Среда, 07 Октомври 2015   
Извод од обвинителниот акт на воениот прек суд во Битола против Лазар Колишевски

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Лазар Колишевски (12.02.1914 – 6.06.2000) бил долгогодишен лидер на македонските комунисти и еден од најмоќните луѓе во Македонија во периодот од крајот на Втората светска војна па се до падот на комунизмот.

Колишевски е роден во Свети Николе и рано останува без родители. По смртта на неговата мајка, на четиригодишна возраст бил донесе во сиропиталиштето во Битола. Во 1928 година заминал во Крагуевац, каде се школува во Воено-занаетчиската училиште. Таму се зачленил во СКОЈ, а во 1935 година бил примен за член на КПЈ.

Во мај 1941 година, Колишевски доаѓа во Македонија. Но во јуни заминува за Белград, за да повторно се врати во август истата година. По одлуката на Коминтерната за враќање на партиската организација во Македонија во  состав на КПЈ и сменувањето на Матодија Шаторов Шарло од раководната позиција, Колишевски влегува во новиот Покраински  комитет формиран на 21 септември 1941 година. Станува член на Покраинскиот воен штаб и се вклучува во подготовките за востание против бухарската власт.

Во септември 1941 година беа преземени обемни подготовки  за организационо и политичко дејствување на теренот. За реализација на овие заклучоци, членовите на ПК ги обиколија сите партиски организации во Македонија. Секретарот на ПК со таква цел – меѓу другите места на Македонија – подолго престојувал во Охрид. Но, набрзо, на 6 ноември 1941 година, Колишевски бил уапсен од бугарската полиција, заедно со 15 други дејци на Охридската партиска организација.

Во изводот на обвинителниот акт на воениот прек суд во Битола, од 19 ноември 1941 година (по преписка Бр. 2028 од 16.11.1941, Обвинително дело бр. 117/1941 година) против Лазар Колишевски и Петре Пируза, како и членовите на Охридската партиска организација, во кои се опишани околностите на делото, меѓудругото стои:

„... Во почетокот на месец октомври по наредба на Лазар Колишев (Лазар Колишевски) од гр. Св. Никола, којшто за целта отишол во гр. Охрид, Петар Пирузов свикал состанок во куќата на Стефан Балев, на кого Пирузов му е вујко. Вечерта таму се собрале Колишев, Пирузов, Кирил Еф. Размов, Петар Хр. Серафимов, Љубен Чекракчиев, Димитар Тр. Бучков, Кирил Главинчев, Јаким Ставрев, Србо Иванов Георгиев. На тој состанок Лазар Колишев ги укорил .. собраните за нивната слаба организациона дејност, ги заплашил со санкции, им ги разјаснил целите и задачите на кумунистичката организација, големата борба што била поведена од истата организација, саботажните акции на истата во Србија, Албанија и другите и најпосле ги повикал собраните да ги стегнат своите редови, да се организираат, да образуваат активно месно раководство и да пристапат кон формирање на саботерски групи за кревање мостови и за разурнување на други воени објекти. Како последица од тоа и при содејство од Петар Пирузов, двајцата со Колишев, собраните во сегашно воено време ја образувале Охридската комунистичка група со членови: освен Петар Пирузов, членувале Јаким Спиров, Петар Серафимов, Димитар Бучков, Кирил Главинчев, Андон Дуков, Љубен Чекракчиев, Кирил размов, Бориз Лозанов, Андон Николов, Благој Аргиров, Патар Николов, Србин (Србо) Горшев, Атанас Пржинов. Таквата е забранета според чл. 1 од ЗЗД (Законот за Заштита на Државата) бидејќи пропагира и подбудува кон насилна измена на установениот од Конституцијата државен и општествен поредок, кон насилно заземање на власта и за постигање на истите цели се служи со злосторства, вооружени акции, насилства и терористички дејства.

На истиот состанок одржан во почетокот на месец септември 1941 година присутните пристапиле кон избирање на месно раководство и биле избрани за таквото раководство – Петар Пирузов, Јаким Спиров, Петар Серафимов, Димитар Бучков и Кирил Главинчев, о потоа бил формиран воен комитет во состав - Петар Пирузов, Андон Дуков, Кирил Размов, Патар Нанов и Љубен Чекракчиев, со задача да организира снабдување на групата со оружје и да подготви саботажни акции.

Сето ова е установено од признанијата на фатените обвинети и исказите на распитаните сведоци и преставува злосторство предвидено и казниво по чл. 2 од ЗЗД – за Лазар Панев Колишев и Петар Пирузев како создавачи и организатори, за останатите како членови на организација забранета по чл. 1 од ЗЗД, поради кое и врз основа на чл. 360 од ВСИЗ, Обвинителскиот надзор при Битолскиот суд ги обвинува:

1.      Лазар Панев Колишев, родум од гр. Св. Никола, живее во гр. Скопје, сега во Битолскиот пол(ициски) затвор 27 години, Бугарин, православен, неженет, писмен, техичар;

2.      Петар (Пере) Сотиров од гр. Охрид, сега неизвесно каде, 33 години;

3.      Јаким Ставрев  Спиров – 30 години, од гр. Охрод, сега неизвесно каде;

4.      Петар Христов Серафимов, 26 години, од гр. Охрид, гимназиски учител, Бугарин, православен, неженет, неосудуван;

5.      Димитар Трајанов Бучков, 25-годишен, од гр. Охрид, чевлар, Бугарин, православен, меженет, неосудуван, писмен;

6.      Кирил Ефтимов Главинчев – 23 години, од гр. Охрид, Бугарин, пеавославен, неженет, писмен, шивач;

7.      Андон Георгиев Дуков, 31 година, од гр. Охрод, сега неизвесно каде;

8.      Љубен Иван Чекракчиев, 27 години, од гр. Охрид, Бугарин, неженет, неосудуван, писмен, чиновник;

9.      Кирил Ефтимов Размов – 26 години, од гр. Охрид, чиновник, Буг., православен, женет, неосудуван;

10.  Борис Петров Лозанов, 27 години, од гр. Охрид, шивач, Буг, православен, неженет, неосудуван, писмен,

11.  Андон Николов Димитров, 25 години, од гр. Охрид, Бугарин, православен, неоженет, писмен, неосудуван, шивач;

12.  Благој Аргиров Иванов, од гр. Охрид, Бугарин, православен, неженет, писмен;

13.  Петар Николов нанов, 26 години, од гр. Охрид, чевлар, Бугарин, прав(ославен), неженет, неосудуван, писмен;

14.  Србин (Србо) Иванов Горшев, 28 години, од гр. Охрид, Бугарин, православен, неженет, неосудуван, писмен – студент;

15.  Атамас Димков Пржинов, 22 години, од гр. Охрид, чевлар, Буг., православен, неженет, осудуван за кражба писмен;

за тоа дека летото 1941 година и до почетокот на месец октомври 1941 година, во воено време образувале, создадена од Лазар Панев Колишев о Петар Сотиров Пирузов, Охридска комунистичка организација, забранета по чл. 1 од Законот за заштита на државата, поради кое му ги предава на Битолскиот воен суд за судење и казнување според чл. 2 од  Законот за заштита на државата, првите двајца Лазар П. Колишев и Петар С. Пирузов како создавачи и организатори, останатите како членови. (А.М. – Ф. Бугарски окупатор – Воено-полеви суд 1941, Охрид, К.24)   

На судскиот процес во Охрид на 26 и 27 ноември, Лазар Колишевски заедно со Петре Пирузе, е осуден на смрт. Додека е во затвор, на 7 декември 1941 година, Колишевски поднесува молба за помилување до бугарскиот цар Борис III, по што смрттната казна му заменеата со доживотен затвор. На 18 март 1942 година бил префрлен од скопскиот затвор во затворот во Плевен и таму останал се до 7 септември 1944 година, кога пред превратот и капитулацијата на Бугарија бил ослободен со другите  затвореници.  По доаѓањето во Македонија брзо станал еден од највлијателните луѓе во земјата.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том Втори, Скопје, 1981, стр. 309 – 311.)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.