Среда, 09 Декември 2015   
Османлиската империја од нејзиниот подем до нејзиното распаѓање (2 дел)

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Во суштина Танзиматските реформи се добар почеток за модернизација и реформизација на Османлиската Империја, но тие во своите суштински делови: правото, верата, економијата, воопшто не се примениле, туку се примениле само оние периферните од страна на администрацијата и административната поделба со што државата уште повеќе се централизирала и тоа ќе стане само уште една причина плус за подоцнежните немири кои што ќе се случуваат ширум Империјата

Со почетокот на XX век Империјата веќе е на својот залез, на цела територија на државата постојат револуционерни организации и напредни движења инспирирани од движењата во запдна европа(либерализмот,социјализмот,анархизмот итн.) па со многубројните востанија во првата половина на XX век меѓу кои и Илинденското востание, Младотурската револуција, Турско Италијанската војна од 1911, Балканските војни со кои Османлиската држава е лишена од сите свои европски тертории и Првата Светска Војна (18914-1918) во чиј виор османлиската империја ќе се најде на страната на Централните сили и ќе претрпи силен пораз и делба на територија( иако таа веќе воено и економски била крајно немоќна и за време на војната и пред неа) веќе по Турската војна за независнот (1919-1922) крајот на Империјата е веќе неизбежен.Во 1923 година последниот султан на Османлиската Империја е симнат од престолот, државата се преконструира во република  а на нејзино чело застанува Мустафа Кемал Ататурк кој ќе го отвори патот на модерна Турција.

Стариот феудален систем во Османлиската Империја, недоволната развиеност на институциите и големата неписменост која што владеела во Империјата била причина за нејзина стагнација и стигматизација претворајќи се еден вид музејски примерок на империја во Европа а пак брзиот развој на европското опшество постојано изнудувал развој и реформи во Османлиската Империја.

Застарениот воен систем, економски и опшествен систем и всушност целата Османлиска Империја заостанувала зад останатите европски монархии кои пак го држеле во свои раце и напредокот на технологија, науката и кулминација на она што се нарекува “култура на европско опшество”  .

Империја останува заробена во времето поради силното влијание на верските закони кои го кочат нејзиниот напредок поради мешањето на световното со секуларното и влијанието на верскиот закон- шеријатот врз секојдневниот живот на луѓето.

Неспособноста на султаните да донесуваат правилни одлуки во вистинско време ќе допринесе за распадот на Османлиската Империја и. Како една од најдолготрајните империи во историјата на човекот, Османлиската империја таа оставила свој печат со својата богата и силно развиена култура и наука( особено во полето на астрономијата,математиката,медицината,поезијата). Остатоците кои ги остави зад себе денес се едни од најпосетуваните туристички дестинации кои како нем сведок оворот за славата и гламурозноста на една величенствена империја која  останала во историјата.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.