|
|
ВРХОВИСТИТЕ НА СЦЕНА |
Пишува Тодор ПЕТРОВ Врховизмот е сервилност на определена номенклатура, која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт со Македонија бара од некоја од соседните централи. Во дваесеттиот век тоа биле Белград, Софија и Атина, во дваесетипрвиот век тоа се Брисел, Стразбур... Во дваесеттиот век врховистите барале мандат за да ја испорачаат Македонија во рамките на Србија или Бугарија и Грција. Во дваесетипрвиот век врховистите велат, дајте ни нам мандат за власт, ние ќе ви испорачаме промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Разлика воопшто нема! И денес, после се', да дестабилизираш држава, во очекување странски платеници и пратеници да ти арбитрираат мандат за власт е апсолутно неприфатливо! Тоа е антидржавно и антимакедонско! Разочарувачки е овој циркус, што зад затворени врати, во некои затворени работни групи, и' се случува на Македонија денес: суспензијата на институциите на власта со работни групи под опсервација на странски платеници и пратеници. Која програма, утре, овие циркузанти, ќе ја понудат на избирачите, за уставност и законитост, за суверенитет и интегритет, за права и правда, за транспарентност и јавност, ако веќе избрале странски ментор за благослов? Македонијо, Македонијо... каде одиш... каде ми те водат... |