Среда, 06 Јануари 2016   
Во Ресен панихида и чествување за Д-р Христо Татарчев

Ѓорѓи Чекутков 

panihida1

panihida2

Во Ресен се одржа панихида и историски час за д-р Христо Татарчев во организација на Македонското патриотско здружение Тодор Александров,а свежо цвеќе беше положено и во спомен куќата на д-р Христо Татрчев.На панихидата во Ресен присуствуваше и раководството на ОК -ВМРО ДПМНЕ од Ресен, а панихидата беше одржана во цркавата св.Кирил и Методиј во Ресен,каде во август 1894 година беше одржано Ресенското советување на МРО.На овај собир учествувал и Христо Татарчев заедно со Анастас Лозанчев и Дамјан Груев,а во своите спомени д-р Татарчев го именува и како прв конгрес на Организацијата.

За ликот и делото на д-р Христо Татарчев зборуваше историчарот Ѓорги Чекутков кој истакна-Д-р Христо Татарчев е еден од главните корифеи и основачи на МРО,тој представува идеолог и еден од најголемите интелектуалци на ВМРО, лекар,неуморен деец кој напишал и голем број книги поврзани со македонското прашање,Татарчев е и прв председател на ВМРО.Завршил гимназија во Пловидив,а медицина во Цирих и Берлин.На 23 октомври 1893 година Христо Татарчев заедно со Дамјан Груев,Иван Хаџи Николов,Христо Батанциев,Петар Поп Арсов и Андон Димитров во Солун ја формираат Македонската Револуционерна Организација,а за прв председател на ЦК на МРО е избран Христо Татарчев.По Солунската афера во 1901 година Татарчев со група македонски револуционери биле уапсени и заточени во солунскиот затвор Подрум кале.По неговото излегување од затвор Христо Татарчев заедно со Христо Матов се членови на Задграничното представништво на ТМОРО и ја поткрепуваат идеата за кревање на Илинденското востание.Татарчев со својата револуционерна дејснот бил активен и по Првата светска војна,тој бил и еден од основачите на Македонската Емигрантска федеративна Организација и заедно со Славчо Владислав Ковачев го издавле весникот “Автономна Македонија”,Д-р Христо Татарчев се стремел да се зачува чистата автономна идеа.Во врска со политиката на Кралството Југославија во Вардарска Македонија, Татарчев реагирал преку своите статии и апели до големите сили тврдејќи дека со својата бруталсност кон македонското население српските власти на македонскиот народ му ја одземаат слободата на мислата и правото на национален и културен развој. Во текот на 1944 година Иван Михајлов му предложил на д-р Христо Татарчев да стане председател на проектот за Независна Држава Македонија кој во 1944 бил протежиран од Третиот Рајх и Гермнаците,но Тататрчев овај предлог го одбил тврдејќи дека нема услови за реализирање на таа идеа и несакајќи да дојде до братоубиствена борба помеѓу самите Македонци.

Особено е карактеристичен животот на д-р Христо Татарчев по Втората светска војна во 1945 година тој се вратил во Македонија радувајќи се на ослободувањето но комунистичките власти започнале да го прогонуваат.Еден ден Татарчев во неговиот роден град Ресен со свои пријетели ја пееле песната “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов” во некоја кафеана, во тој момент упаднале агентитте на УДБА и започнале да му се закануваат да замни од Македонија.Така Христо Татарчев стравувајќи да не биде затворен од југословенските и македонски комунистички власти заминал во Бугарија но и таму бил репресиран од бугарската комунистичка власт.Така протеран од комунситиката власт во Југославија и Бугарија,Д-р Христо Татарчев заминува во Италија во градот Торино каде живее до крајот на својот живот .Д-р Христо Татарчев умира 1952 година во Торино Италија,на погребниот чин над неговиот ковчег стоел венец со црвеноцрна лента на која пишувало “На великиот син од Македонија”,а погребот бил помогнат од Македонската Патиротска Организација од САД.Така завршува животот на првиот председател на ВМРО,д-р Христо Татарчев кој е еден од најголемите интелектуалци на неговото време и македонски револуционер кој целиот живот му го посветил на македонската кауза и македонското ослободително дело во борбата за слобода на македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.