на Јане Сандански кој го обесмртти своето име во македонската револуционерна борба со своите легендарни подвизи.

За првпат славата на Сандански се разнела во Пиринскиот крај и во светот по заробувањето на американската мисионерка мис Стон, што се случи на 16 август 1902 година, во месноста „Потпрената скала“ во атарот на благоевградското село Градево. Во периодот од шест месеци додека трае заробеништвото на мис Стон, пред потерите на турскиот аскер и врховистите, Сандански и неговите луѓе требало да создадат неопходни услови за животот на заробените жени.

Оваа револуционерна акција силно ќе одекне во светот, а Организацијата добила 14.500 турски лири со кои се купуваат 3.000 пушки. Таа имала и важно политичко и пропагандно значење, бидејќи преку неа светот ќе дознае за карактерот и целите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.

На 1 март 1903 година четата на Јане Сандански води жестока борба во селото Горни Орман (Ладарево), сместено во пазувите на Пирин Планина. Во борбата биле убиени 150 турски војници, додека четата имала само еден убиен и 5 биле ранети.

Во текот на Илинденското востание четата на Сандански води битка во Пирин Планина, над село Пирин, во месноста „Ајдучка полјана“ против многуилјаден аскер. Во таа битка биле убиени 80 турски војници и само 1 четник.

Во 1905 година, во близина на селото Сугарево, југозапаните падини на Пирин Планина, четата на Сандански води тридневна битка против турската војска. Откако увиделе дека нема да успеат да ги поразат, турскиот началник извикал: „Еј, царски душмани, ние се изморивме да ве гониме, а вие не се изморувате. Патот ви е слободен, врвете слободно...“ Такви херојски битки Сандански води во село Марулево, Благоевградско, кај селата Долни Орман, Врања и др.

Голема е заслугата на Јане Сандански за македонското нацоналноослободително движење, затоа што тој ја зачувува и чистототата и независноста од интригите на соседните балкански држави.

Додека целата идеологја и програма на ВМРО беше изградена врз принципот на подготвување на народот за едно внатрешно сеопшто востание, другиот пат беше на војната со мешање на однадвор, на разделување и заграбување на Македонија. Јане се бореше против овие сили не само идејно, туку и со оружје во рака.

Во 1905 година голема здружена врховистичка чета заминала во Мелничката околија. Сандански ја опколил четата и ги принудува да се предадат. По одземање на оружјето четата ја протерал преку границата, да се вратат од каде што биле испратени. Со овие борби тој си ја навлекол омразата на Фердинад.

Јане Сандански водел особена грижа за образованието на македонското население во Пиринскиот крај. Тој бил иницијатор за изградба на нови училишта и библиотеки. Се залагал да има добар учителски кадар и особено имал успех во Мелничката и Разлошката околија. Исто така внимавал и на општото културно издигнување на населението. Во 1905 година, во едно окружно до комитетите на Организација, тој дал наредба да се води грижа за хигиена во живеалиштата, против мешањето на возрасните во браковите на младите итн. Како благодарност за неговата грижа, населението го викало „Стариот“, што значи татко, човек со татковски грижи.

Во 1908 година Јане Сандански се вклучува во настаните за време на Хуриетот. Тој со неговите приврзаници се легализира и влегле во градовите каде биле свечано пречекани. Јане најпрво влегол во Неврокоп, каде што одржал говор пред 15.000 луѓе. На 15 јули пристигнал и во Солун, каде на железничката станица бил пречекан од младотурската делегација предводена од Енвер Беј, а на 18 јули го издал и познатиот Манифест.

Во 1912 година тој го повикува населението од својот револуционерен округ да учествува во Балканската војна. Само за три дена тој организира во Мелничката околија 800 души. Четите од овој одред на 27 октомври 1912 година го солободуваат Мелник. Триста четници од одредот, на чело со Сандански, на 8 ноември влегуваат во Солун, пред влегување на главнината на бугарската војска. Неговите чети кои го деорганизираат тилот на турските војски, водејќи битки стигнуваат дури до Мраморно Море. Меѓутоа, балканските земји и овој пат ја злоупотребуваат вољата и ентузијазмот на македонскиот народ. Наместо македонскиот народ да добие слобода, тој повторно беше окупиран, а неговата земја распокината.

По Балканските војни, смело застапувајќи ја својата политика на мир и пријателство помеѓу балканските народи и за ослободување и обединување на македонскиот народ во своја држава, на 10/23 април 1915 година Сандански беше подло убиен. Јаневото тело било пронајдено од еден караван, по што било пренесено во Роженскиот манастир. Неговите останки се наоѓаат во црквата Св. Кирил и Методиј, а неговите идеали и завети денес длабоко се носат во душата на секој Македонец.

(извор: „Од признавање до негирање“, Скопје, 1970, стр. 372 - 373)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.