Среда, 23 Септември 2015   
Сотиров: Атенеј посочува дека многумина писатели од Атика ги користат македонските идиоми

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Георги Сотиров е по потекло од Бугарија. Тој во своето истражување за јазикот, обичаиите, системот на имињата и другите културни слоеви поврзани со античките народи на Балканот дава податоци и за Македонците, за кои тврди дека се славјани. Во своето дело за „Јазикот на Констанмтин Велики“, тој ги преставува Македонците дека се Тракијци, кои опстанале до денешен ден и дека тие се денешните Бугари, а нивниот јазик за бугарски. Во продолжение на текстот „Георги Сотиров ја побива грчата историја“ од преходната среда, ги издвојуваме најинтересните детали кои со поврзани за Македонците.

На кратко ќе се навратите на неговиот опис за Готите, кои живееле меѓу Дунав и Карпатите, иако имало гетски населби и јужно од Дунав. За нив, како што вели Сотиров, долго време се водела моќна кампања да бидат преставени како дел од германскиот народ. Според него, „оваа теза треба да одфрли“, бидејќи „секоја и најмала информација која ја имаме за овој народ говори дека Гетите, ... не биле ништо друго освен тракиски народ“, а „тракиските народи никогаш не престанале да постојат. Тие никогаш не ја изгубиле својата сила“.

Анализирајќи ги изворите, Сотиров нели: „готскиот јазик се слушал во Константинопол и во многу делови на Италија, каде што некои готски клирици изгледа можеле да пишуваат на него. Очигледно не можеле да пишуваат на латински. Како аргументи тој наведува дека уште Херодот, посочил постоење на тракиски оракулски таблици, а Овидиј го запишал фактот дека ја напишал поемата на јазикот на тракиските Гети. Исто така говори и за Фотиј кој раскажува дека еден писател VII век од нашата ера, ги користел тракијските книги, како и тоа дека Константин Велики ги пишувал своите „Беседи“ на родниот јазик, односно на тракиски.

Одговорот на прашањето дали древните Македонци, кои ја создале најголемата империја, имале свое писмо, можеме да го побараме кај Сотиров. Авторот кој смета дека Македонците и Траките се два сродни славјански народи, за тоа што се случило со нивното писмо вели:

„Старите тракиски книги биле "успешно" целосно уништени од верските фанатици и други сурови луѓе кои многу пати се обидуваа да ги уништат и самите тракиски народи. Но тракискиот јазик преживеал низ вековите, како и самата тракиска писменост. Сите сомнежи во врска со овие прашања, се распрснуваат за секој кој се потруди да се запре за момент врз сведоштвото на Теофилакт Симоката (Theophylactus Simocata/ прва половина на VII век)

Симоката кој пишувал во VII век, на два пати изјавува дека славјанските народи од неговата ера се исти со оние кои во претходните времиња беа нарекувани Гети. Тоа биле народите, на чие богатство се восхитуваат Херодот, чија медицинска наука ја ценел Платон (Plato) и чија војска еднаш го победила Филип II, а подоцна и силите на Лизимах (Lysimachus). Следствено на тоа јазикот на Константин Велики бил славјански дијалект.

Тоа дека Константин Велики зборувал на славјански дијалект, е потврдено од страна на бројни лингвистички податоци за оние кои сакаат да го видат тоа. Со оглед дека е способен да го види тоа, човек треба пред сè да разбере дека јазикот, оставен сам на себе, се менува многу бавно. Павзаниј (IV.27.9-11) запишал една раскажувана случка. "Скитање на Месинците надвор Пелопонез продолжиле 300 години", напишал тој, "во време во кое е јасно дека тие воопшто не се отстапиле од своите локални обичаи и не изгубиле од својот дорски дијалект, а сè до дури до денешен ден го сочувале најчистиот дорски во Пелопонез. "Брзите промени стануваат само кога два или повеќе народот, кои зборуваат различни јазици, одеднаш се соберат заедно. На овој начин тие се принудени да развијат некој импровизиран систем за комуникација. Затоа хибридните јазици, како романскиот, францускиот и англискиот, имаат шизофренична лексика и едноставна граматичка структури во споредба со јазиците, од кои тие потекнуваат. Јазик, кој е избегнал таков вид уништување, може исто така да презема зборови и граматички форми, но во многу помала мера поради бавноста со која коегзистирачките јазици имаат тенденција да навлегуваат еден во друг. Упатувајќи поглед кон најстар ... документ - "О писмени" на Црноризец Храбар, ние добиваме претстава за антиката на (славјанскиот н.з) јазик. "О писмени" датира од крајот на IX век...Сепак, секој образован (Македонец, Бугарин н.з) може да го прочита без особени тешкотии. Нема причина да се сомневаме во тоа дека (пред повеќе од 1000 години) пред времето на Храбар, јазикот кој се зборува во Мизија и во останатите делови на Тракија, бил речиси ист. Во текот на овие векови, се извршиле ограничени, но индикативни заеми помеѓу грчкиот и (славјанскиот) јазик, кои се во состојба да не научат на следното.“

Говорејќи за близината и взаемното дејство на македоснко-тракискиот и грчкиот јазик, Сотиров во овој дел ќе напише:

„ Тоа, дека тракискиот (славјанскиот) позајмувал од грчкиот јазик, никој не би го спорел. Но, колку грчкиот позајмувал од „варварските“ соседи на север? Дион Кризостом ни соопштува дека самиот Хомер" користел многу варварски зборови...".Платон исто така знаел за такви заеми. "Претпоставувам", пишува тој, "дека Грците, и посебно оние во во земјите кои се наоѓаат под власта на варварите, зедоа многу варварски зборови (ονοματα)". За Трако-Македонците, бидејќи се најблискиот "варварски" народ до Грците и практично живеат измешано со последните на југ дури до Пелопонез, е сосема нормално да се среќаваат трако-македонски зборови во грчката лексика.“

Атенеј (Athenaeus) го насочил вниманието на своите читатели на овој факт. "Многумина писатели од Атика" - вели тој – ги "користат македонските идиоми како резултат на комуникацијата со нив". Пенетрација на славјанскиот, односно тракиските ... зборови во грчкиот речник може да се набљудува најзгодно при говорењето наназад.

Затова Теофилакт (Theophylact), грчки епископ на Охрид во времето на византијското владеење (ок. 1110 г. по Хр.), искористил много славјански (македонски н.з) зборови (στρουγα,, πλανινα, οτρωτζινα).

Пред него, околу средината на Х век, Константин Порфирогенет (Constantine Porphyrogenitus) користел славјански зборови, како δρουγγαριοs, ζακανον, ζουπανοs and κραβατοs. A. Bailly вели дека последниот збор κραββατοs е позајмено со нејасно потекло. Liddell и Ascott (понатаму во текстот второ име е напишано и на друг начин.) Сметаат дека ова е македонска збор, што е и во реалноста. Најдеме изведенка на овој збор (κραββαταρια) односно во VII и VI век.

Во гетскиот танц опишан од Порфирогенет во неговата "Книга за церемониите", се откриваат некои славјански зборови, како βελε и βικη, ιδε, ογυν и τουλ, што означува "(тој) вели", "(тој) вика", "(тој) иде ", "оган" и "треперат".

... Значи ние постепено се враќаме кон периодот кој му претходи на усвојувањето на кирилската азбука... Листата на славјанските зборови во грчкиот речник може да биде проширен.

Кај Хајкиј (Heychius, V в. по Хр. - вероватно се мисли на Хесихиј / Hesychiusод Александрија кој составил речник на слабо користени зборови на старогрчкиот јазик) го наоѓаме зборот ζελκια која бива објаснет како фригијски за "зеленчук". Овој збор е особено жив во современиот бугарски (македонски н.з.) јазик и значи "зеле", "зелка". Од Диодор Сикул (Diodorus Siculus) (Диодор Сицилијски?) можеме да научиме дека 'Εστια била тракиска (гетска) божица. Таа била меѓу најпочитуваните божества во Рим под името Веста (заштитничка на огништето, домот и семејството н.з.) и нејзините верници верувале дека таа открила како се градат и опремат домовите. Со други зборови, таа била жена со знаење, на славјански "вешта". Соодветствува очигледно со "невеста", што во сите славјански јазици значи "Невеста", "вереница", т.е. млада жена, која треба да биде посветена во уметноста на семејниот живот.

... Една позајмица, на која досега не и беше обрнато доволно внимание, е βολαι. Таа се среќава кај Прокопиј, кој објаснува дека во "минатите времиња" така биле нарекувани породилни болки / маки. Зошто итриот Прокопиј не го цитирал својот извор или на друг начин да ни овозможи да отгатнеме на кои "минатите времиња" тој имал на ум? Зашто ако беше го сторил тоа, тој мораше да признае дека "во минатите времиња" жителите на Евбеја (Euboea), каде зборот е запишан, говореле славјански (тракиски), во кој зборот "боли" е секогаш значело болки, и тоа не само породилни. Но, на Прокопиј не му било грижа да го знае тоа.

Еден испитан обид да биде преправено тракиското (инаку наречен славјански) потекло на еден грчки збор - име на една паганска божица - може да се забележи кај Јован Лидијски. Еве како лидиецот продолжува со неа: "Земјата била нарекувана θεμελη ("основа"), а бидејќи сè што е основано, положено во неа; поетите и писателите, менувајќи буквата Σ, ја нарекувале Σεμελη". Лидиецот или не знаел или не сакал да знае дека јазикот на соседните "варварите" Земља значи "Земја/та", а темели - "основа", што е исто значење на овој збор во денешниот славјански јазик.

Друг лексички куриозитет претставува грчкиот збор δελτοs (таблица, штичка за пишување). A. Bailly вели дека етимологијата и е недефинирана. Liddell и Scott велат дека името доаѓа 'од буквата Δ ("делта", старата форма на штичките)". Триаголен штички за пишување се наоѓаат само во речници. Вистинските се правоаголни. За да се разбере ова, секој треба да знае дека потеклото на овој збор е од славјанскиот ДЕЛКАМ што значи "парче", "исечено", "издлабено" или "правам", "вршам"...

Имаме исто така и поразувачкиот случај со името на локалитетот Нестане, кој мистериозно е избегнат од погледот и на античките и современите филолози. Павзаниј истакнува дека во Аркадија тој поминал покрај урнатините на село, наречено Νεστανη, блиску до кое Филип II Македонски некогаш го направил својот логор. Еден поглед на овој збор е доволен за да нè убеди дека пред нас е случајна транскрипција на старославјанскиот збор „на стан“, што означува „на стан, во логорот, во бивакот". Νεστανη нема смисла во грчкиот јазик. Павзаниј требало да ја запише како ја чул од некој локален човек.“

Сотиров во ово дел ќе заклучи дека „зборовите дискутирани досега се опишани од лексикографите како фригијски, како можни македонски, како варварски, древни или со непознато потекло. Тие имаат едно нешто заедничко: тие се сосема живи во современиот бугарски јазик (македонски јазик н.з.).

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.