Среда, 21 Октомври 2015   
Расправа за славјанското потекло на Јустинијан (2)

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Во продолжението на книгата „Убиството на Јустинијановиот идентитет“, авторот Георги Сотиров продолжува успешно да се спртивставува на тезите на Џејмс Брус со кои тој го оспорува пишувањето на хрватскиот бискуп Иван Т. Марнавиќ (1580 - 1637) дека Јустинијан е славјанин. Како што ќе истакне Сотиров „сите аргументи на Брус се со цел да ги убедат читателите дека не треба да се обрне внимание на житието. Односно дека Марнавич не е сигурен автор... и дека Богомил никогаш не постоел, а ако постоел, не можел да ја напише биографија на Јустинијан, поради што на житието не треба да му се обрнува внимание...“

Пред да продолжи со својата одбрана на Марнавиќ, Сотиров говори за историските фалсификати за кои вели: „Фалсификуваните писма на Платон до Филип II Македонски, на пример, најверојатно се составени од луѓе кои очекувале материјална корист од измамата. Има случаи во кои фалсификати се вршат за привлекување на вниманието на јавноста.. Ситуацијата е доста поразлична кога зборуваме за фалсификување на историски документи. Тогаш потенцијалниот фалсификатор мора прво да се увери дека не си противречи. Тој треба да е особено внимателен и да не противречи на некое лесно достапно автентично сведоштво, бидејќи измамата лесно ќе биде откриена.. “

Во тој контекс, Сотиров ќе потсети на следното: „Менандар познат драматург, кој живеел во Атина и пишувал на грчки, починал три века пред нашата ера. Се сметало дека од неговите сто и неколку комедии ниту една не останала до денес во целост. Неочекувано во 1958 се појавил еден папирус во Женева, Швајцарија, кој ја содржел целата "Dyscolos" - комедија, од која дотогаш биле сочувани само фрагменти. Како точно е направено откритието не било добро објаснето, но автентичноста на ракописот е несомнена.... Нема никаква причина да мислиме дека Марнавич не бил свесен за овие работи. Тој често работел со стари ракописи. Тој лично изнел на виделина важен манускрипт "Манасиевата хроника". Не може да не бил запознаен со тоа, колку лесно се разобликуваат фалсификаторите при ненадејна појава на дотогаш непознат материјал.“

Меѓутоа, според Брус, Марнавиќ бил лажлив писател. Како сведок, тој се користи со чешкиот историчар Константин Јосиф Иречек, кој на прашањата на Брус, пишува дека во Марнавиќ не може да се има доверба. Меѓутоа, истиот тој Иричек констатира нешто без да наведе докази дека Марнавиќ некогаш фалсификувал документи. За научник како Иречек ваква постапка била голем гаф, а при тоа не бил ни прв.

Сотиров го оспорува Иричек неведувајќи ги неговите пропусти: „Во својата книга "Geschichte der Bulgaren" Иречек вели дека јужниот дел на Стара Планина, во близина на Црното Море, се нарекувал Vodo-Balkan или Mateyska Planina. Ова сепак не е точно. Вистинското име е Sakar Balkan (на турски "сува / неплодна планина"). Северниот дел Иречек повторно погрешно го нарекува Kucuk Balkan наместо Chatal Balkan (вилообразна планина). Целата Стара Планина, според него, била наречена од Турците Chodza Balkan. Тоа е погрешно од три аспекти. На прво место, на турски целата планина се нарекува едноставно Балкан. На второ место, името Kodza Balkan (означува Голема планина) се однесува само за централниот дел. И трето, точни е Kodza, а не Chodza, бидејќи последното има значење на муслимански свештеник.

Оттука тој го поставува прашањето: „Ако Иречек може толку да биде збунет во однос на големите планини, тогаш колку може да греши кога станува збор за оценување на личноста, мудроста и знаењето на Иван Томко Марнавич, кој веќе бил починат повеќе од два века? Иречек ја издава својата "Geschichte der Bulgaren" на 22-годишна возраст. Импулсивно дете и, како такво, особено податливо на грешки. Сè што е напишано, секогаш треба да се проверува.“

Очигледно е дека Џејмс Брус кој се потпира на Иречек не превзел вакви мерки на претпазливост, па затоа во продолжение Сотиров објаснува: „Статијата која ја прочитал Иречек и врз која го изградил мислењето дека на Марнавич не треба да се верува, е напишана од Армин Павиќ. Сепак Павиќ само изразува скептицизам во врска со одредени документи, кои не ги видел, но Марнавич тврди дека ги нашол и на нивна основа го напишал своето родословие... Во случајот, .. ниту Брус ниту Иречек, ниту Павиќ, не успеваат да го фатат Марнавич во противречност или во обид да изнесе очигледна невистина. Од написот на Павиќ се гледа дека тој за возврат бил под влијание на друг прочуен автор, Алберто Фортис. Имено Фортис го обвинува Марнавич дека присвоил и публикувал под свое име ракопис на покојниот епископ Антонио Веранцио (познат уште како Antun Vrancic). И така, сомневањето врз Марнавич е исткаено од најслабите конци. Брус ни кажува дека Марнавич е фалсификатор затоа пто Иречек така му кажал. Иречек мислел така, бидејќи Павиќ го посочил. А Павиќ го посочил, бидејќи Алберто Фортис сметал така. Што валидност може да има таква серија на меурчиња од сапун? – пошува Сотиров.

Ако ја пгледнеме биографијата на Алберто Фортис, јасно станува зошто бил против Марнавиќ. Роден во Виена во 1740 година, Фортис поминал поголемиот дел од својот живот во Венеција, каде што се создаде впечаток на фустогонец (женкар). Во 1801 е назначен за началник на Болоњската библиотека. Тој останал таму до својата смрт во 1805 година. Видливо е дека Фортис е роден повеќе од еден век по смртта на Марнавич. Но, во тие денови немало голема љубов меѓу Венеција и Рим. Во Венеција била популарна поговорката: „Прво Венецијанци, потоа христијани. (Siamo Veneziani, poi Christiani.). А Марнавич бил римски граѓанин и храненик на Језуитите. Фортис бил Венецианец и за него било доволно да се слушне дека ракописот на Веранцио е на дофат на Марнавич, за да почне да го сомничи за кражба.

Покрај обединетите злобни напади упатени од Брус и неговите претходници и истомисленици, со цел да се фрли сомнеж врз Марнавич, се измолкнува основното во случајот: тоа е дека наводното измислено родословие на босанскиот епископ нема апсолутно ништо заедничко со житието на Јустинијан. Во продолжението на расправата во која Сотиров одлучно застанува во одбрана на хрватскиот бискуп, тој пишува:

„Брус претпоставува дека ракописот од Барберино не бил наменет за објавување. Така е, само еден поглед на житието е доволен да нè убеди дека Марнавич не напишал латинското резиме за широка публика и дека не го создал за лично задоволство. Ако не беше така, тој не би имал причина да го ограничи биографијата до првите 30 години на Јустиниановиот imperium. Сепак постојат доволно други важни моменти кои можеа да се споменат, како крајот на војните и смртта на царицата Теодора. Нешто повеќе, ќе беше многу полесно за него да ја напише историјата во еден кохерентен текст. Наместо тоа, тој прави напор да пишува резиме, кое експлицитно го дефинира како такво. Потоа додава сопствени појаснувања, нагласувајќи дека се негови. Марнавич очигледно располагал и со други извори, а не само со оригиналното словенско житие. На пример Теофил / Богомил, кој во својата книга го опишал животот на Јустинијан, доколку му било возможно, најверојатно починал многу години пред смртта на Јустинијан. Богомил сигурно не можел да каже во житието дека неговото сопствено тело е погребано во црквата "Света Софија" во Сердика. Ниту пак Богомил можел да го опише ковчегот, во кој било положено неговото сопствено тело. Сето ова сепак е информација која ја обезбедува Марнавич и која тој очигледно ја најде во други извори кои денес не постојат. Додадена информација кон латинското резиме била дополнителна помош за барателот на ова резиме. Кој бил овој барател? Брус ни кажува дека во долниот дел на последната страница од манускрипта има зборови напишани со различен ракопис од оној во останатиот текст.

Како што ќе видиме овие зборови водат до можно објаснување што Брус можеше да го потврди, доколку помислил за него. Имено, дека Alemannus (Алеман), кој го ја открил "Anecdota" на ПрокопиЈ, веројатно исто така го поседувал и оригиналниот славјански ракопис на житието, или негов препис кој го разбирал само површно. Затоа било и барањето кон Марнавиќ да му подготви резиме на книгата на латински. Ако тоа е така, Марнавич сигурно забележал неколку места кои можеле да го збунат читателот кој не ја познавал славјанската историја. Затоа се додадени потребните појаснувања. Брус сепак не се потрудил да ги пронајде книгите, оставени од Алеман, или барем да побара каде се однесени по неговата смрт.

Наместо тоа, тој е побрзал да провери некои други факти, споменати во житието или поврзани со него. Тој научил дека во 1603 година Марнавич напишал книга под наслов "De Caesaribus Illyricis", за која се претпоставува дека содржела вредни информации. И така, кога ја посетил Рагуза, ... Брус се распташувал за оваа книга, која не можела да се најде на друго место. Му рекле дека делото најверојатно е испратена во Будимпешта. Брус го прифатил одговорот како задоволителен, иако можел да научи дека во исто време Јосип Гелчиќ од Рагуза раширил информација дека го поседува ракописот. Исто така, Брус никаде не допушта можно исчезнување на книги во жестокиот период на крвопролевање и пожари (1618-1648), кога само во град Градец, според тврдењата, цели 20 илјади еретички книги беа уништени.“

Библиографијата на Марнавич вклучува најмалку 15 различни литературни дела на латински, италијански и хрватски. .. (Но) Брус не се запрашал зошто толку многу книги на епископ и почесен граѓанин на Рим останаа речиси невидливи и зошто гробот на Марнавич не е познат! Според Иван Кукуљевич, хрватски научник од деветнаесетиот век, во библиотеката на Витезите од Малта имало манускрипт на Марнавиќ насловен "Discorso sopra il Priorato della Wrana del Ordineж Gerosolomitano". Обидот на Сотиров да дојде до оваа книга останува безуспешен. Одговорот на библиотека во Рим, од 3 јули 1971 гласи: Жаламе, дека треба да ве информираме дека нашата библиотека не поседува никакви книги на Иван Томко Марнавич и дека не можеме да ви понудиме никаква информација за темата. „И така, книга која Кукульевич ни кажува дека била таму , исчезна.“ – пишува Сотиров.

Во својата студија „Убиството на Јустинијановиот идентитет“, Георги Сотиров ни укажува на еден многу важен елемент кој говори за уништувањето на важни книги во кои се говори за историјата на Балканот, а идиректно и за Македонија, со оглед дека Јустинијан е роден во Тавор во близината на Скопје. За исчезнувањето на книгите на Маранвиќ, тој вели:

„Неспособноста на Витезите на Малта да понудат книги на Марнавиќ е, благо речено, збунувачки. Тие треба да поседувале барем една книга, имено "Indicia Vetustatis", која авторот посветил на својот братучед Фаркас (Лупус) - член на орденот. Нешто повеќе. Фердо Шишич ни кажува (1901) дека самиот Марнавич станал витез на Малта во 1632. По едно или друго време оваа книга била во библиотеката на орденот. Каде е сега? Можеби никогаш нема да дознаеме кога и како книги како "Indicia Vetustatis" исчезнуваат од полиците на кои некогаш стоеле. Во секој случај нивното необјасниво и срамно испарување треба да ни покаже дека и други книги, како и изворите на Марнавич, исто така можеби се исчезнати. Наместо да се замисли над овие работи, Брус повикува на помош уште еден експерт - Сер Артур Еванс во Македонија. На барање на Брус, Сер Артур Еванс го посетува Атон, но не открива ни трага од Vita Justiniani. Не се споменува кога, каде и колку напорно Сер Артур Еванс го барал ракописот. Всушност, дури немаме докази дека воопшто го барал. Знаеме само дека на Брус така му е кажано.“

Можеби Еванс едноставно ѕирнал во библиотеката на манастирот во Атон. Може да ја барал во погрешен манастир. Може да разговарал со погрешните луѓе. Може и да бил заведен намерно. Во секој случај, како што пишува бугарскиот автор, „токму тогаш поголема грижа на Еванс сигурно биле идните ископувања во Крит, отколку славјанските ракописи во Македонија. Колку и да била макотрпна потрагата на Еванс, неговата неспособност да го најде даден ракопис, дефинитивно не докажува дека Марнавич не го видел или дека копија од него не било достапно меѓу книгите на Алеман.

Сотиров вели дека „Едно злосторството не престанува да биде такво, само затоа што доказите за него се уништени. Еден историски факт не престанува да биде таков, само затоа писмените сведоштва за него веќе не можат да се најдат. Би било софистика да се спори дека Џејмс Брус никогаш не постоел, бидејќи никој не може да докаже дека е зачнат. Немаме право да го нарекуваме Иван Кукульевич лажлив писател, бидејќи видел во библиотеката на малтешки витези една книга, која веќе не е таму. Никој не може да го вика Марнавич фалсификатор, само затоа што ракописот што го видел во почетокот на седемнаесетиот век, денес не може да биде најден. Дека Марнавич зборувал вистината, се потврдува од многу факти, но и од следниве два настани. Кон крајот на својот живот тој ја открива Манасиевата хроника од 14 век (славјански јазик). Тој го моли кардинал Барберино за дозвола да го објават прекрасниот манускрипт... Марнавич умира, а ракописот тоне во заборав, која трае до времето на Јосиф Асемани кој го објавува 175 години по неговата откривање... Друг писател од седумнаесетиот век, Џакомо ди Пјетро Лукари. Лукари тврди дека видел во Бугарија една хроника ("diadario"), во која Јустин и Јустинијан, и двајцата се наречени со славјанското име Управда. Ако Лукари можел да види таква книга во Бугарија, нема причина и Марнавиќ да не можел да види друга слична, да речеме оригиналното житие, од што е направено резиме на латински, складирано во библиотеката на Барберино.“

Инаку, Иван Томко Марнавич е роден во Шибеник, тогаш под венецијански власт, на 7 февруари 1580 година. Тој е образован од Језуитите во Рим, каде што се приклучува на Орденот на Барнабитите. Во 1622 е назначен за архиепископ во Загреб; во 1631 станува епископ на Босна. Во истата година добива почесна признание, со која е направен граѓанин на Рим. По тој повод опишан е како доктор по теологија, апостолска протонотарија и овластен од папата реформатор на светите книги на илирски јазик. Босанскиот епископ е испраќан од
папата Урбан VIII (1623-1644) на духовни мисии. Непотребно е да се спомнува дека бил експерт во областа на славјанската литература. Умира на 1 април 1637 година. Ако Павиќ претпоставува правилно, Марнавич мора да бил погребан во црквата "Свети Јероним" во Рим, иако за неговиот гроб таму не се знае ништо. Од друга страна, Ферди Шишич мисли дека Марнавич најверојатно починал во Виена.

Што се однесува до Џејмс Брус, тој е роден во 1838 во Белфаст, Северна Ирска. Учел во Глазгов и Оксфорд. Потоа учи право во Хајделберг, Германија. Подоцна е избран во Домот на општините на која станува портпарол пред да се префрли во Домот на лордовите како Виконт. За шест години (1907-1913) бил британски амбасадор во Вашингтон. Патувал во Јужна Америка, Франција, Италија, Мала Азија и Јужна Юфрика, и пишувал различни репортажи за патувањата и забелешки. Никогаш не ја посетил планината Атос или друга славјанска територија, освен градот Рагуза (Дубровник). Не говори никаков славјански јазик. Не е можно да се утврди што го натерало да мисли дека е надлежен да пишува за раната славјанска историја, освен фактот дека тој го открива ракописот од Барберино при посетата на Рим во 1883.

На крај, според Сотиров, „Ако се разгледаат двете кратки биографии, разумно е да мислиме дека Марнавич бил повеќе квалификувани и во подобра позиција да се занимава со тема како што е житието на Јустинијан, отколку Брус. Но компетентноста не е доволна гаранција против грешки. Читателот има право да знае какви големи престапи му се припишуваат на Марнавич од неговите критичари. Ние веќе ги споменавме. За олеснување ќе ги повториме повторно како потставки: .. Според него, бројни и најбројната славјански заедници постоеле на Балканскиот полуостров во шестиот век или порано, додека Брус "знаел" дека полуостровот не бил славјанизиран пред седмиот век; тврдејќи дека е видел славјански ракопис од шестиот век, имено житието, Марнавиќ погрешно признава дека во шестиот век славјанските народи имале писменост, додека Брус "знаел" дека немале.“

Од овој труд можеме да заклучиме дека западните историчери, уште во XIX век со сите сили се трудат да ја преиначат славјанската историја и докажат дека тие не се староседелци туку дека се доселиле во VI I VII век на Балканот.  А книгите и ракописите со славјански јазик и историја биле ерес кои требало да се уништат.

Крај

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.