Среда, 30 Декември 2015   
Лозарите: „Денес ние сме и потребни на татковината“

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Младата македонска книжовна дружина (ММКД) е друштво на македонски емигранти, кое дејствува во Софија кон крајот XIX век. Меѓу членовите на Друштвото се наоѓаат најголемите имиња на македонската револуционерна борба како: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо матов, Петар Попарсов, Ѓорѓи Беласчев, Војдан Чернодрински и други. Во јануари 1892 година  друштвото го објавува првиот број на својот орган  „Лоза“ и по него целото движење го добива називот Лозари.

Воведниот збор на првиот број на „Лоза“ всушност преставува официјална програма на Младата македонска книжевна дружина од кој можат да се насетат целите и задачите на македонската интелигенција на крајот од XIX век. Наместо наслов на уводникот, како мото биле напишани зборовите на Софокле: „Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина“. Интересно е да се напомене дека уредниците на „Лоза“, кои сакаат да се повикаат на извесна традиција,  почнуваат со истиот апел кон своите сонародници, кој Македоненецот Константин Бели – Македонецот го објавил во 1838 год. во Виена, во кој меѓу другото се вели:

„Во своите последни минути, со немирна совест, умираме мошне нажалени, и нашата татковина, прекрасната мајка татковина не тагува поради нашата смрт, ниту пак не придружуваат молитви на останатите наши браќа; татковината не нас не отфрли како недостојни чеда за нејзината љубов, како туѓинци и изроди, со зборовите : „Тргни се од мене изроде!“. И потомството нас не осудува за нашата бесчувствителност и рамнодушност со зборовите: „И жив беше бескорисен, а умрен е достоен за осуда “.

Со зборовите на Бели, уредниците на „Лоза“, всушност апелираат до Македонците да го помогнат делото што се гледа и од текстот: „Да, нашиот сонародник не потсетува на една од најсветите должности. И навистина има ли поголема среќа, има ли нешто по племенито од тоа да и служиш и да работиш за татковината, за сенародното добро, од кое зависи и нашата лична среќа?.. Така му е потребна на човекот татковината, ...но и човекот му потребен на татковината. Денес ние сме и потребни на татковината...

Покрај вака јасно искажаните мисли, во овој број е објавен внимателен текст на Езерски, псевдоним на Георги Беласчев од Охрид, во кој тој потсетува на разните претенденти  на историското минато на Македонија и ги преставува патеписните белешки на разни страни патеписци, сакајќи на тој начин да го престави самостојниот развој на македонскиот народ.

Иако материјалите кои излегуваат во првиот и во наредните броеви биле внимателно напишани, веднаш по излегувањето на првиот број, на 18 февруари 1892 година, бугарскиот владин весник „Слобода“ дал прв знак за узбуна. Весникот признава дека не е првпат меѓу Македонците да се јавуваат такви политички и литературни тендеции и дека ова движење било забележано уште во шеесетите години. Но, како што пишува овој лист, тие не можат да сватат како после толку жртви дадени за остварување на иста идеја за единство на еден цел народ, како сега ќе можат да ја објаснат оваа појава во општествениот живот.

Овој лист многу илустративно говори за жртвите кои ги дале Бугарите. За нив и за тоа какви антимакедонски акции презеле во текот на четирите децении, овој весник пишува: „Напорите на целата интелигенција, на целиот бугарски народ сега се насочени на тивка, мирна борба за национално единство. Се трошат и пари и сила и енергија на народот во таа борба со Србите и Грците. Ништо не се штеди за да победи идејата за тоа дека Бугаринот од Македонија, Тракија и Мизија е син на иста мајка Бугарија, дека тој има исти обичаи, навики, јазик, политички стремеж и идеали. Но покрај тоа, во самото предвечерие на таа засега природна борба која прераснува во отворена борба во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија, се појавуваат луѓе кои се обидуваат да уништат плодовите на повеќегодишниот напор, за да докажат дека Македонските Бугари се посебна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи. Какви подобри докази можат да бараат Србите од тоа дека Македонија не е бугарска.“

По овој напис се кренала голема прашина во бугарскиот печат, по што списанието „Лоза“ испратило до весникот „Слобода“, опширен одговор за своите постапки и цели, кој не бил објавен. Веднаш, по излегувањето на вториот број на „Лоза“, „Слобода“ ги зголемила своите напади. На 13 април 1892 година, бугарскиот публицист Димитар Левов во својот напис уште подобро го објаснува целиот проблем. И тој истакнува дека вакви појави биле добро познати во минатото и дека на тоа Македонците ги потикнувал познатиот руски славјанофил Иван Аксаков. Иако Левов ја брани Санстефанска Бугарија сепак признава дека луѓето од западна Македонија денес едвај или никако не ги разбираат Бугарите од другите краеви на Санстефанска Бугарија и притоа осврнувајќи се на двете списаниа на „Лоза“ ќе додаде:

„ ...Од статијата “Неколку белешки“... се гледа да ова (друштво) му припаѓа на славјанскиот елемент кој денес преовладува, дека името на тој елемент е Македонци, дека Македонија е нивна татковина и дека таа е посебна славјанска земја, чие минато е обвиено со блесок, и тоа за време на Филип и Александар Македонски, но која за време на нивните наследници пропадна... Младото друштво под завесата на книжевноста не оди само на остварување и пропаганда на некој фантастичен фонетски правопис, туку покажува тенденции, колку изненадувачки толку и вознемирувачки, срамни и опасни....“    

Димитар Левов навраќајќи се на првиот број на Друштвото и на воведот на Езерски заклучува:

„Како што гледате, Македонското друштво смета дека нивната татковина е Македонија, дека неа ја населува посебно славјанско племе наречено Македонци; дека таму се собрале сите можни надворешни елементи, односно Бугари, Грци, Срби и други воодушевени со своите планови и интереси; дека целта им да ни пружат силен отпор и да се заштитат од нашите злосторнички претензии.... тие малку по малку ќе го припремат јавното мислење за одвојување на Македонија од Бугарија, и малку по малку тие ќе ги воведат зборовите од охридското подрачје, кој ќе биде книжевен јазик на идната Голема Македонија, на чие чело ќе застане еден од уредниците на “Лоза“ во својство на Филип или Александар.

Дискусијата околу Лозарите се проширила во бугарскиот печат, а цариградскиот егзархиски орган “Вести“ отворил жестока полемика со грчкиот патријаршиски весник „Неологас“. Се вмешал дури и белградскиот печат, но тој не сакал да го види македонскиот карактер, туку се наврлил на бугарштината во Лоза. Додека во бугарскиот печат, поедини листови се обидуваат да релаксираат состојбата, Србите и Грците заеднички ќе истапат дека „веќе постои расцеп меѓу Македонците и Бугарите, и дека нивното тврдење дека Македонија ја населуваат Срби и Грци, ја потврдува активноста на Македонците, активност која ние така непромислено им ја препишавме и за која тие не ни сонувале“.

Сепак реакциите од Белград и Атина биле дијаметрално спротивни. Додека српските публицисти списанието „Лоза“ го опишуваат како чисто бугарско, бидејќи бил насочено против српската пропаганда во Македонија, дотогаш во грчките списанија се наоѓаат интересни артикли. И пред овие настани, барем од 1878 година, во организацијата на грчката пропаганда се наоѓаат манифестации кои одат во прилог на афирмација на идејата „Македонија на Македонците“, при што Македонците не се третирани ни како Грци, нити како Срби, ниту како Бугари, туку едноставно како Македонци. Се разбира дека тоа бил само дел од тактиката, исто како што се обиделе и останатите пропаганди во Македонија. Но, овој пристап несомнено придонесе за засилување на македонската национална преродба во единствен ослободителен фронт, насочен во прв ред против сите пропаганди.

Во тоа време, по објавувањето на написот на Левов, цариградскиот грчки весник „Неологос“ од 19 април 1892 година објавил опширна статија за народноста на славјанското население во Македонија во која меѓудругото се вели:

„ ...Земајќи како повод едно периодично списание по име „Лоза“, издадено во Софија на славјано-македонски јазик, со правопис сосема различен од бугарскиот, „Слобода“ исфрла разорен оган на Славјано-македонците во Бугарија и им се зканува дека ќе ги прогони. И тоа поради што? Поради тоа што Славјано-македонците, со измама се натерани да ги остават родителските огништа, да се населат во Бугарија, за да одблизу го запознаат бугарскиот народ, неговиот јазик, навики и обичаи. Согледувајќи дека народот им е туѓ, ќе сватат дека се измамени и ќе почнат да го развиваат својт мајчин јазик, ќе издаваат разни периодични списанија и весници на свој јазик. Овие желби на Славјано-македонците, „Слобода“ ги окарактеризира како шамар на панбугаризмот, и откако размислила за јазикот и правописот во списанието „Лоза“ забележала дека јазикот на Славјано-македонцит е неразбирлив за Бугарите, а правописот сосема различен од бугарскиот, па го поставуваат прашањето со која цел и намена се печати списание на славјано-македонско наречје во Бугарија, кога Бугарите не го разбираат.“

Весникот „Неологос“ кој и порано објавувал вакви статии, им давал простор на некои Македонци кои најчесто пишуваа под псевдоним како што е „Пелагон“ (учител Баев од Охрид), „Македон“ (учител Д. Секелариев од Ресен) и др. Овие написи биле воглавно против бугарската националистичка политика во Македонија, и во нив македонското прашање се разгледувало од македонско национално гледиште, што било многу значајно и исклучок во пропагандниот печат.

Од списанието Лоза успеале да излезат само шест броеви, од кој едниот бил двоброј.  Расправата за текстовите во Лоза се одвиваат во тој тон до јуни 1892 година кога  Младата македонска книжевна дружина била растурена, а списанието „Лоза“ забрането.   Под влијание на лозарите, подоцан Петар Попарсов објавува брошура (1894) што всушност преставува  неофицијална програама на веќе формираната Македонска револуционерна организација.           

(извор: д-р Б.Р. Од минатото на македонскиот народ - Лозарите во развојот на македонската национална мисла, Скопје, 1969)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.