|
|
Денешните Македонци се вистински наследници на античките Македонци! |
Константинос Циулкас (Κωνσταντίνος Ι. Τσιούλκας) е грчки учител, филолог и писател од Егејска Македонија. Во 1907 година го издава речникот „Придонес кон двојазичноста на Македонците“, во кое го изнесува тврдењето дека над 4000 македонски зборови произлегуваат од древногрчкиот дориски дијалект. Со оваа теорија тој докажува дека денешните Македонци се вистински наследници на античките Македонци. Константинос Циулкас е роден во 1845 година во костурското село Горенци, во кое повеќето жители се Македонци. Се стекнува со основно образование во родното место, а потоа учи во гимназијата во Костур. По завршувањето на образованието учителствува во родното место. Во периодот меѓу 1865 до 1887 година заедно со лекарот Јоанис Сомос го раководат грчкото национално движење во Костурско. Член на Неа Филики Етерија (Нова Филики Етерија) формирана во 1867 година прво како Национален комитет. Како директор на грчкото училиште во родното село го одбива обидот да се воведе црковно-славјанскиот јазик во црковната служба. Во 1871 година, заедно со гркоманите од Костур, го протерува македонскиот преродбеник Георги Костадинов Динков, поради воведување на народниот јазик и употребата своите учебници во будителската дејност во костурскиот реон. Во 1875 година добива стипендија и студира филологија на Универзитетот во Атина. Во 1879 година бил назначен за директор на битолската грчка гимназија, но, во 1889 година е отпуштен заради револуционерна дејност по што заминува и живее во Александрија. Меѓутоа, Циулкас кој покрај грчкиот добро го познава македонскиот јазик, за да се спротивстави на бугарската пропаганда во Западна Македонија се користи со тезата дека македонските славјански дијалекти се поврзани пред се со древно грчкиот јазик, а не со бугарскиот јазик. Во 1907 година во Атина издава речник „Придонес кон двојазичноста на Македонците преку споредба на славофонскиот македонски јазик со грчкиот“ со над 4.000 зборови од македонските дијалекти, кои според него потекнуваат од дорскиот древногрчки дијалект. Циулкас, човекот од македонското село Горенци, образован на Универзитетот во Атина, на 350 страници се обиде да докаже дека славофонскиот македонски јазик не бил бугарски, туку антички дијалект. Фокусирајќи се на фонологијата, синтаксата или морфологијата на слафонскиот македонски јазик, тој докажува дека клучните елементи на македонската лексика не се од славјанско, туку од грчко античко потекло. За да докаже дека јазикот на македонските славофони е поблиску до античкиот грчки, отколку до новогрчкиот јазик, тој прави анализа на над 4.000 зборови. Тој открива и поткрепува дека македонскиот јазик содржи повеќе од над 1000 Хомерови концепти и од секој може да се произведе многу зборови. (Не случајно се врти тезата дека Хомеровата Илијада и Одисеја биле напишани на македонски јазик со македонско писмо). Во заклучокот на Циулка стои дека славофонскиот македонски јазик е автохтон и мајчин јазик на античките Македонци. Циулкас умира во 1915 година, но, неговата книга е реиздадена во 1991 година и останува неговата теорија со која тој докажува дека денешните Македонци се вистински наследници на античките Македонци.
|