Среда, 21 Октомври 2015   
Востанието на шејхот Бедредин Симави

vasko-gicevski
Васко Гичевски

По навлегувањето на монголскиот хан Тимур на териториите на Осамнлиската држава поточно во Анадолија империјата запаѓа во криза.Султанот Бајазит I паѓа во заробеништ и таму и умира со што останал широк простор за династички борби за престолот. Овој период во историјата од крајот на 14 век и првите децении од првата половина на 15 век се нарекува османлиски Интеррегнум. Во оваа броба за превласт клучна улога има суфискиот шејџ Бедредин кој бил поддржуван од Муса Челеби да пропагира и да се бори против неговит противник и претендент за престолот Мехмед I.

 Кога во 1411 година Муса Челеби, еден од претендентите за отоманскиот престол го зазел градот Едрене и воспоставил контрола над европските територии на Османлиите, тој го назначил на Бедредин за кадиаскер. Кога во 1413 година Муса бил поразен од својот брат Мехмед Челеби и Бедредин како еден од неговите поданици бил протеран во Изник.

По ова шејхот Бедредин решително стапува во офанзива против Meхмед I кој за разлика од шејхот во народ не уживал голема почит и доверба.

Во есента на 1416 година Бедредин успеал да побегне од Изник и со помош на емирот на Синоп Исфендероглу со брод заминал во Влашко кај војводата Мирче Стариот. Во минатото овие два владетели го подржувале Муса Челеби а потоа и Мустафа Челеби против Мехмед I и најверојатно целта им била да го искористат Бедредин за предизвикување на нови меѓусебни бунтови на османлиска територија.

Во Влашко Бедредин се поврзал со Азеб бег, побегнат големец на убиениот претендент Муса Челеби. Бедредин по ова заминал кон Лудогорието каде привлекол бројни следбеници. Тој таму ги најавил своите претензии да стане султан и им ветил на своите следбеници земјиште, привлекувајќи многу голем број на луѓе кои паднале во немилост по поразот на Муса. Претензиите за тронот Бедредин го оправдувал со наводното потекло од султаните на Рум и духовното сродство со пророкот Мухамед преку шејкот Хусеин Ахлати. Востанието главно го опфатило Лудогорието и Добруџа.

Бидејќи реонот на востанието бил релативно мал од своето седиште во Сер султанот Мехмед испратил војници кон Лудогорието и бунтот бил прекинат речиси без отпор бидејќи голем дел од следбениците на Бедредин се откажале од него.

Бедредин бил заробен и однесен во Сер каде султанот организирал јавен процес против него. Тој бил осуден на смрт поради бунтот против султанот и на 16 декември 1418 година бил обесен на чаршијата во Сер. Бидејќи се докажало дека нема злосторства против религијата неговиот имот не му одземен што е во согласност со тогашните османски шеријатски закони.

Во суштина се гледа дека востанието на шејхот бедредин не е востание со кое сака да се задовли некоја социјална правда туку напротив сака да се задоволи една политичка аспирација на еден човек. Шејхот Бедередин бил вешто искористуван како пион во периодот на Интеррегнумот.

Сепак ова востание силно ја вознемирило Османската држава а значајно е за нас што благодарение на ова востание во официјалната османска документација влегле и голем број на податоци и за градот Сер и за месното население, како и за оние кои го поддржувале истото а не биле од исламска вероисповест. Гробот на шејхот Бедредин и ден денес се наоѓа во Сер.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.