Среда, 16 Септември 2015   
Георги Сотиров ја побива грчата историја

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Георги Сотиров во времето на „зрелиот“ социјализам емигрирал во Канада, каде што завршува и издава повеќе дела од истражувањата од бугарската античка историја. Во 1986 година во Канада го објавува истражувањето „Јазикот на Константин Велики“, заедно со монографијата „Elementa Nova Pro Historia Macedono-Bulgarica", G. Sotiroff, Regina, Lynn Publishing Co., Saskatchewan, Canada, 1986. Истражувањето е насочено кон откривање на информации за јазикот, обичаиите, системот на имињата и другите културни слоеви поврзани со античките Македонци, кои создале обемна држава во 5-4 век п.н.е и дале поттик на сите цивилизации меѓу Рим, Египет и Индија. Книгата преставува зборник од различни статии на Г. Сотиров, вклучувајќи ги „Јазикот на Констанмтин велики“, Орбини и Одисеј во Огигија- Преслав“, Предкирилската писменост во славјанските земји“ и „Имињата на паганските божества“.

Втор придонес за древната историја, Сотиров прави со својата книга „Убиството на Јустинијановиот идентитет“, во кој авторот успешно го брани хрватскиот бискуп Иван Т. Марнавиќ (1580 - 1637) кој е нападнат од современите историчари за резимето на житието за Управда / Јустинијан напишано од неговиот учител отец Богомил. Поаѓајќи од првичните извори и преку помошните средства на ономастиката Сотиров не само што успева да го ослободи Марнавиќ, туку и да посочи на значителни грешки, како фактолошки, така и методолошки во вледеачката историографија.      

Георги Сотиров исто така ја истражува прадревната писменост на Балканот. Во книгата „Кому му припаѓа линеарното Б“, тој ја разгледува интеракцијата меѓу затекнатите наши претци трако-пелазгите (на место насловени Фриги) и првите елински доселеници за времето на Хомер. Тој е еден од оние истражувачи кои сметаат дека древните Македонци и Траките се исти Славјански племиња кои на Балканот живеат многу пред да се населат Елините и дека до денес го задржале својот јазик.

Сотиров во „Јазикот на Константин Велики’ меѓудругото ни ги дава следните информации:

„Во својата книга, насловена "De Magistratibus", Јован Лидијски (Ioannes Lydus) објавува дека Константин Велики напишал на својот мајчин јазик (οικεια) неколку "Беседи" кои тој ги оставил на потомството. Внимателно избегнувајќи да утврди кој точно бил родниот јазик на Константин, Лидијски, намерно или не, ни остави една нишка. Очигледно Константиновиот "домашен" јазик не може да бил грчкиот; инаку придавката "οικειοs" е несоодветна, дури збунувачка. Ниту пак Латинскиот можел да биде мајчин јазик на Константин. За да го означат латинскиот јазик на друг начин, освен со неговото име, византиските писатели во повеќето случаи ги користеле зборовите "πατριs φονη" ("татковински, татков јазик").

Лидиецот ја пишувал својата книга некаде помеѓу 551 и 546 година по Хрста, кога латински јазик во Константинопол бил во целосно повлекување. За самиот Јустинијан се вели дека е зборувал лошо латински (расипан латински), а грчки како варварин. Тоа беше два века по смртта на Константин. Логично е дека во овој период во Константинопол имало луѓе кои можеле да читаат латински и / или грчки, и такви кои можеа да ги читаат Константиновите "Беседи" напишани на неговиот "домашен јазик". Лидиецот нејасно навестува дека во негово време латинскиот бил истиснат надвор официјалните дела. Но, од кој друг јазик?

Постојат обилни посредни докази дека Константин Велики бил Тракиец, но постојат и доволно директни податоци за тоа, имено: 1). Дедото на Константин - Евтропиј (Eutropius), бил Тракиеец од Дарданија; 2). Самиот Константин бил роден и одгледан во Ниш (Naissus), тракиски (дардански) град; 3). Тој се стекнал со образование во Никомедија - тракиски град, во дворот на Галериј(Galerius) - тракиски император (управител?), Роден во Сердика (денешната Софија). Галериј не се чуствувал како Римјанин и за него се сметало дека дури не помислувал за името на империјата да ја користи придавката "римска", туку ја заменувал со "дакска" - Дакија (Dacia), во тоа време една од неколкуте големи тракиски провинции; 4). Јулијан Отстапник, внук на Константин, неколку пати се изјаснува дека неговото семејство е тракиско, од Мизија (Mysia); 5). Самиот Константин го пресели главниот град на империјата далеку од Рим - во Византион (Byzantium), во срцето на Тракија; 6). За него се вели дека основал "во земјата на Скитите" четири града, имено Перстлаба (Persthlaba; исто Перстлава - Бел. прев.), Плискуба (Pliscuba; исто Плиска, Плискоба - Бел. прев.), Констанца (Constantia ) и Дристра (Dristra) .

На нас сепак ни се вели дека тракиски јазик исчезна, како и самите Тракијци. И како тоа, кога Тракијците никогаш немале книги, да се каже дека јазикот на Константин бил тракиски. Во тој случај би било сеедно да се замени една непозната величина со друга. И така, би било навистина, ако можеше да се докаже дека Тракијците и нивниот јазик се исчезнати. Сепак, врз основа на истражување, ова истребување ќе покаже нешто полошо отколку едно неоснованао тврдење: тоа паѓа во бесрамна спротивност со бројни сведоштва.

Разбирање на овие докази претпоставува кратка размисла над едно набљудување, направено од Херодот (Herodotus). Тракијците, вели Херодот, "имаат многу имиња, во зависност од нивните соодветни области". Се разбира, вистинската Тракија и до ден денешен е името на област, оградена од Стара Планина (Haemus) и Егејското Море. Но, луѓето кои живееле на север од планината Хемус, во Мизија, исто така се сметаат за Тракијци, бидејќи говореле ист јазик. На истата основа терминот Трак (ијски) бил користен како вообичаено име за луѓето кои живееле во Витинија (Bythinia), односно во азискиот дел, исто како и за луѓето северно од Дунав, односно оние во првичната Дакија (Dacia, која исто така се нарекува Готија - Gothia). Меѓу Тракијците, често споменувани од античките историчари, најмногу истакнати се Пајоните, Фриги (јци) те, Мизите, Македонците, Одрисите, Бесите и Готите.

Огромен напори се вложени од некои современи научници, за да замагли народноста на тракиските народи. Ова нè принудува одблизу да погледнеме на оваа тема, почнувајќи евентуално со Пајоните.

Овие луѓе биле познати на Херодот, кој релативно обемно зборува за нивните обичаи. Петстотини години подоцна Страбон (Strabo) истакнал дека Пајонците живееле од двете страни на реката Вардар (Axius). Многу Пајонци сепак живееле на север. Дион Касиј (Dio Cassius), човек со сите предуслови да го знае тоа добро, бидејќи некое време бил гувернер на оваа провинција, пишувал дека Пајонците "живеат блиску до Далмација по продолжението на самиот брег на реката Истар (Ister), од Норикум (Noricum – територија на денешна Австрија и Словенија) до Мизија (Moesia). . . ". Тоа беше двесте години по времето на Страбон.

Уште 350 години потоа, Јован Лидијски објаснува дека вистинското име на покраината беше Панонија (? Бановина - Г.С.), "која Грците ја именуваа Пајонија (Paeonia), нагласувајќи го името со цел благозвучие и за да избегнат една варварска вербална форма". Јован Цеца (Ioannes Tzetzes), пишувајќи речиси 600 години по Лидиецот, не забележал дека овие луѓе се исчезнати. За него тие си биле таму, како и пред тоа..

Други познати Тракијци биле Фригијците. Според Страбон "Brygi, Bryges и Phryges се истите луѓе". А на друго место: "А самите фригијци се ... народ тракиски. . . ". Во еден фрагмент (№ 25) од својата Книга седма, силно искривени од мафијаши, кои очигледно се мачеле да уништи што е можно повеќе сведоштва за Тракијците, Страбон се повикува на Херодот, чиј зборови се: "Според преданието на Македонците, Фригијците, во времето кога престој им била во Европа и жевеeли со нив во Македонија, носеле името Бриги; но при преместувањето во Азија тие смениле името во исто време, како и местото на живеење."

Мизите (Mysi, Moesi) биле пак тракиски народ чии населби ги исполниле областите меѓу Дунав и Стара Планина (Haemus), како и Витинија (Bithynia) на источната страна на Босфор (Bosphorus) и егејскиот брег на Мала Азија (Asia Minor ). По прашањето за народноста на Мизите Страбон е премногу категоричен. Мизите во Мала Азија, вели тој, се Тракијци ", кои сега живеат меѓу Лидијците и Фригийците, и Тројанците". И на друго место: "Земјата северно од Пергам (Pergamum) се држи во поголемиот нејзиниот дел од Мизите." И повторно: "А Грците ги сметаа Гетите за Тракијци. Гетите пак живееја од двете страни на Истар, како и Мизите, бидејки беа Тракијци."         

Идентификацијата на Македонците и Тракијците исто е неоспорна, иако начинот на именувањето од автор до автор да е различен.

Полибиј (Polybius) ги нарекува Тракијците и Македонците ομογενεs, односно луѓе од ист народ, род или раса. Плиниј (Pliny) зборува за Мизо-Македонци во Мала Азија, кои "се собрале (conveniunt) во Ефес". Апиан (Appian) ги нарекува Синтите македонско племе; Страбон ги нарекува Тракијци. И двајцата, се разбира, се во право.

На почетокот на II в. по Христа, Дион Хризостом (Dio Chrysostom) забележува дека населението на Никомедија (Nicomedia) се состоело од "водечките меѓу Грците и Македонците". Во тоа време Никомедија била најголемиот град на Витинија. Тој бил основан, вели Павсаниј (Pausanias), од Зипет (Zipoetes) - "Тракиец по род, судејќи по неговото име". Страбон објаснува дека "Витинците... го добиле ова ново име од Тракијците... " и го покажува Никомед III како" Витинец". Четири века подоцна Зосим (Zosimos) се потпираа на едно пророштво во кое Никомед II (Nicomedes II) е титулиран како "тракиски крал", додека Јован Малаја (Ioannes Malalas) вели дека Никомед I бил "од македонски потекло". Од интерес во оваа врска се неколку "литературни" факта. Еврипид (Euripides, Rhesus, 404) смета дека Тројанци (Фригијците) се од ист род или раса, како Тракијците од Македонија.

Други сличен пример е доведен од Конон (Conon). Во својот 46-ти расказ, Конон зборува за Орфеј (Orpheus), кој "царува над Македонците и земјата на Одрисите", потоа препраќа до "жителите на Тракија и Македонија" и кон "група Тракијци и Македонци, оди заедно кон Либетра (Leibethra ) ", каде се смета дека Орфеј умрел од рацете на" жените на Тракија и Македонија ".

Еврипид и Конон може да имаат напишано само за забава, но Павсаниј, современик на Конон, се труди да даде точен опис на Грција и нејзиниот систем на знаење. И според него, Орфеј бил Тракиец, додека пет века подоцна Јован Малала го нарекува Орфеј "најпознатиот лирски поет, Одрис од Тракија"...

Потеклото на името Македонија (Macedonia) исто така има некој однос кон нашата тема. Според едно предание (некои преферираат да го нарекуваат легенда) египетскиот цар Озирис (Osiris), подоцна назначен од свештенички каста во ранг на бог, имал два сина - Анубис (Anubis) и Македонија (Macedon). Вториот бил оставен по аманет на неговиот татко за гувернер на Македонија, порано наречена Емат (Emathia), и од него таа го добила своето име.

Од таблици, останати од Манетон (Manetho) и достигнати до нас, може да се пресмета дека Македон царувал околу 2326 година пр.н.е.  Хезиод (Hesiod), како добар грчки поет, го "дарува" Македон со грчко педигре. Тој го прави син на Зевс (Zeus) и Тија (Thyia), ќерката на Девкалиион (Deucalion) . Од друга страна, Хеланик (Hellanicus) сметаат дека Македон бил син на Еол (Aeolus), кога Македонците ја "населувале земјата заедно со Мизите".

Независно од толеранција на грешките при сортирањето на пресметување на античките хроничари во однос на овие настани, името Македонец треба да е познато насекаде низ Истокот во времето на Тројанската војна. Зошто тогаш тоа не се споменува од Хомер (Homer)?

Никој досега не понудил задоволително објаснување. Сепак, имајќи во предвид фанатичната желба, со која грчките писатели се стремеле да разубават некои "варварски" имиња, така што да ги направи пријатни за чувствителните атински уши, ние сме спремни да направиме едно "помирување". Хомер можеби не се грижел да признава дека без помош на некои Македонци, Грците требало да бидат уништени пред ѕидовите на Троја. Затоа веројатно како тој, така и некој друг како него не е мислел да ги заменува Македонците со Мирмидонците. И се случило токму така, дека за Јован Малалл Хомеровите Мирмидонци биле идентични со оние Тракијци, чија татковина некогаш била во Тесалија - област во Македонија...“

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.