|
|
СДСМ вака ниско никогаш не загазила |
Од осамостојувањето на Македонија, никогаш земјата не газела така цврсто и не одела така со крупни чекори напред, како што тоа се прави во последно време под раководство на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ. Се градат патишта, железници, болници, фабрики, спортски објекти, се реновираат училишта и градинки, паѓа невработеноста, се овозможува поволни кредити за куќи и станови за млади брачни парови, растат пензии и плати. Сепак, нешто недостасува. Не е се мед и млеко. Опозицијата предводена од СДСМ продолжува да ја држи земјата во заложништво со креираната политичка криза. Ја нема она стара „добра социјалдемократска партија“ од времето на Бранко Црвенковски, кога народот знаеше што може да очекува од црвената елита. Затварање на фабрики, технолошки вишок, откази, сиромаштија, кратење на пензии и плати, продажба на државјанства, пасоши, територија, име, знаме и сл., беше нивниот заштитен знак. Сега некои нови дечишта, некои нови социјалдемократски мангупи, континуирано продуцираат афера по афера. Си играат сакам неќам избори. Народот не само што не може да ги препознае, туку не ни може во нивната конфузност и противречност да ги разбере што сакаат. Но, сепак тој чуствува дека позади целата гласност на т.н. „бомби“ и исконструирани афери, дека позади сите навреди кои се упатени кон него, кон обичниот граѓанин, новинарите и бранителите, дека позади клеветењето и шурувањето со странците, СДСМ со своите надворешни поддржувачи подготвува нешто лошо за Македонија, а тоа не им се допаѓа. Тоа го покажа и последната анкета на една од најреномираните агенции „Брима Галуп“, според која ВМРО ДПМНЕ е со двојна предност пред СДСМ. Оваа анкета кажува дека мнозинството од народот вели не на валканата социјалдемократска политика. Едноставно мнозинството Македонци не сака да се врати на дното, каде еднаш беше втурнато од СДСМ, не сака некој како нив во нивно име да тргува со името на земјата, идентитет и т.н. Навистина се чудни потезите кои ги прави опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев. Чудни се обвинувањата кон сопствениот народ, но уште почудни се и дружбите на челници на опозицијата со криминални структури и други лица кои не и посакуваат добро на земјата. Всушност СДСМ го потценува сопствениот народ, кој внимателно следи се што се случува на политиката сцена. Сеуште се свежи сликите на челникот на опозицијата со поддржувачите на вооружената група во Куманово која планираше терористички напади и која во вооружена пресметка уби осумина припадници на безбедносите сили на Македонија. Се појавија и слики на високи функционери на СДСМ со лица од подземјето кои се вмешани во најновата афера со лажни лигитимации. Неодамна од страна на техничкиот министер за внатрешни работи на СДСМ беше тримфално најавена истрага за фалсификувани лични карти кои наводно биле употребувани за време на изборите. Меѓутоа, на барања ОЈО, во полициската истражна постапка, се покажа дека тие не биле употребени во изборниот процес. Но, затоа пак во истрагата била откриена тајна работилница за изработка на фалсификувани лични карти и пасоши, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, заштитни елеци и др., а исто така беа приведени и три лица. Токму првоосомничениот, како што пренесуваат медиумите од извори на истрагата, бил дел од структурите на СДСМ и мошне близок со социјалдемократскиот технички министер во МВР. Молчењето на социјалдемократите и техничкиот министер во МВР, кој истовремено е генерален секретар на партијата, наведува дека раководството на СДСМ имало намера да печати фалсификувани лични карти и пасоши за кои би ја обвинила владеачката ВМРО ДПМНЕ дека сака или ги лажирала изборите и со тоа да го намали рејтингот на владеачката партија, а истовремено да ги искористи за свои потреби. Исто така, информациите говорат дека опозицијата била спремна за спроведување на операција за смалување на рејтингот на владеачката партија некаде пред избори, преку објавување на фалсификувани бугарски пасоши на кои стоеле имињата на високи државни функционери, како и прикажување на фалсификувани банкарски сметки со кои истите би се обвиниле преку медиумите дека од Македонија се изнесуваат големи суми на сметки во Швајцарија. Не е првпат, од осамостојувањето до денес, СДСМ да биде обвинета за лажирање на изборите. СДСМ вака ниско никогаш не загазила. Презирот кој го чуствуваше македонскиот народ кон нив и кој повеќе пати е искажан на редовни или предвремени парламентарни, претседателски и локални избори, сега е уште поголем. Па се поставува прашањето зошто тоа го прават, зошто одат против народот, зошто дозволуваат да паднат толку ниско. Личните интереси на челниците и обрските кон надворешните партнери можат да бидат дел од одговорот. Така да откако со договорот во Пржино станаа дел од власта, одржување на тензиите и овозможува на СДСМ да калкулира со тајмингот за одржување на изборите кои инаку се закажани за април идната година. Но, одредени индиции укажуваат дека во согласност со нивните подржувачи, треба да останат во власта и да бидат слабата алка во системот се до моментот кога треба конечно да се решааваат клучните прашања како што е името. Меѓутоа, надворешниот фактор заборава дека за клучното прашање не одлучува ниту една партија, ниту сите собрани политички чинители во власта, туку народот. А кога ќе дојде време, македонскиот народ ќе знае и на кого да му го довери мандатот, но и како да го зачува своето име доколку се случи нешто непредвидено. Не смее никој да го потцени македонскиот народ. Го живееме времето на остварување на македонскиот сон, време за светлина, време на новата Македонска ера. Ќе опстоиме и ќе победиме само ако веруваме во бога и во себе, само ако бидеме единствени и непоколебливи. Господ е со нас Македонците! Да е вечна Македонија, земја Библијска на Филип, таткото на Александар Македонски! Амин! |