|
|
Чудно е што никој од опозицијата не излезе деновиве да го обвинат Груевски за настаните во Париз |
Бодликава жица ако Европа ги затвори границите за бегалците Случувањата во Париз и натаму се топ тема како во светските медиуми, така и кај нас. Меѓутоа, никој од нашите медиуми, ниту опозицијата ниту соросоидите, до денес не го обвинија Груевски за настаните во Париз, многу чудно. Во терористичкиот напад загинаа над 120 и над 350 луѓе беа повредени. Траорниот Петок 13 ја потресе Франција, го потресе светот. Од сите страни изрази на сочуство и поддршка на француската влада, кој овој чин го нарече акт на војна. Реките крв на невините жртви ја изнесе француската полиција и војска на улиците. Беше воведен полициски час, француските граници беа затворени и започна безмилосен лов на терористи и нивни помагачи, како дома така и надвор од земјата. Истовремено француските воздухопловни сили жестоко ги бомбардираат силите на ИСИЛ на Блискиот исток. Меѓутоа, никој од француската опозиција не се појави во медиумите за да ја обвини Владата во Париз дека безбедносните служби потфрлиле или дека намерно дозволиле ваков чин за да прикриат скандали. Никој не ги обвини француските безбедносни служби дека по немилите настани употребила прекумерна сила против терористите, нити пак некуму му текнало да оди да се слика со нивните поддржувачи. Иако, Турција на двапати ги информирале француските власти за еден од бомбашите самоуибци, никој не побара оставка од Владата на Франција. Напротив, ладнокрвите убиства на терористите ги обедини Французите. Без разлика на политичката припадност, тие пеејќи ја француската химна маршираа низ улиците на Париз и како еден застанаа во одбрана на својата земја, во одбрана на својот начин на живот. Настаните во Париз денес се топ тема и во македонските медиуми, исто како што случувањата на 9 и 10 мај оваа година во Куманово беа топ тема во француските медиуми. Француските медиуми тогаш ги бележат и првите оставки во македонската влада. „Министрите за внатрешни работи и транспорт, како и шефот на тајната служба поднесоа оставки на 12 мај по насилството кое минатиот викенд ги спротивстави силите на редот со вооружена група со албанско потекло и во кое загинаа 22 лица во Куманово“, пишуваат тие, притоа потенцирајќи дека одлуката била донесена „во интерес на Македонија со цел да се разреши политичката криза“. Од над неколку стотини написи за Македонија, дел од француските медиуми ги пренесуваат и обвинувањата на македонската опозиција дека со настаните во Куманово се дефокусира вниманието од внатрешната политипчка криза. За жал нема напис каде се зборува дека терористичката група во Куманово ги имала истите цели, како и терористите во Париз. Во тој период, СДСМ со своето однесување ја воведе земјата во политичка и во безбедносна криза. Односно поради насилното однесување ги доведе безбедносните сили во Скопје, што и овозможи на доброобучената четириесетчлена терористичка група да влезе во Диво насеље во Куманово и да се припрема за да изведе терористички акти слични како што имавме можност да гледаме во Париз. Благодарение на брзата и бескопромисна акција на македонските безбедносни сили, во која загинаа осум нивни припадници, групата беше спречена да го спроведе својот план, кој предвидуваше напади на разни објекти и со голем број жртви. Но, наместо да бидат наградени за пожртвуваноста и за тоа што спречија цивилни жртви не само во Македонија, туку и пошироко во Европа, македонските безбедносни структури беа обвинети токму од поддржувачите на терористите од Диво насеље дека несодветно постапувале кон заробените терористи. Најтрагично е тоа, што опозицијата, наместо да застане во одбрана на полицијата, таа отворено ги поддржа јатаците и поддржувачите на терористите, истовремено барајќи формирање на техничка влада, во што беше поддржана и од меѓународната заедница. Чудно е што никој од опозицијата не излезе деновиве да го обвинат Груевски за настаните во Париз. Настаните во Куманово имаа за цел да ја дестабилизираат Македонија, Тие целосно на виделина ги исврли не само плановите на СДСМ и Соросовите невладини организации, туку и дел од меѓународната заедница, под чиј притисок потоа дојде до смени во македонската влада и договорот од Пржино. Но, токму оставките на Министерот за внатрешни работи и шефот на тајната служба негативно ќе се одразат врз безбедносните служби во моментот кога земјата почна серизно да се соочува со мигрантската криза. Пред и за време на настаните во Куманово, бегалската и мигрантската криза не беше така изразена. Тогаш голем дел кои транзитираа низ земјата наоѓаа засолниште во албанските погранични села во близина на Куманово пред илегално да ја преминат границата. По зголемениот наплив на бегалци и мигранти евидентно беше дека мора да се прогласи криза на југ и на север од земјата, што се случи во текот на август. Постоеше страв дека заедно со бегалците и мигрантите може да дојде до минување на исламски радикали, што се покажа како оправдан. Имено, по настаните во Париз беше најден Сириски пасош кај еден од разнесените терористи кој од Грција, минал низ Македонија. Денес можеме да кажеме дека некој работел на тоа да ја ослабне безбедноста на нашата земја за настаните кои следуваа и кои треба допрва да следуваат – создавање на Балкански калифат. Поставувањето на министер за внатрешни работи од СДСМ, според договорот од Пржино, кој веднаш по доаѓањето ги укинува овластувањата на вработените во МВР, само го зголемува стравувањето дека во даден момент ќе изостане соодветен и навремен одговор во справувањето со закани по безбедноста на земјата и создавањето на овој калифат. А заканите на радикалните исламисти дека Европа ќе се соочи со вистински хаос, треба сериозно да се сватат, посебно по настаните во Париз. Случувањата во Париз дополнително ќе влијае и врз одлуките на земјите членки на ЕУ да го ограничат влезот на бегалците и мигрантите. Франција влегува во војна со ИСИЛ, а тоа значи согласно солидарноста и земјите членки на ЕУ и распад на Шенгенската зона. По Унгарија, Австрија и Словенија веќе ставаат жица на границата. Ако Европа одлучи целосно да ги затвори границите, тогаш поставувањето на огради како домино ефект ќе ги зафати сите балкански земји и ќе предизвика и Македонија да реагира на сличен начин, како што и беше веќе најавено по седницата на Советот за безбедност. Со оглед дека на еден повик, можен е нов масовен бран на бегалци и мигранти од Азија и Африка, поставувањето на бодликава жица на границата за да ги канализира и контролира нема да го реша целосно влезот на бегалците и мигрантите во земјата. Тоа може да доведе до зголемување на тензиите на јужната граница и опасност во земјата да се слеат и да останат голем број од нив. Затоа Македонија мора да се обедини по клучните стратешки прашања и не смее да дозволи поголем прифат на бегалци од своите можности и од она што е веќе договорено, зошто лесно може да дојде до нарушување на демографската слика во земјата. |