|
|
Балканот и пред 100 години беше маршрута на бегалците |
Западот и Америте не можат да живеат без репризи на нивните мизерни финти со апокалиптичен крај. Креираат кризи и војни, па после глумат како Цацко да ги тераше и на крај дај да ве спасиме и помогнеме од сите неприлики и на крај ќе ви наплатат дебело за тоа. Главна улога како и пред 100 години се бегалците, така јубилејно и трогателно. Па кога овој мизерен свет ќе се освести од истите филмови и актери, режисери и "текстописци"? Балканот и пред 100 години беше маршрутата на бегалците, сега повторно истата песна, само каскадерите се од Блискиот или Далечен Исток, сеедно... До кога? Сега овие бегалци мора да бидат наменски, за крајна употреба, да ја докрајчат и да ја држат Европа покорна, а Америка да се надева дека на тој начин ќе егзистира, преку нив да направи војна од нуклеарен карактер и да се спаси од долгот што треба да го плати кон Кинезите. Да се разбереме, бегалци муслимани во Европа и нудење на саудискиот крал финансии за 200 џамии да се изградат во Германија во чест на бегалците што им ги тутнаа, значи игра на големи нерви. Со затворањето на границите во Германија, Австрија, Унгарија и другите, се наметнува прашање колку е тоа лошо за Македонија? Една добра работа направи Западот што ја осиромашуваше Македонија последниве сто и кусур години, што овие сега не би седеле во Македонија, затоа што им треба германскиот стандард и лесноумните Европејци од кои ќе живеат на нивни грб. Дали треба да бидеме генијалци за видиме дека, бегалците, Специјален Обвинител во Македонија, пет претседатели т.е. премиери во Австралија сменети за последниве пет години, како и слични егзебиции низ светот... Сето ова е масло на онаа страна од барата западно од кај Вас и источно од кај нас? Па после се чудат и лутат Јенките зошто е Путин толку популарен и сите погледи се свртени кон Русија и Кина? Претераа ептен. Од Марксизмот како предмет што го учев во Гимназија, никогаш нема да ги заборавам зборовите на Маркс дека капитализмот ќе пропадне од капиталисти индивудуалци кои ненаситеноста кон профитот и богатсвото ќе ги уништи засекогаш. Разликата во платите се десетици милиони наспрема дваесет-триесет илјади. Тоа се причините за појава на бегалци и војни. Трпение - спасение рекле старите. Ќе им дојде крајот наскоро на јавачите на апокалипсата. |