Среда, 21 Октомври 2015   
Се’ за Македонија, вечна и единствена

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Од осамостојувањето на земјата во 1990 г. наваму речиси да нема година, а да не започнат активности за разнебитување на македонскиот народ и држава. Тажно е што ова не допира ни до малиот мозок на елитата која е дел од потесното раководство на СДСМ. И кој знае веќе по кој пат, партиските челници на СДСМ започнаа активности кои имаат за цел да го раздразнат македонскиот народ, да ја нарушат неговата доверба кон институциите на системот и раководството на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Проблемот што ни го наметнаа Грција и ЕУ со името и постоењето на Македонија и Македонците како народ е провокација, бидејќи тој проблем можат да им го решат само национално обезличени, корумпирани и неодговорни раководства, кои прифаќаат да потпишат се` што ќе им се наложи, според претходно утврдено сценарио и преку претходно таргетирани без`рбетници во партии и НВО секторот. Затоа нивна цел е на власт да донесат гарнитура која ќе им овозможи лесно решавање на проблемот со името, а со тоа Македонците да го изгубат својот идентитет и да исчезнат од листата на народи.

Таканаречените „бомби“, исконструирани прислушувани разговори, кои Зоран Заев, лидерот на СДСМ, ги пласираше  во јавноста беше само тест проба со која требаше да се искомпромитира раководството на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како пред сопственото членство и домашната јавност, така и пред меѓународната заедница.

Меѓутоа, обидот на сценаристите преку Зоран Заев да ловат во матно се покажа како неуспешен. Иако добро извежбан од своите спонзори, сепак лошиот глумец, со серија грешки во пласирањето на т.н. „бомби“, го покажа вистинското лице.

Македонскиот народ кој внимателно и молкум ги следеше епизодите  од бомбашката серија на Заев, не се фати на фрлената мамка. Неговото истенчено сетило и вековна собрана мудрост која се пренесува од колено на колено, како достоен чувар на македонско име и идеја, уште еднаш ја препозна намерата на Заев по секоја цена да дојде на власт за да им испорача на своите надворешни налогодавци промена на Уставот и името.

Истовремено и премиерот Никола Груевски, внимателно и мудро го следеше развојот на настаните креирани по туѓо сценарио, чекајќи да се демаскираат сите нелегални обиди на Заев за создавање на вештачка политичка криза и дестабилизација на земјата, пред да премине во контранапад. Тој не прифати да игра по туѓи ноти, туку внимателно превентивно ги распореди силите и ресурсите со цел да се справи со СДСМ-овската елементарна непогода и да ја спаси македонската држава. Но, сето тоа не би можел да го направи ако зад него не застана народот.

Македонскиот народ, кој добро ги познава слабостите, грешките, но и предностите на владеачката партија, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, припадник на коалицијата или опозицијата, симпатизер или загрижен граѓанин за судбината на Македонија, му даваат силен ветер на владеачката партија да истрае во спроведувањето на својата програма за вработување, за развој на економијата, за зголемување на инвестициите, за зголемување на стандардот на населението, за создавање на модерно здравство и образование,… но и за одбрана на исконското библиско македонско име за кое во минатото загинаа илијадници Македонци.

Македонскиот народ кој е свесен дека кај раководството на СДСМ на чело со Заев може лесно да помине секакво барање од надвор, силно кажува  НЕ на обидите на Заев за дестабилилизација на земјата и трговија со името.

Македонскиот народ нема резервна татковина и има право да превземе секакви мерки против сите оние кои сакаат да и` наштетат на нашата држава..

СЕ’ ЗА МАКЕДОНИЈА, ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА, АМИН!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.