Среда, 06 Јануари 2016   
Внукот на Атанасиј Карамата бил најистакнат претендент за српскиот престол

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Во XVIII и XIX век, меѓу благородниците со потекло од Македонија кои се сретнуваат во Хабсбуршката монархија биле кир Хаџи Манојло во Будим, Теодор Николич од Велес; Георги и Јован Калиновичи од Дојран, Кирило Нако во Велики Сен Миклуш, семејството Баичи од Блаца во Митровица, семејствата Дука, Дарвар и Спирта од Клисура и др.

Во најстариот дел на Земун се наоѓа зграда позната под името „Караматина куќа“. Ја изградил богатиот трговец Кузман Јовановиќ, а во 1773 година ја купил Димитрија Карамата доселеник од селото Катраница, Егејска Македонија. Во неа престојувале австрискиот цар Јован II и престолонаследникот Франц I, потоа фелдмаршалот фон Лаудон (1717 - 1790) со штабот на главната австриската војска за време на австриско-турската војна (1787 - 1791). За време на српското движење во Австрија 1848/49 год. во куќата престојувале дел од членовите на Главниот одбор на Србите во Војводина. Синот на Димитрија, Атанасиј Карамата учествувал во работата на Одборот и бил негов благајник.

Повеќе членови на земунското семејството Карамата, кое потекнува од Македонија, во текот XVIII и XIX веќ се стекнуваат со високи позиции и имаат значајна улога особено во српската историја. Во 1848 година Атанасиј Ј. Карамата (1821 - 1868) бил министер за финансии (благајник) во новоформираната Српска Војводина и Мирко Ј. Карамата секретар на кнезот Милош. Внукот на Атанас Карамата, баронот Јован Николиќ од Рудне бил оженет со Јелисавета Обреновиќ, ќерката на кнезот Милош и сестра на кнезот Михаило, а правнукот баронот Теодор Николиќ од Рудне бил еден од претендентите на српскиот престол.

Атанасија Карамата (или Атанас Караматов), родоначалник на семејството Карамата, во 1736 година се доселил во Земун од македонското село Катраница (денес Пирги, Егејска Македонија). Во 1771 година Атанасиј добива австриско државјанство, а во 1773 година неговиот брат Димитрија ќе купил куќа од вдовицата на трговецот Кузман Јовановиќ. Некои историчери сметаат дека семејството Карамата било со македоновлашко потекло, но во тоа време во Катраница немало Власи.

Во српските документите од тоа време презимињата биле запишани такви како што се донесени од Турција, но многу често се употребувале или се заменувале со српски презимиња, најмногу за лица кои биле со славјанско потекло. Покрај името, презимето и место на раѓање, во документите често се наоѓаат и податоци за регионот или географската област од каде доаѓа. Што се однесува до презимето Карамата, потеклото може да биде од името на родното место Катраница.

Имено, најголем дел од семејствата од Македонија кои бегаат од Македонија заради турските зулуми, со себе ја носат својата култура, традиција, обичаите, славите, иконите. Таков е случајот со семејството Баичи од македонското село Блаце, Егејска Македонија, која во семејството чуваа стара икона на дрво со славјански напис донесена од Македонија. Овие преселени семејства во прво време најчесто стапувале во брак со свои сонародници од Македонија или пак со лица од тамошните семејства кои биле православни христијани.

Атанасиј Карамата имал ќерка Јелисавета која се омажила за благородникот Теодор Николиќ од Рудне (по името на имотот во Рудне), кој исто така бил со потекло од Македонија. Теодор и Јелисавета имаат син - баронот Јован пл. Николиќ од Рудне - кој се оженил со Јелисавета Обреновиќ, ќерка на кнезот Милош Обреновиќ и сестра на кнезот Михаило. Тие имале пет деца: Милош, Теодор (Федор), Милан, Михаило и Младен Николиќ.

Баронот Теодор (Федор) Николиќ од Рудне, покрај неговиот братучед (од тетката Петрија Баич, родена Обреновиќ)  баронот Милош пл. Баич (старо презиме Црвенков со потекло од македонското село Блаца), бил најистакнат претендент за српскиот престол, после смртта на кнезот Михаило.

Теодор имал четири деца: Јована, Теодора, Елисавета и Михелина. 

Јована Николиќ од Рудне (1870 - 1917) правнука на Милош и праправнука на Атанас Карамата се омажила во 1892 година во Будимпешта за баронот Геза Дуку де Кадара (1867 - 1913), потомок на генералот фелдцојгмајстер баронот Петар Дука од Кадар, исто така со потекло од Македонија. Јелисавета Николиќ од Рудне трипати се мажела. Прв пат во 1889 година за грофот Еуген цу Хардег ауф Глац ун им Махланде (Gf Eugen zu Hardegg auf Glatz und im Machlande). По втор пат се омажила во Братислава во 1911 година за Мориц фон Ремиц, а трет пат во Виена за Фриц Реску. Михелина Николић од Рудне (1882-1901), се омажила во 1900 година во Виена за Лудвига Виха фон дер Ројт (Ludwig Wich von der Reuth).

Баронот Михаиоло Николиќ од Рудне (1841 - 1916), син на Јован Николиќ од Рудне и Јелисавета Савка Обреновиќ, внук на Милош и правнук на Атанасиј Карамата, се оженил во 1877 година со Маријана Кински фон Вхниц унд Тетау (Marianne Kinsky von Wchinitz und Tettau, 1854-1938), од кнежевската гранка на семејството Кински.

Димитрија Карамата, братот на Атанасиј Карамата, дошол во Земун во 1745 година и исто така се изјаснил за австриски државјанин во 1771 година. Неговиот син Јован Карамата имал три деца: Марко, Атанасиј и Јулијана.  Марко едно време бил секретар на кнезот Михаило. Атанасиј (1921 - 1868) бил министер за финансии (благајник) на новоформираната Српска Војводина. И оваа гранка на семејството Карамата исто така ќе изнедрат многу личности кои ќе бидат значајни во австриското и српското општество. Денес во куќата на Димитрија сеуште живеат потомци на семејството Карамата.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.