|
|
За арно, здравје, радост и среќа во секој дом во Македонија |
Првиот ден од годината е посебен за сите луѓе, а се разбира посебно место има кај Нас Македонците. Сите мисли и желби за самите Нас, најблиските, пријателите и за целиот свет ни се само за арно, здравје, радост и среќа во секој дом во Македонија и секој дел од планетава. Јануари е полн со празници од првиот ден кој спектакуларно го пречекуваме па се до последниот Св Атанасов ден. Втори Јануари е познат како Свети Игњат, кога се смета дека се што ќе правиш овој ден, ќе ти случува и повторува низ целата година. Одма доаѓаат Бадник па Божиќ, придружено со паричката во зелникот, коледе ... сето тоа е правосилно ако сме биле прави Христијани со предходно 40 дневно постење за да се причестиме нели за Божиќ. После тоа доаѓа Богојавление, Водици, Свети Јован и ако ги гледате црквените календари, секој ден празници и се така до крајот на годината. Колку од Нас се придржуваат на постите и примерниот живот, тешко е да дадеме точен одговор. Гледајќи од аспект на сите овие јануарски празници, се наметнува прашање дали опозицијата чекаше Дедо Мраз да им донесе малку памет и сериозност или мислат дека се предодредени да владеат така од кеиф ? Ете СЈО, специјално јавото обвинителство почна прерано да слави па се тумбаа во ендек. Мора да е лош знак за нив. Среќа Катица што не беше внатре, ќе беше лошо за колата, нејзе ништо не ќе ја снајдеше, бидејќе е предодредена да биде неутралка. Ова е месец кога СДСМовците пијат многу, оти ладно е времето и мора да се загреваат. Тие како наследници на комунистите, не веруваат во Бога ... но затоа како боеми кои не можат да живеат без кафани и турбо фолк мора да пијат и никако да се опијат од причина што еве 10 години не се на власт и бараат средба со Господ доколку го има да им даде прво власт, а не само вака неколку министри. До тогаш, Бране Октоподот се уште ќе ја нарачува на Бадник Моји су другови од Бајага а Бучко за препознавање во темница. Многу празници, многу алкохол и после Цацко ќе им биде крив што сакаат па не одат на избори. Да се надеваме дека ќе одат на избори и да настане катаклизма на оваа смешна опозиција или за доброто на сите ќе се ремонтираат со нови луѓе и идеи и ќе станат горда опозиција која со макотрпна работа народот еден ден ќе им дозволи да дојдат на власт. Еве од мене Среќена Нова 2016 и на нив и им го пожелувам она второто од се срце. А на целиот Македонски народ, каде и да е на планетава му посакувам здравје, радост, среќа, полно евра, долари и мир и спокој засекгаш. Се разбира обединети во една и цела Македонија.
|