Среда, 11 Ноември 2015   
Колумни за високо место во извршната власт

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски-Прилеп

Во последно време во печатените и елктронските медиуми, од Бихаќка, се пуштаат во оптек личности, кои според начелниот протокол од 15 јули од Пржино, требаше да седнат во жешките столчиња на извршната власт.

Еден од личностите, како иден заменик-министер во министерството за информатичко општество и администрација, се спомнуваше името на „храброто битолчанче“, саботниот колумнист во нашиот и Ваш дневен весник „Дневник“, Александар Кирацовски.

Како редовен читател на овој весник, редовно ги читам саботните колумни на господинот Кирацовски. Од неговите колумни на дело се гледа, дека господинот Кирацовски е обична марионета на струмичкиот бизнисмен и аболициран лидер на СДСМ, господин Зоран Заев  алијас  „Бошко Буха“. Имено, неговите колумни се монотони, од причини што нивниот автор, има голема аверзија од самата појава на премиерот Никола Груевски и неговиот владин тим.

Цело време бара оставка на актуелната владејачка гарнитура и на нивно место во април, наредната година, кога би требало да се одржат новите вонредни парламентарни избори, да дојдат на власт, според него, многу чесните плави момчиња ма чело со местачот на тендери во својата струмичка околија, господинот Зоран Заев.

Во колумните на Кирацовски немам прочитано програма на актуелната опозиција, ако случајно дојдат на власт идната година.

Се чини, дека господинот Кирацовским само да му се наметне на својот пулен, Зоки Зајчето, да го седне на заменик-министерското столче, во Министерството за информатичко општество и администрација, оди со многу ниски удари против актуелното владејачко мнозинство.

Во оваа прилика, само да Ве потсетам, господине Кирацовски, дека до пред година и пол, колумнист на Вашето место во овој весник, беше екс- премиерот, а подоцна и голем активист на Алијанса за подобра македонија, господионот Владо Бучкоски.

Господинот Бучкоски настапуваше крајно арогантно, исто како Вас, против актуелната владејачка гарнитура и дури самиот беше голем оптимист, дека неговото партиско движење ќе освои девет пратенички места на последно одржаните вонредни парламентарни избори.

Бучкоски доживеа пораз во сите сфери на општественото живеење и сега би требало во КПД Идризово, со одлежување на затворската казна за аферата Тенковски делови, на мир да ја пишува новата политичка програма.

Кирацовски, ќе го добиете, за вас толку посакуваното, место во министерството за информатичко општество и администрација, кое за жал, е со рок на траење од шест месеци.

На крајот од ова мое писмо, Господине Кирацовски, сакам да ми одговорите Што ќе правите, ако Заевиот брод повторно потоне по десетти пат едно по друго. Што би било ако би било така, Господине Кирацовски? Во таков случај вашите пукања ќе бидат во празно и истите нема да имаат дострел до личносати кои со своето ревносно залагање, и мислат добро на нашата мила и напатена Македонија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.