Среда, 30 Септември 2015   
Питер Фејт треба да заврши некаква недовршена работа од 2001г.?

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Американскиот дипломат Питер Фејт кој беше еден од посредниците во 2001 година, на повик на ДУИ повторно се појави на политичката сцена во Македонија. Тој бил повикан како експерт кој ќе го анализира досегашното спроведување на Охридскиот рамковен договор.

Питер Фејт во понеделникот се појави на состанокот на работните групи за спроведување на договорот од Пржино во Клубот на пратениците во Скопје. Тој бил повикан од ДУИ за да го анализира спроведувањето на Рамковниот договор од Охрид, што е обврска од договорот во Пржино. Тоа значи да се разгледаат прашањата за соодветна застапеност на Албанците во државната администрација, употребата на албанскиот јазик на локално и државно ниво. Исто така и етничкита поделба на трите најважни функции во државата, како што се претседател, премиер и претседател на Собранието.

Меѓутоа, досегашното искуство покажува дека меѓународните преставници не учат да го правиме она што најстрого е забрането во нивните држави.

Само да се потсетиме на 2004 година. Тогаш Законот за територијалната организација беше донесен што беше во спротивност со Европската повелба за менување на општинските граници, во која јасно се вели дека такви одлуки се носат во согласност со вољата на граѓаните. Во Рамковниот договор од Охрид јасно се вели дека ревизијата на општинските граници треба да се направат со согласност на жителите на тие општини. Но, тогаш велеа дека референдум против новата територијална организација е против или го оспорува Охридскиот договор. Додека СДСМ правеше политички пазар и без пардон го спроведуваше спротивно на интересите на македонските граѓани, од страна не опоменуваа дека ако се спротивставиме некој може повторно да се налути, да земе пушки и да излезе во планина.

Во тој контекст интересно е да се проследи консолидацијата и зајакнувањето на албанската заедница во Македонија, во последните две и пол децении. Во целиот тој процес битен момент е слабоста на македонскиот политички фактор, неговата поделеност по виталните интереси, како и корумпираноста во македонските државни структури. 

Во почетокот на деведесетите години, од традиционалниот начин на живеење се изнедри и првото партиско политичко организирање на албанската заедница. Партијата на етничките Албанци од Македонија редовно учествува во политичкиот живот од самото осамостојување на земјата, со што се стекнуваат првите искуства на практикување на власта.

Меѓутоа, уште на почетокот се јавија првите знаци дека албанската заедница размислува да оди по други патеки. Со референдумот за „Илирида“ тие направија напор да се исцрта територијата на Албанците во Македонија. Во тој период тие сеуште не беа закана за Македонија, но, тие потоа забрзано почнаа да работат на создавање на интелектуална и бизнис елита. Во 1994 година се воспостави и парауниверзитетот во Мала Речица, но паралелно се создадоа услови за запишување на студенти од албанската етничка заедница на Универзитетот во Скопје. Почнаа да се создаваат и разни здруженија на албански интелектуалци, а актуелна стана и Исламската верска заедница

Настаните во Албанија во 1996 година беа причина големо количество оружје да биде изнесено од касарните и истото на пат за Косово да остане во Македонија. Ова оружје беше искористено на Косово и во Македонија во 2001 година. Воените дејства на Косово влијаеа врз младите етничи Албанци во Македонија, каде се создаде воена организација тесно испреплетена со криминогените албански структури. Истовремено настана и тесна комуникација на албанските политички лидери од Тирана, Тетово и Приштина.

Додека Албанците од регионот соработуваа, СДСМ кон крајот на 2000 година излезе со аферата за прислушување, а во почетокот на 2001 година, кога во рамките на „релаксираните меѓуетнички односи“ се работеше на основање на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, Закон за локална самоуправа и воспоставувањето на Третиот канал на МТВ како етнички канал, започна конфликтот кој по неколку месеци резултира со Рамковниот договор.

На сите овие настани кумуваше меѓународната заедница.

 

Со Рамковниот договор од Охрид, меѓународната заедница го уважи насилството како легитимен инструмент за наметнување на политички решенија.

Тогаш оние кои беа поупатени сметаа дека конфликтот почна поради неспособноста на македонските власти да се носат со ситуацијата која почна како албанско-албански конфликт на албанските структури на власта и оние надвор од неа, околу легалните и полулегалните бизниси. Исто така и дека амбиентот беше поволен поради затегнатите меѓуетнички односи, живеење во два паралелно различни света, доживувањето на растечката моќ и поддршката која Албанците ја имаа на Косово од меѓународната заедница.

Не треба да се заборави, дека во спроведувањето на зацртаните цели на триаголникот Тирана, Приштина Тетово, требаше да се спречи и исцртувањето на границата кон СР Југославија на делот на Косово и имплементирањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ.

По конфликтот во 2001 година се забележува зголемено вработување на етничките Албанци во администрацијата, како и инфилтрирање на сомнителни лица во безбедносните структури на земјата. И на крај со неоснованото повикување на Рамковниот договор, кршајќи го основниот став дека нема територијални решенија за етничките прашања, донесен е Законот за територијалната организација на локалната самоуправа, со кој фактички се санкционира територијалната поделба на државата и асиметрично практикување на власта.

Во сето тоа, на кое му кумуваа Социјалдемократите со надворешниот фактор, дојде до парадоксална состојба, во која централната власт малку може да влијае врз локалната власт, додека пак тие истите можат и натаму да ја блокираат и изигруваат централната власт, повикувајќи се на консенсуалната демократија, мултиетничкиот карактер на земјата и Бадинтеровото правило.

По повеќе од една деценија, повторно истите актери се појавуваат на сцената.

СДСМ минатата година започна со таканаречените бомби, објавување на прислушувани материјали, што доведе до политичка криза во земјата и вмешување на меѓународниот фактор кој ги принуди на договорот од Пржино. И на крај, повторно се јавува Питер Фејт еден од посредниците при потпишувањето на Рамковниот договор, кој треба да анализира дали истиот е спроведен.

Сето тоа не тера на сомнеж дека Питер Фејт треба да заврши некаква недовршена работа од 2001 година. Односно, уште еднаш да не натера да го прекршиме Уставот и законите, нешто што во неговата земја е забрането, нешто што ќе има трајни последици по македонската држава – име, идентитет и интегритетот на земјата!?

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.