Среда, 09 Декември 2015   
Досега непозната легенда за гробот на Александар Македонски

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Легендата ја раскажувал Дане Тонев (1898 – 1993) од штипското село Пиперово, а јас ја запишав од неговиот внук Симе Тонев (род. 1968), кој ми ја раскажа така како што ја запомнил од својот дедо, кој пак ја запомнил од своите предци. Според оваа легенда еден голем македонски цар во далечното минато загинал во Мала Азија.  Но, неговата мајка успеала некако да го украде неговото тело и сокриено во голема амфора во мед, го донела кришум на Зелената планина. Притоа мајката цело време неутешно плачела по својот син. Наредила да го погребаат според традиционалните обичаи на некоја тајна локација, а потоа приредила гозба за сите што учествувале во погребувањето. На гозбата во виното им ставила отров, така што сите биле убиени, па местото на погребувањето останало тајна. Поради неутешното плачење на мајката на царот, Зелената планина подоцна го добила името Плачковица.

Дане Тонев раскажувал дека од своите предци  запомнил  дека локацијата на гробот наводно била близу самиот врв на планината (денес познат под името Туртел). Тој раскажувал дека порано Плачковица и навистина се викала Зелена планина заради богатото зеленило што го содржела.

Дане Тонев раскажувал уште една легенда овој пат за своето село Пиперово (на дваесетина километри од Штип). Над ова село порано имало тврдина од која денес се зачувани остатоци. Тоа место до денес се викало „Филипово око“, а среде селото имало могила (која патем да спомнеме официјално е заведена во археолошката карта на Македонија), во која наводно бил закопан некој древен војсководец сосе својата златна кочија.

Иако во првата легенда не се спомнува името на Александар, јасно е дека истата се однесува на него, а слично е и со називот на локалитетот „Филипово око“, кој несомнено е поврзан со царот Филип Втори, за кого е познато дека немал едно око.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.