|
|
Теократија, а никако Демократија во Македонските цркви во Австралија |
Александар Џеповски Па до кога ќе си тераме инат и ќе се правиме попаметни од сите, или на Тошо? Ова со црквите во Австралија се претера. Званично лице како Владика, Поглавар па и поп... едноставно на некој Јанко, Петко или Станко може да не му се допадне и ете ти проблем. Зошто овие обични мирјани, поради подарена паричка која треба да биде наменета кон Бога, се занесуваат до тој степен што мислат дека имаат историска или " световна " мисија тие да влезат како ( не дај Боже ) спасители и да делат лекции кон сите, МПЦ а воедно и на Господ ? Тоа се случувало порано како и сега во Донибрук Манастирот во Мелбурн. Кратка историја за ова... неколку медиуми се најдоа во одбрана на Отец Гаврил, монах кој како и сите добро ги знае трите заклетви на кои неотповикливо мора да се придржува кои ги има дадено кон Владиката и МПЦ. Неговиот грев е што голем дел од времето го поминувал по одгледување на шарпланинците, птици и висење на интернет. Исто така намерно или ненамерно, некој од верниците го предложил за нов Владика по објава на конкурс од другата страна, која копа ли копа по МПЦ сите овие години. Не се спорни неговите квалитети, добрина и секојдневни молитви. На приложената фотографија, горе лево на ќошот е Ден Дончев, политичар кој е познат по тоа што сакаше да го сруши имиџот на Груевски и ВМРО ДПМНЕ по наредба на Заев и опозицијата. Некои велат дека е од протестанска религија, некои не... тој си знае најдобро и од едниот медиум замешан во оваа игра, добив информации дека двете деца ги крстел кај Отец Гаврил и редовно доаѓал на служби. Колку и дали е замешан тој, ќе покаже времето, ние никого не судиме и се оградуваме од такво нешто. Во сето ова, јас лично го гледам проблемот на мој начин. Преку глава ми е мене и на сите од вака загрижени цивили, кои колку и да се добронамерни, по диригенство на ѓаволот, не се свесни дека ги тргнуваат основните начела и закони на Бога - ТЕОКРАТИЈА во име на уличарската и Амриканско - ѓаволска филијала - ДЕМОКРАТИЈАТА, преку која добиваме педофилија, сериски убиства, истополни бракови, братоубиствени војни и што ти не. Имавме случај во Сиднеј, кога поп ( сега расчинет ) ја користеше хипнозата ( која ја изучи како предмет на Теолошкиот Факултет ) како средство за сексуална злоупотреба на жените, наместо за смирувачки тензии доколку дојдат во црквата или за време на литургии. Овој човек сите мажи му веруваа и го сакаа и коси корнеа по него кога беше отсранет. Па народот како народ... Владиката бил крив. Бог да чува. Затоа наши Македонци, една молба до сите Вас. Прекинете да изгравате закон и сила и да му се мешате на Бога. Тој ве гледа и се чуди колку лесно ѓаволот ве има под контрола. |