Среда, 02 Декември 2015   
БЕЛА ЧУМА: Причини и последици, мерки и санации

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Иако нашата планета глобално се соочува со проблемот пренаселеност, сепак одредени нејзини делови патат од сосем спротивна болест - недостаток на население. Навистина една топ тема (не само кај нас, не само во регионов и не само во последно време) е демографската состојба при која одредени подрачја се инфицирани од БЕЛАТА ЧУМА и соочени со изумирање. Инаку, бела чума е друго име за депопулацијата што пак претставува намалување на населението на некоја земја или народ, подрачје, град... по пат на миграции (иселување) и/ли преку нискиот наталитет.

Миграциите претставуваат раздвижување на населението и тие можат да бидат: внатрешни и надворешни. Внатрешните се појавуваат како раздвижување (преселување) на населението од еден регион во друг или од село в град и тие (условно) се помалку опасни (населението сепак останува во границите на државата). Но, пак, надворешните се изразито опасни по една земја или нација. Посебно кога ќе се земе во обзир ноторниот факт дека најголемиот процент од откорнатите го сочинуват студенти или млади брачни парови - најпродуктвниот и најкреативниот потенцијал кој треба да го понесе теретот на општествто.

Познато е, наталитетот е поголем во послабо развиените земји (па и региони). Причните не би ги елаборирале посебно но само би посочиле дека природниот прираст е добар или задоволителен на сите континенти освен европскиот каде од поодамна е познато кубурењето со наталитетот на скоро сите западноевропски земји а кој “вирус” веќе ги инфицира и источните. Заклучокот е неминовен: континентална епидемија! Сакале или не (и не само ние, рековме тоа е болест скоро на цела Европа) мораме на белата смрт - депопулацијата (изумирањето) да и погледнеме директно во очи и да се соочиме со неа.

При една ваква, поприлично загрижувачка состојба човек најнормално е да се запраша: ами чаре? Чарето е тоа: силна експанзиона популациска политика што, фала Богу, барем кај нас оваа е прва влада која ја започна и ја тера. Сепак, мораме да бидеме реални, демографската политика не е волшебен напиток од видот сега  и веднаш. Напротив, тоа е еден долгорочен, многу макотрпен процес кој што опфаќа широк фронт од мерки и акции а чии резултати најчесто се за очекување после години и децении.

Интересно, помалку лаичко а повеќе политичко е гледиштето кое што го застапуваат некои “експерти” во последно време кај нас а според кое економската лоша ситуација е прва, основна и најголема причина за намалениот наталитет (бр. на склучени бракови, родени деца...). Да, така е но само на прв поглед и онака наизглед и површно гледано. Но посериозните анализи велат нешто сосема друго: токму (како што веќе спомнавме) најразвиените земји кубурат со природниот прираст а пак сиромашните никако да ја зауздат експанзионата репродукција. Статистиката јасно потврдува дека високообразованите најчесто запираат на едно-две деца додека кај нискообразованите  таа бројка е каде-каде поголема. Ете тука, за жал, во и околу таа грмушка треба да се бара зајакот а не во сиромаштијата оти, и одново ќе потенцираме, земјите со најнизок стандард имаат највиск наталитет.

Јасно и недвосмислено (иако на прв поглед не и логично) произлегува дека високиот стандард со сите нус (д)ефекти го коси високиот наталитет - а не обратно. Оттаму апел тезата на владата: три деца по семејство (по едно за мама, тато и државата) е спасоносната формула. Да де, рековме, не сега и не веднаш ќе наникнат градинки како печурки но најбитното е тоа што некој во оваа држава конечно се сети и одважи да го детектира и алармира проблемот и опасноста од намалениот наталитет. Оти, тој пат што го врвеа си(л)ните западни земји, проследен со раст на животниот стандард а пад на наталитетот (и покрај доселувањата од нискоразвиените и “црномурестите”) треба/ше да биде наша поука на туѓите грешки.

Значи, да констатираме, никој нека не очекува дека уште со првите демографско-стимулативни мерки штрковите преку ноќ ќе слетаат во гинеколошките одделенија туку дека тие се само почеток на акции и потези кои што долгорочно ќе се спроведуваат во таа насока. Па популационата политика и по дефиниција претставува реакција на целината (државата) на лошите репродуктивни однесувања се со цел да се променат тие и да се обезбеди опстанок но и раст. И, иако се појавија закани  ем сопреа закони, во однос на тоа дека ваквите мерки се однесуваат само за регионите (општините) кои имаат наталитет под 2,1%, ваквата поставеност беше исправна бидејќи сега и вака, кога не се води пропорционална грижа, демографскиот регионален дизбаланс, кој е евидентен, би можел да биде (и ќе е!) уште поголем на штета на загрозените подрачја.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.