|
|
Кога и каде пукнале првите пушки во Македонија |
Комуњарите не учеа како наводно на 11 Октомври 1941 г. во Прилеп и Куманово пукнале првите пушки и со тоа конечно ние Македонците, како и „секогаш" последни и заспани па и како "најзаостанати", после неколку месеци за разлика од другите ценети братски републики... ете чудо големо па сме се разбудиле. Но дали е така, одма вадиме доказ од светската архива дека е тоа лага. Во Ноември 1940 Битола е бомбардирана од Германците. Светскиот печат за среќа тоа го има евидентирано и паѓаат во вода лагите на Комунистите на Југославија и Македонија, на Лазо Колишевски, Киро Глигоров па се така до денешните нивни наследници СДСМ. Како е можно толку долго да се лаже и со лага да се пишува историја, а воедно да биде празник и да се слави во Македонија, ќе оставиме на психијатрите и психолозите да се занимаваат со оваа криминална структура заплеткана до гуша со лаги и криминали од кога постои па се до денес. Со ова се доаѓа до заклучок дека една болна партија со ретардирани умноболни лидери, секогаш игнорира и запоставува вистина, па како такви светот го поврзуваат само со нив како партија и историја. Кога овие болни морони не го признаваат Александар Македонски како свој, па дури и играат мајтап и го нарекуваат Грк и се така до 1945... и се разбира кога на Глигоров пра пра дедото заедно со стотина " словени " го препливале Дунав со цевки, населувајќи се во пустелија без луѓе и уште помалку животни во земја која се нарекувала Бог знае како, ама тие од инат ја нарекле Македонија... е ова е постанокот на светот и епицентарот во Бихаќка или Павелшатева, сеедно. Како и да е, ова е доказ дека 11 Октомври 1941 е голема фарса и лага. Не треба да го славиме овој ден и под хитно да се избрише овој лажен ден и фалсификат. Овој текст е посветен и во чест на еден семкар од Скопје познат како Панчо Вила, Македонски патриот... кој старите скопјани се сеќаваат на него и буди големи спомени. Како гимназиалец и студент, често пати навечер дури продаваше, ќе му купевме пола корпа со семки и делкавме некое пивце, а за него мали чоканчиња струмичка мастика, знаеше да го отвори срцето. Ни кажуваше дека бил ВМРОвец, како тој и многу Македонци како ВМРОвци се бореле храбро и комунистите некаде при крај на војната почнаа да се појавуваат и дојдоа на власт по договор. Ми кажа за овој случај со Битола, за Александар Урдаревски со неговата чета како во Јули 1941 нападнал Германски авион и војници, па се до информации како Темпо и Капетановиќ го убиле Кочо Рацин. Горд беше дека продава семки, затоа што нејќеше ништо од комуњарите да земе и да чека милост. Секогаш на крај ја пееше песната И НИЕ СМЕ ДЕЦА, НА НАШАТА МАЈКА МАКЕДОНИЈА со солзи во очите. Почивај во мир Панчо и како што ти ветив, Македонија ги победи сите и комунистите. Еве 10 години губат и уште 50 минимум со Господ напред. Амин !!! Александар Џеповски |