Среда, 02 Декември 2015   
Османлиската Империја од нејзиниот подем до нејзиното распаѓање

vasko-gicevski
Васко Гичевски

По големиот двовековен период на територијално проширување на империја во временски рамки од 1453 до 1683 година во империјата настапува еден период на стагнација на империјата на економски, воен и социјален план. Стагнацијата на Отоманската империја (1683-1827) претставува период од историјата на Отоманската империја кој следел по периодот на територијално проширување (1453-1683). По завршувањето на овој период следувал период во кој се појавува женскиот односно Валиде султанатот, Копрулската ера и ерата на Лалињата.

Периодот на стагнација на Османлиската Империја ќе трае до XIX век кога со реформите на султанaтoт Махмуд II Османлиската Империја несигурно но сепак ќе зачекори на патото кон модернизација на Империјата.

Државата полека полека се стигматизира се затвара но само делумно со нејзиното стигматизирање таа нашироко го отвара патот за настапување на мандаторите кои ќе уследат како катастрофална последица на низата лоши политики и неуспешни војни. Во текот на овој период, голем дел од Балканот бил отстапен на Австрија. Одредени области во империјата, како Египет и Алжир станале полузависни, за да подоцна паднат под влијание на Велика Британија и Франција. Во текот на 18 век централната власт била реорганизирана, голем број на провинции добиле автономија. Во текот на 18 век и 19 век се воделе серија од војни со Руската империја. Со престанувањето на победничките војни започнале да се намалуваат приходите на империјата.Со намалувањето на приходи било се потешко да се контролираат поданиците а особено војската која изразувала силно незадоволство и непошлушност.Особено во текот на 18 век се засилиле и тенденциите на сепаратизам односно отцепувањето на одредени аги,паши и бегови од централната власт. На нашите територии познат е примерот со Али паша Јанински,Абдурахман паша Тетовски,Џелаедин бег Охридски итн.

По проблемот со појавите на сепаратизам во Империјата се повеќе се засилува и незадоволството кај јаничарите, темелот на осмалиската држава која била незадоволна од една страна поради воените реформи кој ги започнал султанот Селим III а од друга страна постојаните порази на воен план. Со проширувањето на слободите и правата на јаничарите а со намалувањето на нивните должности ситуацијата станала уште покритична и сето тоа резултира со укинување на јаничарската орта во 1826 година и воведување на воениот систем низам и једид од страна на султанот Махмуд II кој решил целосно да ја реформира империја и всушност по оваа одлука започнува така наречената реформска ера во Османлиската држава односно Танзиматот. Но всушност модернизацијата нема да и донесе на Империја ништо добро туку евидентен факт е дека модернизација во суштина е почетокот на крајот на Османлиската Империја затоа што по периодот на Танзиматот таа постојано ќе слабее и слабее и ќе станува се позависна од развиените држави најпрво од советодавен аспект а подоцна и од економски аспект со се поголемите долгови што Империја ги трупала кај европските монархии поради неправилното владеење и расипништвото на османлиските султани.

Исто така и раководењето на новиот економски систем чифлигарскиот  кој го заменил стариот тимаро спахиски систем било се потешко поради тенденциите на крупните чифликсајбии за сепаратизам од централната власт на султанот.

Потребата од реформи во Османлиската Империја била очигледна но исто така било очигледно дека и османските власти немааат доволно капацитет за да ги спроведат иситите тие реформи поради силниот опортунизам што владеел особенно кај улемата, но исто така и помеѓу народот и токму поради реформите на Танзиматот ќе се случат бројни манифестации на отпор против истите како што еден пример е Албанското востание од 1843-44  година

Двата најголеми акта на Танзиматот се улханскиот хатишериф и Хатихумајунот. Со донесувањето на Гулханскиот Хатишериф во 1839 година од страна на султанот Абдул Меџит I со кој се гарантирале верските права на поданиците се отворил патот на модернизација на Османлиската Империја за подоцна во 1856 се донесува и Хатихумајунот, односно царското писмо со кој се ветуваат верска и националнарамноправност на сите народности во Турската империја, слобода на вероисповедта и мислењето, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во турската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. Тој предвидува и црковни реформи, замена на натуралните давачки кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, судството, полицијата и даночната политика, воведување на редовен буџет од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго.

Од страната на реформите во административната поделба тука се случиле навистина некои поголеми промени. Според новиот Закон за создавање на вилаети во европскиот дел на Турција се формирани 6 вилаети. Северниот дел на Македонија влегувал во составот на Косовскиот (подоцна: Скопскиот), а јужниот - во составот на Солунскиот вилает. Дополнително е формиран Битолскиот вилает. Така целата територија на Македонија влегува во составот на споменатите 3 вилаети. Ваквата нејзина административна положба останува до крајот на турското владеење.

Покрај очигледната потреба за реформи, реформската ера односно Танзиматот завршува во 1876 година со доаѓањето на султанот Абдул Азис на престолот кој повеќе бил заинтересиран за својот приватен живот и черевоугодие околку за доброто на сопствената држава.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.