|
|
Најдобар е мнозинскиот модел за избори |
На преговорите меѓу четирите најголеми политички партии во нашата земја, од македонскиот и албанскиот политички кампус (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА), кои се одвиваат со посредство на меѓународниот фактор, истите не можат да се договорат за начинот и спроведувањето на изборниот модел за наредните вонредни парламентарни избори, кои, според договорот од Пржино, треба да се одржат при крајот на месец април, идната година. Имено, опозицијата на чело со аболицираниот лидер, Зоран Заев, предлага Македонија да биде една изборна единица и да нема пратеници од дијаспората. За разлика од нив, владејачкото мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ревносниот премиер Никола Груевски, предлага мнозински модел и победничката партија да добие плус 17 пратеници, со што ќе се постави стабилна влада, која ќе може стабилно да функционира и да ги исполни своите ветувања во еден четиригодишен мандат. Во оваа прилика, само за илустрација, во Македонија за време на одржувањето на локалните избори, успешно функционира кнозинскиот модел на гласање, каде домицилното население во конкретниот случај во мојот роден град Прилеп, може да направи дистинкција во поглед на програмите на главните политички опоненти, кои ја водат битката за татко на градот под Марковите Кули. Па така, трипати, едноподруго, актуелниот и ревносен градоначалник, забележува три убедливи победи на локалните избори против социјалдемократските кандидати, Пирганоски, Петрески и Локвенец. Најсвеж пример се последните локални избори, одржани во март 2013 година, каде проевропски ориентиран иот Ристески, убедливо го победи универзитетскиот професор и приватен бизнисмен Хари Локвенец со преку 10000 разлика на гласови. Иронијата да биде уште поголема, само по 365 дена, истата губитничка личност Хари Локвенец, на вонредните парламентарни избори, осржани во минатата година по пропорционален модел, како носител на ИЕ 4 се избори да седне во пратеничките клупи. Значи, без ниту еден реаализиран проект за 365 дена и без понудена програма, каде плавите момлиња повторно загубија, а со помош на Донтовиот модел, Локвенец и Сугарески обезбедија место в о законодавниот дом. Според мое мислење, најдобро е, при избор на пратеници во закон0давниот дом, да се применува мнозинскиот модел. Во спротивно и во иднина ќе имаме личности, кои губзт на локални избори со мнозински модел, да го претставуваат истиот електиорат, кој исто гласал. Лалп ма локални, така и на парламентарни избори ( по пропорционален модел), да седнат во пратеничките клупи и да ги застапуваат интерсите на своите сограѓани, кои во актуелниот момент, го даваат гласот на актуелното мнозинство. Тоа мора дасе ртегулира час-поскоро. Во спротивно ќе имаме диспропорци на дадениот глас на еден избирач на локални односно парламентарни избори.
|