Среда, 28 Октомври 2015   
ЧЕТВОРИЦА СДСМ-ОВСКИ ГРОБАРИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски-Прилеп

Во една нормална демократска држава, кога еден политички субјект е во позиција на власт  и прави ненаменско и расипничко трошење на државни пари со кои го осиромашува своето домицилно населением треба да одговара за своите криминални постапки пред институциите на системот, кои се занимаваат со прекршување на кривичниот законик.

Во оваа прилика ќе наброиме само четири личности од редовите на плавите момчиња, кои направила погубни грешки пред македонскиот еклекторат, кога биле на власт.

Да одиме со ред со личностите кои се најголеми губитници на македонската политичка сцена. На прво место е актуелниот пензиониран политичар  Бранко Црвенковски. Во негово време, најпрвин како премиер на република Македонија во средината на деведесеттите години на минатиот век, го направи најголемиот криминал со приватизацијата на претпријатијата со општествен капитал. Неговиот владин тим имаше контрола во сите сфери на општетственото живеење. Се работеше во парламент, каде тогашната опозиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше законодавниот дом, а тогашните плави момчиња си носеа закони по нивна желба. Поставија импозантен број на судии, кои мораа да замижуваат пред нивниот голем криминал. Но, македонскиот народ, од дамнина малтретиран, и тоа политичко лудило на плавите момчиња со многу мака го издржа цели осум години.

Најголема и најболна афера во тоа време беше падот на пирамидалната штедилница ТАТ, каде голем број на македонски граѓани без никаква вина, за миг останаа без своите заштеди.

Тогашниот премиер Бранко Црвенковски, наместо да си даде оставка, во законодавниот дом најави дека ТАТ-овиот октопод за брзо време ќе има судска разрешница. Популарната во тоа вренем директорка Соња заврши во затвор, но парите на измамените штедачи, се уште постепено легнуваат на нивните трансакциони сметки.

Второто враќање на мецената Бранко Црвенковски на македонската политичка сценабеше на фамозниот 15 септември 2002 година каде големиот оратор пред македонскиот електорат најавуваше вработување на барем по еден член на секое семејство.

Третиот негов потег беше освојувањето на претседателското столче во 2004 година. Од позиција на претседател, изби на виделина неговиот финансиски скандал во аферите „Надеж 1“ и „Надеж 2“. Потоа, негова голема кардинална грешка е мешањето во судските одлуки, каде од кривично гонење, по пат на аболиција го ослободи сегашниот лидер на СДСМ, Господинот Зоран Заев.

По завршувањето на неговиот претседателски мандат го превзеде заринканиот брод на СДСМ, каде во 2011 на тогашните вонредни парламентарни избори, неговите активисти одеа од врата до врата, со кафе локун и наполитанки, да ја претстават својата програма пред македонскиот електорат.

Господа, обоени во плаво, кафе локум и наполитанки му се носат на затвореници, ане на потенцијални изборни гласачи, кои неколку пати по ред биле излажани од Црвенковата дружина.

Ова е само дел од губитничката политика на  Господинот Бранко Црвенковски.

На второто по ред СДСМ-овско скалило, во поглед на афери се Владо Бучковски и Радмила Шекеринска. Владо Бучковски е осуден на затвоорска казна во аферата Тенковски делови. Исто така во нивно време е направена погубната територијална поделба на Република Македонија и на лесен и криминален начин беше приватизирано тогашното Електростопанство на Македонија.

Во последно време, во електронските печатени медиуми се обелодени  тогашната афера за монополската поддршка на тогашниот македонски Телеком. Во јавноста се спомнуваат баснословни суми изразени во милиони евра.

Последната четврта личност е Зоран Заев алијас „Бошко Буха“. Кај овој струмички бизнисмен, а воедно и градоначалник на Струмица, за да се легализира државно земјиште треба да се плати мито од 200000 Евра. Оваа афера е поткрепена со аудио визуелен материјал. Зоки предизвика политичка криза со непризнавање на резултатите од последните вонредни парламентарни избори и почна да објавува снимени разговори на личности од извршната власт. Ова се само дел од матните финансиски зделки на плавите момчиња.

Како граѓанин на Република македонија, прашувам на кое конто се легнати финансите средства од горенаведените криминални финансиски зделки на актуелниот опозиционен табор, кога истиот имал можност да ја води внатрешната и надворешната политика на нашата земја.

На крајот, само како компарација, актуелната политичка гарнитура го одврза државното ќесе, но јавноста може да вииди на дело, започнати, а некаде и завршени капитални објекти. Се вложува во патната инфраструктура, во секој град во слободните економски зони се удираат камен темелници на реномирани брендови кои најавуваат отворање на свои погони во нашата земја и аналогно на тоа намалување на невработеноста.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.