|
|
На народот им треба лидер како Никола Груевски |
Глобализацијата често се интерпретира како процес на светска интеграција во еден заеднички систем каде постои меѓузависност на земјите и регионите од земјината топка. Таа честопати е дефинирана како процес воден од невидлива рака, а не како програма управувана од една земја или на група земји. Во тој процес во кој се зголемува вмреженоста и испреплетеноста на економските и политичките интереси, а во која е нарушена моќта на државата, претпочитајќи ги социјалните и културолошките аспекти, се повеќе доаѓа до судир на цивилизациите. Македонија која е определена кон пазарната економија, предводена од премиерот Никола Груевски, направи напор за промовирање на националниот интерес, како и вмрежување во меѓународните структури и центри кои имаат влијание врз овие процеси. Македонија ги мобилизира своите ресурси, информации и фондови, но поради дејствувањето на Грција и внатрешните елементи, долго време е изложена на притисоци, но и на последици по нациналните интереси, идентитет и суверенитет. Опозициската СДСМ, како внатрешен елемент, откако првично политички и безбедносно ја дестабилизира земјата, сега се обидува и економски да ја блокира државата. По договорот од Пржино, по кој со помош на странците опозицијата влезе во власта, сите чекори кои ги превземаат нивните луѓе, потсетуваат на времето на нивното владеење на почетокот на независноста на Македонија. Тогаш, во темната пролет на македонската држава, црвената елита, ја запусте Македонија. Медиумите беа контролирани, фабриките се затвараа, луѓето беа отпуштани од работа, се кратеа пензии, а истовремено се тргуваше со името и државните симболи. Денес, таа црвена елита ја пее истата песна. Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, најави вето на редовните аукции на државни записи предвидени со Буџетот за 2015 година. Доколку тоа се оствареше, тој ќе ја доведеше во прашање редованата исплата на пензиите, платите за безбедносните служби, на здраствените и образовните работници, помошта за социјално ранливите категории, изградбата на патишта, други важни проекти и т.н. Иако безуспешно, поради одлуката на Државната изборна комисија со која се поништува ветото, ваквата политика на луѓето на СДСМ, предизвикаа загриженост кај граѓаните на Македонија. Дополнително загрижуваат и заканите кои ги упатуваат Социјалдемократите кои „сметаат дека банките како најголеми доверители мораат да имаат предвид дека утрешната и сите наредни аукции на државни хартии од вредност, кои немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување... Всушност се потврдија претпоставките дека со влегувањето на опозицијата во власта, СДСМ ќе се обиде да создаде хаос и да оди спротивно од интересите на државата. Истовремено, тие го покажаа правото лице, како ја замислуваат иднината на земјата доколку дојдат на власт, по предвремените избори во април 2016 година. Всушност нивниот концепт е воведување на диктатура и државна цензура, спротивно на она за што јавно се декларираат дека се за слобода и демократија. Дека опозицијата е спремна да употреби фашистички методи покажуваат и нивните предлози за измени на законската регулатива за медиумите. Според барањата на СДСМ, тие сакаат да имаат свој претседател на Агенцијата за медиуми, кој ќе има право да дава или одзема лиценци за работа на медиуми врз основа на свое лично убедување, а не со одлука на Советот на Агенцијата. Исто така, тој би имал слобода сам да одлучува дали некој медиум треба да биде казнет, дали работи објективно и непристрасно, дали ги почитува правата и слободите и дали ги негува хуманите и моралните вредности. Опозицијата бараше и зголемување на казните од 10.000 на 50.000 евра, како и за поставување свое раководство во Македонската радио телевизија. Меѓудругото, СДСМ бара и укинување на одговорноста на членовите нa советот доколку нанесат штета на радиодифузерите. Ваквите барања на СДСМ кои се далеку од нивните ветувања од слобода и демократија, отвараат низа прашања, меѓу кое, што навистина ни припрема опозицијата. Промената на реториката во однос на Кумановските настани и лицемерието кое при тоа го покажува лидерот на СДСМ, посочува дека македонските граѓани треба да бидат будни. Имено, Зоран Заев сам призна дека не ја говорел вистината по акцијата на македонските безбедносни сили на 9 и 10 мај оваа година во Диво Насеље во Куманово. Тогаш тој излезе со тврдење дека акцијата во која загинаа осум припадници на безбедносните сили ја наместиле македонските власти, а сега во Словенија зборува дека случувањата во Куманово се исто така терористички акт како и во Париз. Ваквите неконсистетни ставови покажуваат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не е сериозен политичар кој може да ги брани интересите на македонскиот народ и држава. Исто така, тие укажуваат дека тој работи исклучиво за свои лични интереси и дека во даден момент може да предизвика војна и поделба на земјата. Во услови кога Македонија се соочува меѓудругото и со мигрантска криза, а во БиХ, Косово, Албанија и Македонија постојат ќелии на исламистички групи спремни да тргнат во борба против Западот, ваквата неговата политика е погубна. Штетата која опозијата и ја прави на Македонија е огромна и за жал поради надворешна поддршка таа не е санкционирана. Но ако тоа сега не може да го направи владеачката партија, тоа ќе го направи народот на парламентарните избори наредната година. Народ памти и добро знае на кого ќе го довери својот глас, но тој нема сигурно да биде за Зоран Заев и СДСМ. На народот им треба лидер како Никола Груевски, кој заедно со својата партија ВМРО ДПМНЕ, има визија, знаење и умење да го води македонскиот брод низ немирното море на глобализацијата, чии бранови од разни сфери на влијание се судираат тука во Македонија.
|