Среда, 14 Октомври 2015   
Солун сеуште ја крие мистеријата за убиството на грчкиот крал Георги I

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Александар Схинас го убил грчкиот крал Георги I на 18 март 1913 година во Солун. Грчките власти ќе го престават како грчки анархист кој бил против монархијата, а подоцна и како скитник и пијаница, човек кој не бил свесен за своите постапки. Кој навистина бил Скинас тешко е да се дознае бидејќи вистината за него ќе биде скриена. По неговата смрт, документите од истрагата ќе изгорат во пожарот на параходот во Пиреа.

Схинас е роден во 1870 година во македонскиот град Сер. Емигрирал во САД и работел во кујна на хотелот Пета Авенија. Се спријателил со прогресивни мислители и читал социјалистичка литература. Особено бил против аристократијата и монархијата.  Тој отворил училиште во Сер, но, грчките власти го затвараат за ширење на антивладини идеи. Властите конфискувале антигрчки памфлети, насочени против кралот. Двајца негови соработници биле осудени, а Схинас успеал да избегне затвор.

На 5/18 март 1913 година, нешто после 5 часот попладне, Схинас кој бил два чекори одалечен, го застрелал во грб кралот Георги I, додека тој шетал во Солун крај Белата кула. Куршумот поминал низ срцето и белите дробови и излегол низ стомакот. Кралот бил веднаш пренесен во болница, но кога  пристигнале тој веќе бил мртов.

Схинас бил уапсен, но првично одбива да даде образложение за својата постапка. На прашањето на полициските офицери кои го испитувале дали му е жал за стореното дело, тој одговарал дека е против владите. Подоцна изјавил дека го убил кралот, бидејќи одбил да му даде пари. Атентаторот од Сер бил мачен во полицијата, но одбил да ги каже соучесниците. На 6 мај 1913 година властите објавуваат дека серчанинот Схинас извршил самоубиство со скокање од прозорецот на жандармериската станица во Солун.

Подоцна се јавуваат разни теории за мотивите на Скинас. Една од нив говори дека неговите постапки биле диригирани од Бугарија, како одмазда за загубените територии. Другите говорат за политичките мотиви на Австро-Унгарија која се стреми да го контролира Солун, како и за династичките мотиви на Германија. Во сите теории на заговор, не се спомнуваат македонските револуционери кои се борат против распарчувањето на земјата и за создавање на Автономна Македонија. Сепак, сите теории на заговор не се поткрепени со докази, а документите од истрагата ќе изгорот во параходот во Пиреа.

Целата приказна за Схинас ќе остане мистерија до денешен ден. Не е познат мотивот, неговиот идентитет, што точно им кажал на властите, зошто беа изгорени документите од неговото испрашување. Истражувањата говорат дека во клучните моменти кога се работеше за иднинита на Македонија, атентаторот бил агент на странските интереси. Во секој случај убиството на грчкиот крал предизвикува пораст на популарноста на кралската куќа во Грција и зголемени симпатии меѓу европските земји.  

По потпишувањето на примирјето за време на Првата балканска војна, сојузниците Бугарија, Србија и Грција се обидуваат да ја зацврстат својата власт врз освоените територии во Македонија. Во спорните територии се формираат заеднички власти, кондоминум,  при што поради надлежшностите често влегуваат во судири.  На Лондонската конференција српската делегација има упаства да бара и Солун да биде управуван од троен кондоминум на Грција, Србија и Бугарија.

Искористувајќи го сепаратниот договор со Турците, грчката армија воспостави во Солун своја привремена управа. Истовремено и бугарските војници ги држат северните славјански (македонски) и еврејски населби и дел од центарот на градот, каде се наоѓа бугарската пошта и командата на ГШ на генерал Тодоров, како и на 14 македонски и 7 артилериски полк. На железничката станица дејствува и бугарска воена и железничка администрација. Воспоставена е резиденција на бугарскиот цар Фердинад и е отворена филијала на БНБ.  Но, доаѓањето на грчкиот крал во Солун има за цел да биде гаранција дека главниот град на Македонците нема да го преземат нуту Бугарите, нуту Србите, туку дека ќе остане единствено во грчки раце.   

Како и во другите спорни места, така и во Сер постои бугарско – грчки општински совет и полиција. Меѓутоа, познато е дека во овој период во реонот меѓу Солун и Кукуш дејствуваат четите на војводите Гоце Меџуречки, Вано Мурароски, Горги Мончев и други кои по протерувањето на турската војска, имаат задача да го попречуваат сообраќајот на грчките сојузници поради спорот околу приоритетот на власта во тој реон на Македонија.

Во такви меѓусебни односи на сојузниците, на 18 март по нов стил, Схинас со еден истрел го усмртува грчкиот крал. Во истрага  атентаторот истакнал само дека дејствувал сам и упорно молчел, а потоа се фрлил или бил фрлен од прозорецот на грчката владина куќа.

Иако одлично зборувал грчки, првичните информации биле дека тој не е Грк. Оваа информација, како и молчењето во текот на истрагата, кај многумина го разгорел сомнежот дека зад него стои Софија. Сето тоа можело сериозно да ја иритира грчката јавност и да доведе до конфликт меѓу сојузниците многу порано, пред започнувањето на Втората балканска војна. За да се смири јавноста, солунскиот управник и полицијата ќе го именува серчаноцот за Грк, грчки анархист, луд и пијаница.

Иако дејствувал сам, сите истражувачи говорат дека Схинас бил жртвено јагне и дејствувал за странски интереси. Постоеше теорија дека зад  убиството на кралот стои Германија, која сакала да го острани англофилскиот крал Герги I и да го замени со неговиот син принцот Константин, прогермански настроен. Меѓутоа, оваа теорија не била убедлива, бидејќи било познато дека кралот се спремал во октомври 1913 година,  на педесетгосишнината од своето владеење, да го остапи тронот на првородениот син.

Позади ова убиство можеле да бидат дипломатиите на Германија, Австро-Унгарија, Србија, Бугарија, Турција, но и внатрешната борба за власт во Грција, како и македонските револуционери, кои се противеа на поделбата на Македонија и бараа создавање на Автономна Македонија.

Без разлика на политичките игри, по убиството на Герги I, Атина ќе ги добие симпатиите на меѓународната јавност и индиректно целиот настан ќе влијае на одлуките кои се однесуваат за Македонија. А метрополата на Балканот и некогашниот главен град на Македонците Солун и ден денес ќе ја крие тајната кој стои зад убиството на грчкиот крал.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.