Недела, 11 Октомври 2015   
Македонија несмее и нема да биде заложник на СДСМ и Заев

Aleksandar Trajkovski 2Александар Трајковски

И сега ние, обичните луѓе треба да бидеме замислени дали можеби нема да им текне на овие од преговорите да побараат да се гласа единствено со членска книшка на СДСМ и секако нивните пајтон коалициони партнери.

Драги мој пријатели, сограѓани од нашата мила Македонија,

Во прашање се два сосема различни концепти.

На едната страна е Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ а на другата Зоран Заев и СДСМ.

Кога некој ке го спомне Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ке се присетиме на работа, проекти, реформи, дела.. Неможе да се заборави бесплатните учебници за основно и средно образование, компјутер за секое дете, намалени партиципации на факултетите, реконструирани и изградени основни и средни училишта, реконструирани студенски домови, изградени спортски игралишта и спортски и училишни сали, изградени илјадници километри на регионални и локални патишта, нови градски автобуси во Скопје, голем број на странски инвестиции, бесплатен автобуски превоз за пензионерите, покачени пензии, бесплатна бања и викенд за пензионерите, јасна и докажана борба против криминалот и корупцијата и голем број на други мерки и проекти во сите области од секојдневното живеење.

Кога некој ке го спомне Зоран Заев и СДСМ а да не ја заборавиме и Радмила Шекеринска која е неразделив дел од сите големи политики на СДСМ во изминатите 25 години ке се присетиме единствено на голем број коруптивни афери, скандали, бркање од работа.. Неможе да се заборави аболицијата на Зоран Заев за 8 милиони евра за ГЛОБАЛ, јадењето на живи луѓе и бркањето од чистачка до министер, едно евро кај ВИЦЕТО, киријата на Радмила Шекеринска како и нејзиниот бонбона бизнис, неможеме да заборавиме на затворањето на голем број на фабрики и избрканите 200.000 граѓани, не вработувањето по еден член од секое семејство и голем број на други скандали и афери поврзани со името на таа партија.

Разликата е голема и секако видлива.

Мене ме зачудува фактот што Македонија и ние граѓаните во последните неколку месеци станавме заложници на еден човек кој ја згрешил професијата и влегол во политика и неговата партија која ја има под заложништво. На почетокот на цела оваа вештачка криза сите бевме опседнати и под страв дали можеби на некој од таа партија ке му текне па ке монтира и некој разговор за нас и некои од нашата фамилија за да по неколку месеци бидеме повторно заложници за тоа дали ке има нов изборен Закон, дали ние ке имаме право да гласаме и дали нашите сонародници од дијаспората ке може или нема да може да гласаат. И секој од нас, обичните граѓани се прашува: Дали ова има крај? Кој е Зоран Заев и тие од неговата партија кои 9 изборни циклуси не ја добиваат довербата од граѓаните сега да одлучуваат кој ке има право а кој нема да има право да гласа?

Одговорот на овие прашања во еден дел сепак лежи во секој од нас.

Заев ке го стигне и судот на Законот и судот на народот.

Заев ке биде казнет на 24 Април. Народот на Македонија ке излезе како никогаш досега, и старо и младо и машко и женско. Ке даде поддршка за Никола Груевски и за Подобра Македонија. За Македонија во која ке се отвораат нови работни места, во која ке се реализираат голем број на проекти и реформи кои ке го подобрат животот на Македонскиот народ.

ДИЈАСПОРАТА, нашите браќа и сестри ширум светот МОРА да го задржат своето право на глас! Дијаспората несмее да биде збришана од Македонија само затоа што тоа го сака Заев и СДСМ.

МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ЗАЛОЖНИК НА ЗАЕВ И СДСМ!

МАКЕДОНИЈА ИМА ИДНИНА, ИДНИНАТА Е ВО ВМРО-ДПМНЕ И НИКОЛА ГРУЕВСКИ!

ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОН КОИ СЕ ВОДАТ НЕСМЕАТ ДА БИДАТ ЖЕЛБОТЕКА НА ЗАЕВ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗНАЕ И УМЕЕ, МАКЕДОНИОТ НАРОД Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО И НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ!

НА 24-ТИ АПРИЛ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОВТОРНО КЕ ГО КАЗНИ СДСМ!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.