|
|
Нека се гордеат Костурските учителки дека под диплите на нивните дела умираат со насмевка на уста младите великани |
Знамето во одредот е свето „Поимот за знамето во одредот е свето.Нешто вродено има во одредот за важноста на знамето и секој со гордост расправа за преживувањата низ овие епохални борби, кога четите имаа свој испит во однос разбирањата за непрокосновeноста на овие востанички светињи. Нека се гордеат Костурските учителки дека под диплите на нивните дела умираат со насмевка на уста младите великани. Тие во нивните дела и под диплите гледаат дека се раѓа слобадата на Македонија“ – пишува во својот дневниккостурскиот војводаМихаил Николов Розов. Во услови кога теророт на турските власти се потешко се поднесувал, Костурчани барале што побргу да се крене востанието. На почетокот на мај 1903 година, на Смилевскиот конгрес, костурските претставници Чакаларов и Кљашев не само што биле за востание туку апелирале тоа веднаш да започне. Според решенијата на Смилевскиот конгрес, за членови на Горското началство на Костурскиот востанички реон се одредени: Чакаларов, Кљашев, Поп Трајков, Манол Розов и Михаил Николов, а за воена подготовка на војводите е одреден Иван Попов. На состаноците во селата Д'мбени, Блаце и Пополе е потврден предлогот од Смилевскиот конгрес, а Костурскиот востанички реон е поделен на пет подреони и биле одредени војводи кои ќе бидат потчинети на Горското началство. Потоа започнало формирање на воените сили, обука и вооружување, снабдување со храна, облека, санитетски и друг материјал. По добивањето на одлуката за почетокот на востанието за неколку часа сите 80 организирани села во Костурско биле известени. Бидејќи бил откриен план за напад на Костур, востанието во Костурско започнало на 2 август вечерта кога четата на Иван Попов и селските чети од Апоскеп и од Жупаниште ги нападнале помалите турски посади во околијата на Костур. Потоа востаниците ги ослободуваат градовите Клисура и Невеска и водат низа славни борби. Војводата Михаил Николов Розов (25. VIII 1874 – 1. VIII 1934) кој е член на Горското началство на Костурскиот востанички реон, во својот дневник наведува низа значајни податоци за Костuрските востаници, меѓу кои за бројноста на силите, вооружувањето, униформата, опременоста со санитетски материјал, и односот кон востаничките знамиња. На 29 –ти август 1903година (петок) Николов меѓу другото го бележи и следното: „Поради вознемирувачките вести добиени во текот на ноќта, уште во раните утрински часови, поголем дел од одредот се разви во долга колона на исток од Блатото, а центарот се измести некаде до месноста Оџов камен и над Големата падина. Одредот беше ставен во приправност и подготвен во секој момент доколку Турците преземат офанзива - да можеме да ги изненадиме. Сите востаници се под оружје. Неколку лица селани, намерно доведени во кампот, разнесуваат леб на востаниците. На секој востаник паѓа по пешник и половина, а сирење според случајот, кој што начека. Лебот е од чист планински 'рж, со кој се хранат мнозинството села од двете страни на Вич. Соодносот е повеќе од 10 оки, која тежина сите сметаме дека не е само излишна, туку и невозможна за носење во торбите, кои се подготвени за помала содржина. Повеќе од триста пешника леб остана неискористени и фрлени во вчерашниот логор. Поради претстојното заминување на одредот надвор од Костурско, наредено е секој војвода да извести за бројноста на својата чета, вооружувањето, муницијата и облеката. Овие податоци беа потребни да се види со што располагаме и каква сила воопшто претставуваме. Одредот е составен од центрови чети на Горна Корешта и Пополе. Имено, Блацката, Загоричката и Кономладската, пополнети беа со востаници од селата во Блацкиот, Загоричкиот и Кономладскиот центар, а во кои влегуваат одделно следниве села: Загоричкиот центар: Загоричани, Олишча, Б’мбоки, Горно и Долно Куманичево, Чурилово и Горенци. Блацкиот центар: Блаца, Черешница, Бапчор, Вишени, Шестеово, Апоскеп, Сетома, Тихолишта, Кондороби, Орман, Манјак, Костур и Прекопана. Кономладски центар: Кономлади, Жервени, Поздивишча, Дреновени, Габреш, Брезница, Статица, Турје и Черновишта. Бројноста, вооружувањето, муницијата и облеката на костурските востаници Горните центри дадоа на Костурскиот регион повеќе од 1200 души востаници кои земаа учество во борбите кај Клисура, Биглишта, Бигла, Невеска, Којнак, Гулин, Вишени, Локвата, Дреновени и др. Во текот на овие борби селските чети не заостануваа зад своите браќа од центровите чети и од овие борби тие излегоа вознемирени, поради што беа принудени да се припојат со центровите. Овие последните после 15 август (1903) почнаа да растат во една импозантна сила, која во моментов има следниов состав. Блацковата центрова чета 239, Загоричката 176 и Кономладската 207. Во моментов единицата брои 622 лица, под началство на Лазар Поп-Трајков и под војводство на: Иван Попов војвода на Блацката чета, Мати (Марко) Иванов, војвода на Загоричката центрова чита, Васил Котев, војвода на Кономладската центрова чета. Селски војводи беа: Димитар Чембера, Јордан Рашајков, Ставре - реонски раководител. Во така составената единица имаше луѓе со разен менталитет, интелект и занимање. Сите на возраст од 15-35 година кои можат да носат оружје влегуваа во состав на таа мозаична армија. Оружјето на единицата е следново: 103 маузерови пушки, 1 мартинки, 15 манлихерки, а останатите 597 пушки се "гра". Кон истите пушки има 7000 маузерови патрони, 60 мартинови, 920 манлихерови и 3520 патрони "гра". Кон горното вооружување, секој четник со пушка "гра" носи во торбата по една ока барут, 200 капсули, 100 куршуми, 1 бомба и две пачки динамит. Тоа е оружјето на одредот, со кое ќе се преземе напад на турските сили, каде и да ги најде, надвор од Костурско, додека со тоа не се попречува оперативниот план на одделни области. Облеката е униформа, но различно по квалитет и боја. Таа се состои од блуза и панталони. Блузата е со легната јака, а панталоните се до колена. Облечени сме со долги до колена чорапи и арнаутски опинци, опковани со клинци. Главата е гола, а за покривка имаме и гуна. Околу половината востаникот има „патрондаш“ на кој се наредени патроните, а на неговата лева страна виси мала кутија за вазелин (за чистење на пушката), пешкир, сапун и матарка за вода. Покрај горенаведеното облека и вооружување, секој востаник има на грбот торба (ранец) од два дела. Во првиот дел го чува резервниот вооружен материјал од бомби, динамит, куршуми, барут и капсули, а во вториот длабок дел држи резерви од неколку фелки пексимид (парчиња препечен леб), сол, обичен леб, според случајот и потребите, малку сирење, шеќер и често пати и печено месо. Во истата торба повеќе интелигентни четници, исклучително ученици, држат и неколку листови бела хартија, молив, тетратка или книги за читање. Духовната храна за интелигенцијата во одредот, која е исклучиво од ученици, е совршено запоставена. Иницијативата да се наоѓа во одредот некоја книга за читање е иницијатива на поединецот и никој не се грижи што читаш и кога читаш, под услов да не си стража. Таа е ретка и во целиот одред имаме за четиво три книги... Учебниците кои со ништо не им користат на учениците, им станале одвратни и кои учебници, според зборовите на Анастас Лазов траба да се дадат на јавно спалување... Воопшто, кажано библиотеката на единицата е ретка. Во најлоша состојба се наоѓаше санитарната служба. Сета таа маса од 622 лица, која востана беше оставена на својата судбина - "живеј или умри!" Среден пат меѓу животот и смртта не признава. Поимот "ленени крпи, сестри насмеани", црвен крст и докторски грижи за нас се утописки концепти од областа на литературата и фантазиите. Кога состојбата на повредениот востаник е безнадежна, излишно е тој да ја поддржува во себе верата за живот. Преферира минутно душевно концентрирање и водени од сознанието, се јавува она фанатична востаничка свест, која не признава компромиси меѓу срамот и животот. До еден од одредот претпочитаат да се самоубијат, отколку да паднат во турски раце. Тоа е нивно воспитување, тоа е нивно револуционерно разбирање, на кое не еден пат Костурско го дава својот данок. Во речникот на одредот слични термини како амбулантата и болници, разни доктори и милосрдни сестри не постојат. Добротворното влијание на оваа хуманитарна женевска институција која по бојот кај Солферино, ги поставува основите на Црвениот крст и се стреми да поднесе меѓу завојуваните повеќе хуманост, великодушност и човечност, нас не исклучува. Востаник е динамична сила која ги руши разбирањата на современата државничка власт и ги црта утрешните граници на континентот. За востаник и до денес не се најдоа луѓе со повеќе човечност и великодушност. За востаниците го нема Динан, го нема Нантешел, да го подигнат својот глас за правда и повеќе човештина... За нас ја нема Фон Сутнер (добитник на Нобеловата награда за мир 1905), го нема Џон Браун (се залагал за укинување на ропството), кои ќе ја разбудат јавноста. Го нема човекот кој во 1876 година ја канеше европската совест на суд пред најмалото дете во утробата на мајката. Затоа востаникот излегол на борбеното поле, вооружен не со модерното вооружување на современите армии, ниту пак со приспосбување за полесно и побезбедно поднесување на страдањата во таа борба, туку со единственото средство од кое најмногу се плашат тираните - смртта. Во целиот одред имаме само две санитарни торби, кои се разликуваат од другите по тоа што тие се кожени и дека по средината им е нацртан амблемот на Црвениот крст. А за содржината нема што да се зборува. Тоа е толку ништожна, така доколку се почитуваме себеси, соодветно би било да не се практикува. Во едната торба имаме неколку завои од ленена ткаенина, малку јодоформ и една мала пумпа за миење на раните, а во другата, освен тоа што го има во првата, има уште и малку соблимат за растворање според потребата. Тоа е аптеката на одредот. Борба за светото знаме И трите чети имаат по едно бојно знаме, доверено од револуционерните центри, кое ги претставува и пред кое сите востаници се заколнаа на верност кон идеите и целите на востанието. Под овие знамиња тие зеле учество во борбите кај Клисура, Биглишта, Бигла и Псодери, Кајнак, Гулин, Порта, Невеска, Вишени и др. Тие го пребродија неколку пати Костурско и од борбите во диплите носат дупки од непријателските куршуми. Загоричкото знаме е продупчено од три куршуми и едниот агол (десниот, долната страна) скинат, но не отцепен. Блацкото знаме продупчено е од седум куршуми и среде средината натопено со крв од борбите кај Гулин од убиените востаници Орлов Атанас и Сидов Андреј кои паднаа во борбата и врз чии тела, нивните другари, за да им оддадат почит, ги покрија за две минути со знамето. Кономладското знаме е продупчено од 18 куршуми, а една граната во борбата кај Бигла го раскина и однесе средишниот дел. И трите знамиња се уметнички изработени, дело на Костурски учителки од селата Смрдеш, Загоричани и Шестеово. По форма тие се еднообразни. Блацкото и Кономладското се со јасноцрвен фон од две платна, а аглите се украсени со срмени реси, а Загоричкото со темноцрвена позадина. По големина се различни. Загоричкото знаме е помало од останалите две. Кономладското знаме е со димензии (приближно) 1,10 метар на 1,50 м. На едната страна е извезана млада мома со раширена сабја во раката, а под нозете гази полумесечина. Блацкото знаме е по големина и форма еднакво со тоа на кономладското и со следнава содржина на неговите страни: паднат востаник, врз кого млада мома става венец, а од другата страна, со свилен конец е напишан: "Тој кој ќе падне во борба за слобода Тој не умира, него го жалат, небо и земја, ѕвер и природа и пејачи песни за него пеат ". Знаменосци на горните знамиња се следниве лица. На блацкото знаме е Христо Лексов од с. Кондороби, на кономладското - Новачко Котев од с. Кономлади, а на загоричкото - Ив. Калгатронов, од с. Загоричани. Знаменосците на првите две знамиња се од почетокот на востанието, а она на загоричкото е втор. Првиот знаменосец беше Гога Попхристов од с. Команичево, кој падна убиен во борбата кај "Кајнак" (14 август). Кон секое знаме и неговиот знаменосец се вбројуваат и по двајца асистенти кои ги придружуваат знамињата при големите приеми и борбите. Во време на борба знамињата се ставаат во средината на позицијата, опколени од знаменосците, нивните асистенти и сите четници. Во време на повлекувањето пред знамињата, оди засилена заштитница кој отвора пат, а по заштитницата ред четници. Според достапноста на четата, знамето одзади го обезбедуваат сите други четници. Целата чета во слични случаи е со вметнати ножеви на пушките, подготвени да ги стават главите само за да не го дозволат заробувањето на светињата на четата, знамето. И трите знамиња преживеале кризни моменти во кои посветеноста на востаниците ја спасиле честа на четите и знамето од заробување. При борбата на Бигла (4-ти август), каде што Турците како бесни напаѓаа да го заробат кономладското знаме, тоа беше спасено од 6 храбри востаници кои ги ставија главите и паднаа под ударите на Турците и во која борба, војводата на четата Митре Влаот, сам ги водеше бранителите на знамето кон смрт, додека и тој падна ранет, заедно со други 3 лица. Во борбата кај Кајнак, во која дваесет илјадна армија на Хусеин паша со забрзан марш ги зафати слабо заштитената позиција и ги принуди востаниците да се повлечат на цврсти позиции, падна убиен знаменосец Гога Попхристов и паѓа и Загоричкото знам. Но, тоа се подига од следните по него востаници кои потоа го изнесоа на безбедно место. Блацкото знаме се најде во уште поризична положба за време на борбата на Гулината на 14 август, во која Блацката чета беше испратена да даде отпор на настапувањето на непријателот кон Врбица. Цел час и половина се одбиваа нападите на Турците во месноста Дробоко, со надеж дека загоричката чета, која ја зазела Рамна, го штити нивниот грб. Настапот е застрашувачки, сепак еланот да се запрат Турците и да го спречат нивниот напад е неверојатен. Никој од позицијата не мрдна, а започна со една жестина и упорност, пред која турската настрвеност наиде на гранитен камен, на кој се разби. Залудна беше надежта на востаниците дека патиштата се во наши раце и дека ќе успеат да ги заштитат. Турците се појавија од зад грб на блацката чета и почнаа да ја заземаат Гулината, од каде беа решени да им нанесат пораз. Но навреме се забележани. Сепак востаниците се малку, а тие ги има безброј. Никаков куршум не ги плаши и се решени по секоја цена да го заземат врвот. Почна една трка, кој побрзо ќе стигне до новата позиција и ќе го спаси повлекувањето на четата. Секој насочил поглед, напор и стремеж што поскоро да се одбијат Турците од Гулината, која беа почнале да ја завземаат. Наредбата на војводата е излишно, инстинктот ја води целата чета кон единственото место за спасување и среде град од маузерови куршуми, востаниците одат со темпо на потребата на целта. Врвот е заземен, каде што веднаш започна ужасна истребувачка борба. Заштитниците на Гулината се едвај половина чета, со мал број од загоричката чета, кон кои се приклучуваат пристигнатите востаници од Дробоки. Во тој елан на четата да ја освои главната позиција се води борба гради в гради за спасувањето на знамето. Паѓаат убиени Циљо Младенов, Трајко Милевски, ранет во нозете е Андреј Сидов од Бобишта, Лексо е ранет во рамената, ранет во раката и самиот знаменосец и знамето се презема од востаник ... кој веејќи го знамето брза да го пренесе во главната позиција каде што се води огорчена борба, кој цели да ги задржи Турците до пристигнувањето на останатите востаници кои отстапуваат од првата позиција на Дробока. Смело држејќи го храбриот Хл. Шемшеваров оди меѓу град од куршуми. Паѓаат другарите од Загоричката чета: Атанас Орлов и Н. Грнчаров. Пред него е заседа. Остануваат малкумина. Во овој судбински миг за него и знамето тој се повикува на моќта на бомбата. Го симнува ранецот, вади од неа една пачка динамит и го убива Турчинот, а неговите другари бегаат. Знамето е спасено. Поимот за знамето во одредот е свето. Нешто вродено има во одредот за важноста на знамето и секој со гордост расправа за преживувањата низ овие епохални борби, кога четите имаа својот испит во однос разбирањата за непрокосновеноста на овие востанички светињи: Нека се гордеат Костурските учителки дека под диплите на нивните дела умираат со насмевка на уста младите великани. Тие во нивните дела и под диплите гледаат дека се раѓа слобадата на Македонија. Тихомир Каранфилов
|