|
|
Претсадателе д-р Ѓорге Иванов поднесете барање за војна неутралност на Република Македонија ве моли иселеништвото |
Пишува: Јанко ТОМОВ Еден дел на младите и неуки членови на ЦК и на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кои завзимаат важни функции во институциите на владата на Република Македонија, пред се, како и во институциите на законодавната власт и претседателството на РМ, специјално во кабинетите на Премиерот на владата и во кабинетот на Претседателот, не ги пренесуваат важните предлози- актуелни ставови поткрепени со факти, од повеке делови на современиот живот, специјално за одбрана на македонскиот национален идентитет и уставното име на Македонија. Не ги пренесуваат тие изградени сознанија на лидерите Никола Груевски, д-р Ѓорге Иванов и на Трајко Вељановски. Патриотската диаспора е на став, владата на РМ да ги отфрли преговорите за името, преговорите за членство во ЕУ, а посебно да ги отфрли преговорите за НАТО. Под хитно да бара од ООН и Советот за безбедност ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, кое предлог барање го поставив кога почнаа да се употребуваат “бомбите” на СДСМ. Потоа да се бара од ООН и гаранција за некористење на територијата на Македонија, ниту од било која светска сила или од соседните држави на Македонија. Во меѓувремено да се ангажира д-р Игор Јанев, Македонец, правник од Србија, да оснива правен тим од македонски правници, за најхитно да поднесе молба до Генералното собрание на Обединетите нации, за признавање на Република Македонија, со уставното име. Ако владата на Р.Македонија не го поднесе тоа барање најхитно, тоа би било најдрагоцено да го достави претседателот д-р Ѓорге Иванов. Ако барањето до ООН и ГС не се достави до пред изборите во април 2016, тоа останува на невладините Македонски организации. Макдонските невладини организации, треба да осниваат преставничко тело од Републиката и од диаспората-Австралија, Европа, Канада и САД, за да со свои ускладени конкретни предлози- демонстративни барања, до своите влади и преставници на парламентите, излезат пред јавноста каде живеат, со барања да се признае уставното име на Македонија и Македонија да добие статут од ОН: ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Кои Македонски организации од диаспората потребно е да се вклучат, кои треба да ја докажат својата патриотска способност и способност за Македомски човекови права!? Од Диапората: - Асоцијација на македонските православни општини на Австралија - Обединета Македонска Диаспора; - Австралијски Македонски Комитет за Човекови Права (АМКЧП); - Интернационалниот Комитет за Македонски Човекови Права. Од етничките делови на Македонија кои се во окупација: - Патриотската Македонска организација на Пиринска Македонија, окупирана од Р. Бугарија: ОМО “ИЛИНДЕН”-ПИРИН; - Патриотска Македонска организација на Егејска Македонија, окупирана од Р.Грција: “ВИНОЖИТО”; - Патриотска Македонска организација од “Голо Брдо” и “Мала Преспа”, окупирана ор Р.Албанија. Сите Македонски патриотски-национални, културно-просветни организации и здруженија во оближните држави на Република Македонија, како што е активната МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА, МКД “ИЛИНДЕН” Риека, МКД :ОХРИДСКИ БИСЕР” Загреб и други Македонски културно-просветни организации во Р.Словенија, Австрија и понатаму во европските држави. (Нај ефикасни би биле Македонските Национални Комитети (МНК), по државите во светот, ако беа оснивани, како и постојните активни Македонски заедници, најповеке од поголемите градови на Австралија, Канада и Европа). Од Република Македонија: - Светскиот Македонски Конгрес (СМК); - Сите помали постојни Македонски политички партии кои се за сочувување на уставното име на Македонија; - Новите оснивани Македонски политички партии. До кого да се достават барањата од македонските невладини организаци и од помалите политички Македонски партии?: - До Секретарот на Генералното Собрание на Обединетите нации; - Претседателот на Обединетите нации; - Советот за безбедност на Обединетите нации. Ако не се согласат овие наведени институции на Обединетите нации, да ни дадат ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, за краток рок, да бараме помош од БРИК, Русија, Кина… и од сите држави кои го признаваат уставното име на Македонија, а кои ги има околу 126 или повеке. Ако Европската унија не сака да ја прими Р.Македонија со уставното име, за член на унијата до парламентарното гласање во април 2016 година, да прекинат сите преговори и да се бара од нив признавање за ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Ако НАТО ја прими Р.Македонија со уставното име, без обврски за вклучување на воени единици на Армијата на Р. Македонија во борби и војни против Руската Федерација и Славјанските односно Словенски народи на Источна Европа и без обврски за користење на војни цели, на територијата на републиката, , тоа ке биде награда за досегашното обезправените Македонци во светот и за суверена Република Македонија. За благодарност, македонците ке ги зајакнат своите пријателства со сите народи во светот, а посебно со тие народи и држави, каде живее македонската емиграција. која има длабоки врски, пријателства, склучени бракови со едни од постојните 160 националности и 60-тина мајчини јазици во кои спаѓа и македонскиот јазик, во мултикултурните и мултинационалните општества, како Австралија, САД, Канада. |