Среда, 09 Декември 2015   
Некои прашања... кои заслужуваат одговори

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Насила територијална етничка поделба, бенч маркови џабе исполнети, знаме устав и име променети, малцинства откажани, нов удар врз името но и идентитетот, политички и секакви зако(а)ни од разно-разни белосветски пробисвети, па ОНА, АНА, Арачиново, Куманово... нели е тоа силувана демократија и решето сторена држава?

Кој мајчин син и според кое право бара и тера промена на името на држава поради област или провинција?

Има ли намус и огледало јадач на живи луѓе да зборува за човекови права а  партиски аболиран за партизирано судство?

Не е ли лицемерие да се декларираш за борец на „црна“ средна класа а „Бело Море“ под јахта или прозор на вилата да ти „таласа“?

Ако на избори наред губиш деветпати кој е виновникот: прејак ти е противникот, ти си преслаб или греши народот кој е „неписмен“ и „стадо“ а... сепак е во право?

Што мајка бара или што мака го навјаса газда на фабрики и илјади вработени, плус „татко“ на општина ем и „папа“ на партија пешки крле-врле да шпарта граница?

Каков профа е тој и кое право пре(о)дава кога додека министерува автомобилот на претседателот во воздух му се дигнува а него ни влакно не му недостасува плус и со нова позиција се наградува?

Фер ли е едни да добиваат власт од народ на избори а други од надвор од спонзори?

Кому и колку ли е сладок тој „бомбона бизнис“ со кој монопол се дарува а народ до коска одерува?

Парите на позицијата ги гледаме и во споменици но и во градби (згради, школи, сали, патишта...), а каде испарија на опозицијата кога тие беа власт?

Личи ли ти задникот да си го сместиш во на претседателот столот или на бирото а потоа да кукаш ем плукаш дека ти го покажале излезот?

Погрешно ли е опозиција да се поистоветува и римува со фри шопови и приватизација а позиција со роуд шоуа и инвестиција, и кој тоа таму паламуди дека некој Робин Худ, Дедо Мраз, Црвен Крст, Месечина... во една земја ќе инвестира од тоа што се солидаризира а не за да профитира?

Здрави ли се тие што кукаат по здравјето на здравството а една „инјекција“ не му ставија кога тие го лечеа?

Ако неколку жигосани медиуми (од кои само еден весник!) се прогласени за нечии политички непријатели не е ли тоа признание дека сите останати им се пријатели?

Ќе бидеме ли начисто: кој е овластен а кој повластен, Советот или „специјалката“?

Да ги запрашаме сините кои што детонираат еднострани бомби и кинат зелени а иронизираат за жолти комбиња, се спремаат ли одново да црвенеат и по ентипат цимолат априлили вечерта на 24-ти и што ако и наредните избори (па и тие поними...) тој што ќе загуби ги оспори – пак ли технички, специјалки – до кога дрндупки?

Резултатите од анкетите и ултиматумите на опозиционерите, кои хронично бараат избори а молат бога да не ги најдат, не ли навестуваат и трасираат патеки за бришка одними?

Го чувме признанието на Оливера за „бомбата“ со Радмила за „криминалот на сељакот од Муртино“ ем начувме за барањата на Ѓеро од соросовите претставници за зголемени донации за неговите медиуми или барем кешот од 5.000 евриќи. Тоа ли се сите, само 2 (ах да 3, плус снимката за ќерката на Заев) од околу 600.000 прислушкувани разговори „на опозицијата“ и може ли народот реално да суди на избори со полувистини и еднострани „бомби“ па ќе ги добие ли барем специјалната сите нив, оти вака излезе опозицијата била прислушкувана а само власта (о)стана бомбардирана?

Зоране бре алтане, што според тебе беа предизвикувачите на крвопролевањата во Куманово: терористи, криминалци или пак и јунаци кои заслужено беа погребани со национални знамиња, ќе се доизјаснеш еднаш или ќе шараш „секому според потребите“?

И за крај: преставуала, преставува и ќе преставуа ли Македонија една национална целина - како што прашува Крсте Мисирков, или мајката и е федерализација - како што пишува Бранко Ѓероски?

П.С. По толку прашања и само една констатација: политиките на Заев и другарите конечно даваат резултати – магла на сите страни, уште само фали ветер и... ете ви ја „вистината за Македонија“!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.