|
|
Барањата на македонските пратеници во османлискиот парламент |
Младотурската револуција со мноштвото свои реформи, идеи за прогрес и напредок на државата, сплотување на државата под новата но сепак преопштата за дадената ситуација национална референца османлиски поданик, требаше да гарантира повторно зајакнување и просперитет на Османлиската Империја и мир помеѓу сите чинители на милетот. Но сепак општествените струења тоа не го дозволија па предлозите и законите односно новитетите кои младотурците ги воведоа во државата не успеаа да одговорат на дадените барања. Младотурската политика во однос на Македонија, македонското население воопшто не се промени, со еден исклучок што со донесувањето на уставот на 24 јули 1908 година македонското население од двете меѓусебно спротиставени партии Бугарските конституциони клубови и Народната федеративна партија добија свои пратеници во османлискиот парламент. Пратениците беа: Димитар Влахов од Солун, Панчо Дорев од Битола и Христо Далчев од Сер,Тодор Павлов од Скопје итн. Во своите излагања во парламентот тие бараа пошироко автономија на Македонија, економска обнова како и подобрувања на социјалниот и економскиот живот во цела империја. Особено зборуваат за негаторскиот однос на младотурците кон месното население и последиците од донесувањето на Законот за четите со кој истите морале да се разоружаат и тоа предизвикало големиот број на четници поради силните репресии врз нив по разоружувањето да емиграат во Бугарија а исто така тие истапуваат со барања за враќање на македонското население кое емигрирало по 1903 година. Во документот Такрир подаден от българските депутати: Далчев, Дорев, Павлов, Влахов и арм. Вахан Папасиян до Отоманския парламент се опишува очајната состојба на населението кое живеело во сиромаштија и беда малтретирано од големиот број осветнички напади од страна на фанатизираните турци и притискано на економски план од големиот број на доселеници мухаџири кои имале привилегии кај османлиските власти врз грбот на македонското население. Подоцна во документот со наслов: ”Димитър Влахов от Кукуш, Христо Далчев от Кукуш, Тодор Павлов от Скопие и Панчо Дорев от с. Пътеле (Леринско) - "Мемоар на българските депутати против поведението на Младотурския режим към българското население" поднесен во 1910 година од младотурските власти се побаруваат: 1.Да се даде општа амнестина на сите четници 2.Имотите неправилно и незаконски дадени на мухаџирите да му се вратат на безимотното население 3.Да се дозволи враќање на македонското население во својата татковина( за бегалците од 1903 година) 4 Да се спречат насилијата врз месното население во Солун и околината 5.Ревизија на предметите од Воениот суд 6.Строго казнување на чиновниците поради злоупотреби на службените должности 7.Осигурување на личната слобода на населението и живеалиштето 8.Да се спречи делувањето на денационализаторските кампањи во Македонија. Со овие барања блгарските односно македонските депутати се застапувале пред османлискиот парламент (блгарски пратенци во суштина е називот за пратениците со православна веросиповест но под Егзархиска управа) бараат тотална ревизија и одново препоставување на младотурската власт поради недоследностите и нефукционалноста на истиот. Во однос на предзнакот бугарски депутати дури и самите пратеници искажуваат своевиден револт и подоцна во нивните спомени можеме да го сретнеме дека всушност се работе конкретно за македонски пратеници кои се застапувале за македонското население. Во прилог на ова одат и многубројните нивни искази и изјави од кои две за крај ќе ги наведеме. „Но во работата среде македонските Словени - егзархисти, револуционерните дејатели сретнаа голем отпор и силни пречки од страна на бугарската империјалистичка политика и нејзиниот орган бугарската Егзархија. Но треба да се одбележи дека тие македонски Словени, кои го признаваа духовното ведомство на Егзархијата, се чувствуваа како одделен народ...Тие македонски Словени беа пројавиле во текот на целиот XIX век стремеж да ја развијат својата култура на говорниот јазик на македонскиот народ на разни дијалекти. Многу од Македонците низ целиот XIX век, пред уште да биде образувана бугарската Егзархија и пред тие училишта да бидат раководени како последна инстанца од самата Егзархија, ги пишеа своите книги и преподаваа во училиштата на народниот македонски јазик.“ —Димитар Влахов, Мемоари, стр. 22 “Македонците се една интелегентна раса на која балкансите народи и ги должат своите најголеми луѓе, со својот слободоумен дух, култура која не е подолу од онаа на соседите....” -Панчо Дорев “За една автономна и независна Македонија за сите народности”петиција поднесена до конференцијата на мирот во Париз 1919 година
|