Среда, 02 Септември 2015   
Тажно е кога враќањето на опозицијата во Собранието, зависи од притисокот од надвор

mane jakovleski 1Мане Јаковлески

По 16 месеци неоправдано отсуство опозициските пратеници предводени од СДСМ се вратија во Собранието. Седнаа во пратеничките клупи речиси истовремено кога и учениците во училишните клупи. За разлика од учениците, кои според училишен правилник согласно Законот, за неоправдано отсуство над 25 часа, наставничкиот совет изрекува остранување на ученикот од училиштето, кое го потврдува училишниот одбор, на опозициските пратеници не им беше одземен мандатот, туку редовно земаа плата.

Генералната проба за враќање во Собранието дел од опозицијата ја изведоа ден пред школското звоно, кога учествуваа на одбележувањето на соработката меѓу Собранието и Вестминстер фондацијата за демократија, а на кое свои обраќања, освен спикерот Трајко Вељаноски, имаа и координаторите на поголемите пратенички групи. Инаку, неколку дена претходно, опозициските пратеници заедно со тесното раководство на СДСМ, а во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ и со американскиот Национален институт за демократија, два дена во Берово го договараа идното собраниско дејствување. Можеби, тука научија што е демократија и дека таа се практикува низ институциите, а не на улица.

sdsm-pres-pred-sobranie-vrakjanje-vo-sobranie

Тажно е кога ќе сватиш дека опозицијата заради лични интереси на некои челници на СДСМ го напуштија Собранието и притоа предизвикаа политичка криза. Но, уште пожално е што за цело време додека седеа по кафулиња и правеа планови како да ја урнат партијата на власт, наместо да бидат казнети, редовно примаа платата за нешто што не го сработеле.

Шеснаесетмесечното отсуство на опозициските пратеници ќе биде осудено од македонската јавност, која смета дека е злосторство кон македонскиот народ, македонските гласачи, македонските институции, да земаш плата од македонските даночни обрзници, а за тоа да немаш направено ништо, ниту еден час да немаш одработено. Дури и голем дел од граѓаните членови или симпатизери на опозицијата не ги оправдуваа своите пратеници кои не доаѓаа на работа, а земаа плата.

Сето ова значи дека бојкотот беше неуспешен. На секого му беше јасно дека битката за демократијата и спротивставувањето на „лошите и штетни“ политики на власта, се води првенствено преку собраниската говорница.

За цело ова време во овие 16 месеци, опозицијата предводена од СДСМ настапуваше за некакво нејасно општо добро, а реално се занимаваше сама со себе. Патетично се обидуваше да му објасни на народот што е добро за него и истовремено без компас се обидуваше да ги наметне личните аспирации на оние кои носат одлуки во име на партијата.

Видливо е дека во СДСМ сеуште нема демократски капацитет и да не беше договорот од Пржино, односно притисокот од надвор, опозицијата сеуште ќе беше надвор од собраниските клупи. Тоа покажува дека опозицијата не се управува според вољата на граѓаните, туку според инструкциите добиени од надвор. Едноставно лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите најблиски соработници не го интересира народот, туку него го злоупотребува за постигнување на сопствените цели. Тоа граѓаните одамна го имаат сватено и затоа т.н. „бомби“ на Заев немаа никаков ефект.

За разлика од него премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, како и неговите соработници одамна го сватија значењето за единство со народот, за споделување на судбината со обичниот човек, кое беше изгубено ушто во времето на владеењето на СДСМ.

Покажувајќи државничка зрелост, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во текот на своето делување како премиер го поврати достоинството на зборот и ветувањата на народот ги поткрепи со дела. Се што ќе беше ветено пред народот и го исполнуваше.

Денес сме сведоци како актуелната Влада забрзано работи да ги спроведе ветените проекти, а премиерот Никола Груевски секојдневно е со народот, ги согледува и решава и најмалите проблеми. Од осамостојувањето на Република Македонија вакво темпо на еден државник во земјата не е видено.

Македонија заслужува да има премиер каков што е Никола Груевски. Се' за Македонија!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.