Среда, 06 Јануари 2016   
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ И ВО СВЕТОТ СТАНАА КОШМАР ЗА ОПОЗИЦИЈАТА
ДНО: НАМЕСТО ДРЖАВНА СТРАТЕГИЈА, МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ И ВО СВЕТОТ СТАНАА КОШМАР ЗА ОПОЗИЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Некои сметаат дека во борбата за власт дозволени се сите средства да се постигне целта. Но, да се служите со нискости и гадости без мерка, дали секогаш треба да биде токму така?! Државата и нацијата, животите и имотите, немаат цена ниту замена, ни една власт не е достојна државата и нацијата да ги (с)нема, тогаш ни власта нема да ја има...

Новинарот Љубиша Арсиќ во неделникот “Фокус“ објави вест дека во Штип и во скопска Шутка биле изработени околу 30.000 лажни лични карти, најверојатно употребени и да се употребат за избори. Загрижениот Љубиша Арсиќ, 48 часа ги чувал, зачуден “Зошто мене?“ од извор кој не го именува и на крај предал 105 фалсификувани лични карти во МВР. Иако се посомневал во кредибилноста на изворот, како што самиот вели, Љубиша Арсиќ сепак ја сподели со јавноста приказната на “неименуваниот извор“, дека “во оваа операција биле вклучени полициски службеници, а фалсификуваните тројазични лични карти со украдени идентитети се изработувале на две тајни локации“ во Скопје... Старо правило: Кога треба да се измисли афера и некој да оди курбан, изворот е доверлив, не му се открива идентитетот. Или, изворот свикува прес со “одбрани“ новинари од “доверливи“ медиуми без камери, се пушта афера и се чека лавина во јавноста. Оди отпосле (од)брани се. Ако ги потскарате за фабрикување на лаги како жртва на од нив конструирана афера, веднаш алиби им’ се демократијата и слободата, ама само за нив без правила! И толку од аферата, крај на “истрагата“. Јавноста нека се занимава со аферата и жртвите од неа. А, сите знаеме како оди тоа “Слушна? Кажаа на телевизија! Пишуваше во весниците!“

На оваа вест, после десетдневна прозивка, техничкиот Оливер министер за внатрешни работи Спасовски само потврди дека е потребна квалитетна истрага којашто тече по наредба на јавното обвинителство (не специјалното). “Нема потреба да се брза“, додаде Спасовски, “Истрагата за аферата со лични карти треба да биде квалитетна и да ги содржи сите аспекти во разоткривање, во неа се вклучени и државните институции. Сите работи што се најдени се вештачат и за тоа ќе има информации, извештај и соодветна постапка, како и на кој начин е злоупотребуван системот, како тоа се правело со години пред јас да дојдам во министерството за внатрешни работи.“

И премиерот го повика министерот Спасовски веднаш да пристапи кон истрага, се’ што ќе открие да даде на суд и за тоа да ја извести јавноста, ВМРО-ДПМНЕ побара расчистување на аферата со личните карти.

Во меѓувреме, полицијата го откри скандалот “Фабрика за афери“, уапсен е Захир Беќири - Чауш (41), член на СДСМ близок со техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, уапсен е брат му Имер Беќири (31) и Аднан Сума (48). Во “Фабриката за афери“ се иразботувале фалсификувани лични карти и пасоши, бугарски пасоши и швајцарски банкарски сметки, пронајдена е база на податоци за 120.000 граѓани, машини за изработка на лични документи на две локации, лажни лични карти, фолии за пластифицирање и пластични обрасци, пронајдени се папки со 70.000 прислушкувани телефонски разговори од скандалот “Бомби“ на СДСМ кои требало да ги откупи висок функционер на ОВК од Косово… Свежи се сеќавањата за фалсификуваните бугарски летоци на Тито Петковски, за бугарските возови при избори, за социјалдемократската фабрика за лаги на Владо Бучковски во жолтата зграда до Владата...

И, наместо истрага по “Фабриката за афери“, опозиционите портали 24vesti, Libertas, A1ON, ALSATM тргнаа во лов на вештерки, во “потрага“ по 424 незаконски лични карти кои ги “откри“ техничкиот Оливер министер Спасовски, издадени на Македонци од Мала Преспа, кои не 2011, туку за изборите во 2013 и 2014 година се нашле на избирачкиот список, патем сите и македонски државјани со избирачко право! Обвинувањата беа дека власта “сместила“ 424 македонски државјани по потекло од Пустец во станови во државна сопственост во општина Центар! Демек тие биле причината за поразот на СДСМ на локалните и парламентарните избори. Да беа така загрижени, новинарите во овие портали со се СДСМ заедно, за 150.000 македонски државјанства и лични карти на Албанци од Косово во Македонија што владата на СДСМ, со полициска асистенција, во 1994 година, ги делеше од куќа во куќи на рака, за мандатот на Киро кој денес е жител на Бутел и за коалицијата на СДСМ со ПДП, немаше Македонија да биде на ова дереџе. Ама... Господи, за проштевање ли се или не се? А, и знаат ли или не знаат што и’ прават на државата и нацијата цело време?!

И замислете, после долга истрага, СДСМ објави нови “бомби“: Ја пронашле улицата “Рузвелтова“ број 64/3, каде во стан во државна сопственост од 45м2 од 2013 година се воделе триесетина македонски државјани по потекло од Пустец. Инаку во овој стан до 2002 година живеел поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнување при МВР Зоран Верушевски, притворениот од јавниот обвинител, па “ослободениот“ од специјалната јавна обвинителка поради аферата “Пуч“ и незаконското прислушување на илјадници граѓани и разговори, иако за потсетување, еден од двајцата, Костовски и Лазаревски, кои по налог на Верушевски незаконски ги снимале разговорите, го призна делото и е осуден. Во 2003 година Верушевски под притисок на јавноста го вратил станот на државата, бидејќи му биле доделени во владение два државни стана. Спасовски изјави дека незаконски лични карти се издавале и во Ресен и во Кичево, 20 лица со иста адреса биле откриени во Ресен, а во Кичево 18 лица биле запишани дека живеат во куќата на директорот на гимназијата.

Зарем СДСМ заборави кога во трошни куќи на улица “Дижонска“ “живееја“, можеби и денес, стотици Албанци од Косово како македонски државјани? Што таму не прочешлаат? Арно ама, за македонските државјани Македонци по потекло од Пустец, СДСМ објави десетици разговори меѓу челници на ВМРО-ДПМНЕ и МВР, во мајските бомби пред Владата, го фатија зајакот!

И сега, да се прави национална траги-комедија од тоа што треба да биде основна грижа на државата, да се сатанизираат Македонците од соседните земји кои добиле и македонско државјанство во остварувањето на нивното избирачко право, извинете, ама не е ништо друго туку антидржавно, а не демократско и одговорно однесување!

Колку за потсетување на досегашните погубни антидржавни политики на СДСМ кон Македонците во соседните земји и во светот: За мандат на Киро како претседател и владината коалиција со ПДП, СДСМ на повторениот попис во 1994 година неуставно и незаконски издаде околу 150.000 македонски државјанства и лични карти на Албанци од Косово, затекнати во Македонија по дисолуцијата на поранешна СФР Југославија. Овие лица денес имаат и косовско и албанско и македонско државјанство. Во четири држави ги бројат, во четири држави гласаат... Сите се запишани и во Избирачкиот список на Македонија. 1995 година со Времената согласност Црвенковски-Папуљас со Грција, СДСМ се откажа од Македонците во Егејскиот дел на Македонија, во цела Грција. 2001 година, СДСМ своеволно прогласи 24% од вкупното население на Албанската заедница, откога Државната пописна комисија си поднесе оставка со образложение дека е извршен груб државен фалсификат на пописниците на Албанците, од попишувачите Албанци, без документација се попишуваа сите Албанци во светот како македонски државјани. 2004 година поради владината коалиција со ДУИ, СДСМ го избриша членот 11 од Законот за македонско државјанство донесен 1992 година, со што ја укина одредбата “Секој Македонец по потекло има безусловно право и на македонско државајнство“. Македонците по потекло од другите делови на Македонија за државата Македонија станаа странци, со можност на прием во македонско државјанство под истите услови како и за сите странци. За несреќа, сите соседни земји издаваат албански, српски, бугарски и грчки државјанства на Македонците во Републиката, само Македонија со одлука на СДСМ го укина тоа право, веќе еднаш стекнато во 1992 година! 2004 година СДСМ го донесе Законот за територијалната организација на локалната самоуправа, ја смени етничката карта на Македонија, “ги албанизира“ општините Скопје, Тетово, Гостивар, Врапчиште, Кичево, Другово, Вранештица, Струга, Лабуништа, Крушево, Долнени, Чашка... Во 2015 година се окозија да го елиминираат избирачкото право и пратениците на македонските државјани со престој во странство, наметнаа изборен цензус за валидност на изборите и изборот на бројот на пратениците (6.000 гласачи за еден мандат, 12.000 за два мандати, 18.000 гласачи за три мандати)...

После сето ова, да манипулираш со избирачкото право на македонските државјани, со личните карти на македонските државјани по потекло од областа Мала Преспа во Албанија, надвор од територијата на Република Македонија, во соседните земји и во светот е антидржавна работа со катастрофални последици по државноста на Македонија!

Се разбира, никој не ги штити незаконските дејанија на поединци, секој за сторените дела треба да одговара по Закон, ама да се прави циркус со Македонците во Албанија и по потекло од Албанија, а тие ни се единствен анкер во македонско-албанските односи и во Републиката и меѓу државите Македонија и Албанија, и наместо помош за унапредување на нивната положба, права и слободи на реципроцитетна основа, што за Албанците во Македонија тоа за Македонците во Албанија, не е ништо друго освен антидржавно и антинационално однесување на одродена и ненародна забегана тајфа...

Речиси сите Македонци по потекло во областа Мала Преспа околу 5.000 имаат и македонско државјанство, добиено до 2004 година, според Законот од 1992 година, од нив можеби половината имаат живеалиште во Македонија односно лични карти, имаат и избирачко право. Но, за 424 “незаконски“ издадени лични карти, да се прави толкава галама, за да се оцрни државата Македонија пред Европа и светот, наспроти 150.000 незаконски издадени македонски државјанства и лични карти на Албанци од Косово од СДСМ во 1994 година, при речиси половината и повеќе Албанци во Македонија со косовско и албанско државјанство, алооооо, другарки и другари, “бомбите“ на Заев не ја уништуваат актуелната власт, туку ги рушат темелите на Македонската државност!

Е, па, можна ли е Пуфчанска окупација на Македонија, бре?

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.