|
|
Во редовите на македонската армија грчкиот бил странски јазик |
Линеарното писмо Б било употребувано за пишување на микенски јазик, во периодот околу XIII век пр.н.е.. Тоа писмо и претходело на грчката азбука со неколку века и изгледа дека исчезнало со изумирање на микенската цивилизација. Периодот од падот на микенската до почетокот на грчката цивилизација се нарекува Грчки темен период. Писмото Линеар Б е слично со Линеар А, кое го користеле Минојците и кое не е дешифрирано до ден денешен. Линеар Б го користеле професионални административни писари чиј роден јазик бил минојскиот, а не старогрчкиот. Првата глинена таблица била откриена на Кносос од британскиот археолог Артур Еванс во 1900 година. Професорот Емет Бенет е првиот кој сугерира дека линеар А и линеар Б се пишувани на различни јазици, а Мајкл Вентрис и Џон Чедвик го дешифрираат поголемиот дел од линеар Б меѓу 1951 и 1953 година. На почетокот се тврдело дека јазикот на линеар Б не е старогрчкиот, за да потоа Вентрис врз истражувањата на Алис Кобер докажува дека тоа била рана форма на старогрчкиот јазик. Сепак треба да се посочи дека зборовите кои се откриени во табличките со линеарно Б се среќаваат во современиот јазик во Македонија и Тракија, но не и во грчкиот јазик. Покрај тоа, некои идеограми на линеар Б повеќе одговараат на некои зборови од Македонија, особено од периферијата на Атос, како и од Тракија, но немаат содветни грчки зборови. И конечно треба да се посочи дека некои симболи кои се присутни во линеарно Б се среќаваат и во глаголицата со која се пишувани некои црковни книги откриени на Атос и на други места каде што во древното минато имало Пелзагиски населби и каде Кадмо, Дионис и Орфеј вледееја со генерации пред Тројанската војна. Дури и професорот Чедвик, кој се држи до еленофилската теорија во некои свои искази вели дека линеар Б можело да биде и писмо на Пелазгите, па така тајната со која Елините го опкружуваат, се повеќе се разоткрива. Бугарскиот автор Георги Сотиров кој смета дека Трако-Пелзагите, Фригите и Македонците биле ист народ во својот труд „Кому му припаѓа линеарното Б“, како што претходно видовме тврди дека тоа писмо било користено и од македонските војници на Александар. За да стане уште појасно за поврзаноста на оваа писмо со Македонците ќе се навратиме на самиот почеток на неговиот труд во кој тој го пишува следното: „Во својот труд, посветен на обидот на Мајкл Вентрис да го дешифрира писмото линеарно Б, професор Џон Чедвик вешто се провлекува меѓу многуте историски и лингвистички гребени во своето патување за размрсување на проблемот со писменоста пред времето на Хомер... и потоа доаѓа делот кој го исчекуваме. Дешифрирањето, верува професор Чедвик, ... го обезбеди оној лингвистички коментар, иако недовршен и нејасен, кој гарантира дека неговите изумители биле Грци... (Меѓутоа) професорот Чедвик, кој е коавтор со Вентрис на една обемна книга, насловена "Documents in Mycenian Greek", не објаснува на своите читатели точно колку други древни јазици, освен грчки, тој и неговите колеги се обиделе да го поврзат со писмото линеарно Б, колку упорно се обидувале, или колку воопшто било познавањето на експертите на овие јазици. Во исто време професор Чедвик не звучи ни најмалку засрамен од фактот дека древните историчари - од прв до последен - тврдат дека предгрчкото население во земјите на линеарно Б ... не било гркојазично. Тој дури ... не се мачи воопшто дека постои огромна количина на литература, која недвосмислено покажува дека од почетокот на Евроазиската историја до времето на Хомер придонесот на грчките племиња кон Егејската цивилизација практично бил нула. Можеби по детално разгледување на оваа литература, тврдењето дека линеарно Б е нешто како архаичен грчки, нема да биде толку разумно како што се обидуваат да ни го претстават. Исто така, секој кој е позагрижен за длабоките научни истражување, а не за овации на масовна публика, би требало да изгради историска идеја за табличките со линеарно Б, а не да ги претвора во нешто обгрнато во какви ли не мистерии.“ Сотиров изнесува повеќе факти од периодот од Диктис до Хомер со кои се спротивставува на прогрчките теориите за писмото линеар Б, потенцирајќи го „ставот на оној египетски свештеник кон Грците ... би можело да се однесува и кон современите елинисти. Малку парафразирано, тоа звучи вака: Тие се колку неуки, толку и славољубиви. Потоа бугарскиот автор меѓудругото во овој дел пишува: „Во "Discourses" (беседи) на Дион Хризостом, каде го читаме овој коментар, можат да се најдат и други интересни пасуси во однос кон нашата тема. Пишувани во вториот век по Хр., тие нема како да бидат осомничени за пристрасност кон разрешавање на спорот од 1970 година. Не можеме да се сомневаме дека и Дион внесувал во своите текстови тврдења за кои дефинитивно знаел дека се невистини, или имал сериозни сомневања за нивната веродостојност. Тој ги држел своите беседи пред широка публика и треба да е од суштинско значење за него да не изнесува вештачки подуени теории, способни да предизвикаат недоверба или незадоволство меѓу слушателите. Ова треба да се има предвид при читањето на Дион. Што вели тој за Хомер? Тој вели дека Хомер можел да пишува што ќе посака, бидејќи "немаше други поети или автори пред него, од кои може да се прочита вистината, а беше првиот кој пишувал за овие настани, при тоа многу генерации, откако работите се беа случиле ... ". Потребни се многу научни истражувања за Микена, за да го сменат следниов едноставен факт: Дион не бил будала и никогаш не би објавил дека Хомер бил првиот образувани Грк, ако тој или некој од образованите слушатели имале какви и да било причина да сметаат дека имало и други грчки автори пред Хомер, користејќи ја грчката писменост. Дали е возможно Дион, да бил во заблуда, можеби со сите други како него, кои верувале дека за Грците "сето тоа започнува со Хомер"? - се прашува Сотиров, и продолжува. „Чисто теоретски е можно, но очигледно реалноста е друга. Извештајот на Диктис Кретенсис, ... јасно покажува дека во почетокот на Тројанската војна Грците биле неписмени. Ако линеарно Б беше грчко писмо, Диктис немаше да пишува книга со litteris Punicis, а на грчките водачи немаше да им се наложува да ги користат феникиските букви, за да гласаат за Агамемнон во борбата за врховен командант. Во времето кога се случило ова гласање, купишта таблици со линеарно Б веќе лежеле закопани во земја. Апсурдно би било да се прифати дека Агамемнон и неговите сојузници биле запознати со линеарното Б, но сакале да ја користат туѓата феникиски азбука, а исто така и дека оваа иновација е останала незабележана од инаку брбливите грчки автори. Memento: Graeci omnia sua in immensum tollunt (горделивоста на Грците ги искушува на самофалство). Би требало да се направи заклучок дека линеарно Б не е грчко писмо, освен ако не изберам да верувам дека линеарно Б се користело на Пелопонез, но Агамемнон и другите грчки првенци не знаеле за него...“ вели Сотиров. Авторот ја датира грчката писменост многу подоцна. Како што вели тој „Нема потреба во нашиот труд да прецизираме дали почетокот на грчката писменост била од 750 година пр. Хр., или 150 години порано. Според Сотиров „Херодот ни укажува на датум блиску до 900 година пр. н. е., бидејќи верувал дека Хомер живеел околу 400 години пред него. Тоа е потврдено во родословиата, кои тврдат дека Хомер е потомок на тракискиот принцот Орфеј, единаесето или дванаесето поколение по него, па последниот датум е интересен сам по себе“. Тргнувајќи од одовде бугарскиот автор во продолжение изнесува нови факти со кои се спротивставува на прогрчките теории во кои се вели следното: „ Претпоставувајќи дека Тројанската војна е завршена во (или околу) 1184 година пр. Хр., а Орфеј живеел еден век порано, тоа би го датирало неговото управување некаде по 1284 година пр. Хр. Единаесет поколенија, по 33 години на поколение, даваат 363 години. Тоа би го ставило Хомер некаде по 921 година пр. Хр. - еден датум кој е доволно блиску за да ја претстави темата на нашето разгледување. Овој датум може да биде проверен и преку други пресметки. Како резултат на Тројанската војна остатоците од грчката армада се растураат по море во четирите насоки на светот, а грчките имоти по сушата остануваат или необработени, или се преземени од колонисти од Троја. Тоа доволно задоволително го објаснува фактот дека во текот на 304 години по Тројанската војна контролата над морето припаѓа на Лидијците, Пелазгите, Фригите ... и други негрчки народи. Единствен исклучок е во едни кратки 23 години, кога доминацијата на морето му припаѓало на Родосците.“ – пишува авторот кој потоа заклучува – „Дефинитивно е тешко да се замисли овој период од 304 години како ера на просперитет за Грците, во која тие би можеле да имаат ресурси или спокојството да развијат своја писменост, откако не имале и итна потреба од таква. Исто така овие 304 години по војната за Троја не водат кон 880 година пр. Хр., која е блиску до времето на Хомер или директно времето во кое тој живеел.“ Тргнувајќи од претпоставката дека имало Грци пред Хомер, кои знаеле да читаат или пишуваат на некои од постарите јазици, Сотиров ќе ги посочи Египќаните, Асирците, Хетите и Феникијците кои имале писмо векови пред Тројанската војна. Одовде тој заклучува дека „Грците несомнено се учеле на некое од овие писма, бидејќи биле во контакт со оние народи, на кои всушност многу Грци им робувале.“ Како пример ќе го наведе Паламед кој „дефинитивно можел да ги чита фригијски буви. Инаку немаше да има смисла неговите непријатели да го посрамоти со познатото "фригијско писмо", обвинувајќи ги во тајните преговори со цар Приам. Исто и Одисеј мора да бил способен да чита фригијско писмо, инаку немало како да биде сигурен дека фригијскиот заробеник ќе напише точно во тоа писмо што му било заповедано да напише. Идејата дека во тоа време се пишувало на грчки јазик со грчка азбука, е еден вид "тројански коњ" со малку повеќе други цели.“ – вели Сотиров. Како треба да се разберат многуте случаи спомнати во класичната грчка литература, за постоењето на писменост пред Хомер и пред Тројанската војна? – се прашува бугарскиот автор. Тој смета дека тие всушност звучат многу убедливо, ако кон нив се пристапи без предрасуди. Најраното такво повикување, е сторијата за Белерофон, во која според него клучните моменти од оваа епизода се следниве: „Прет, царот на Аргос, се оженил за Ликискиот принцеза антена. Белерофон е нивен гостин. Дејствието се одвива некаде околу 1280 година п.н.е.. Прет му дава писмо на Белерофон, наменето за Јобат - таткото на Антеја, кој царува во Ликија. Очигледно некои научници изразуваат сомневање дека на таблицата, дадена на Белерофон, било напишано вистинско писмо. Потребно е сепак нешто повеќе од изразување на само едно сомневање, со кое сме навикати, за да поверуваме дека Прет напишал некаква порака до Јобат на табличката, но тоа не било писмо, а нешто друго. Сите сомнежи околу оваа работа отпаѓаат, кога се обрне внимание дека писмото било наменето за царот на Ликија, односно во Мала Азија, која во различни фази претставуваше огромна територија од владенијата на Асирската или Персиската империја. Во овој дел на светот писменоста била факт со векови пред историјата на Белерофон и Антеја. Јобат дефинитивно бил писмен човек. Исто така е многу веројатно дека избрал образуван маж за својата ќерка. По се изгледа дека Прет бил токму таков образован човек, способен да напише писмо до дедо си. Сепак, сосема тоа не значи дека писмото било на грчки јазик или напишано со грчки букви.“ – пишува Сотиров и продолжува да посочува нови факти за постоење на предгрчка писменост. „Друга поособена информација за постоење на писменост укажува колоната (столб), подигнат во Истм (Коринтска превлака). Според Страбон, натписот од мегарската страна на колоната гласи: "Ова не е Пелопонез, туку Јонија." А натписот од другата страна бил следниов: "Ова е Пелопонез, а не Јонија." Плутарх додава дека оваа колона била подигната од Тезеј. Никако не е изненадувачки дека Тезеј кој починал непосредно пред Тројанската војна, можел да чита и пишува, откако за неговиот дедо по мајчина линија се зборува дека напишал книга. Не се прецизира на кој јазик бил натписот на Тезеј или какви биле користени букви. Во оние времиња грчките и негрчките племиња живееле на територијата од двете страни од Истм. Според Херодот, "Атињаните беа Пелазги, носејќи го името на Кранај, иако Пелазгите го управуваа она што сега се нарекува Хела..." Над овие Атињани управувал Тезеј. Единствената причина да се смета дека оригиналниот надпис од Тезеј бил на грчки јазик, е фактот дека читаме за овој натпис во грчка книга. Но, тоа е злокобно, бидејќи во таков случај би требало да веруваме дека Кристофер Колумбо ги водел бродските дневници на англиски јазик, бидејќи читаме за неговите пловидби во американските учебници по историја, напишани на англиски јазик. Клучот за отгатнување на јазикот користен од Тезеј, добиваме од фактот дека неговиот пра-прадедо, таткото на Питеј, е самиот фригијско цар Пелопс. Зарем има нешто пологично од она дека Тезеј го издигнал натписот на фригијско јазик, користејки ја родната фригијска писменост? Интересно е спомнувањето и на Херкулес, малку постар од Тезеј, кој според Сотиров, исто така ги знаел овие букви. Во продолжението на својот труд тој ќе напише: „Софокле го тера (Херкулес)да запише на таблици едно предвидување кое му било дадено во Додона, Македонија. Музеј, синот на Орфеј, исто современик на Тезеј, оставил некакви пророштва со кои Ономакрит бил фатен да фалсификува - злосторство поради кое бил пратен во егзил од Хипарх, син на Писистрат. Павзаниј коментира дека делата кои обично му се припишуваат на Музеј, најверојатно се лажни", освен еден панегирик за Деметра, напишана за Ликомида". Како син на Орфеј, Музеј дефинитивно ја користел писменоста која е научил од својот татко. А Херкулес? Напатствие добиваме од една приказна во која се раскажува за посетата на Питагора во Делфи. Откако забележал еден закачен штит на стената, очите на Питагора се исполниле со солзи. Запрашан за причината за оваа негова тага, тој одврати дека се расплакал зошто штитот, кој штотуку го видел некогаш му припаѓал. Питагора појаснува дека во претходниот живот бил Еуфорб, еден од фригијските (тројански) херои, а овој штит тогаш му бил дел од вооружувањето. Како што може да се очекува присутните мажи на признанието не му поверувале на приказната, па Питагора ги поканил да симнат штитот. Така и сториле. Тогаш виделе дека на грбот на штитот може да се прочита името Еуфорб, "напишано со древни букви". Без разлика каква била причината Питагора да тврди дека некогаш живеел како тројански војник, ... едно нешто треба да стане јасно - кога хеленски автори пишуваат за "древни букви", тие имаат предвид главно на фригијската писменост.“ Соодветно може да се претпостави дека кога во класичната грчка литература се зборува за "древни зборови", под кои се разбира најмногу за "фригијско зборови" –пишува авторот и вели дека ќе видиме дали Херкул бил запознаен со фригијско букви? Потоа продолжува со нов пример за образованоста кај Фругите кој го дава Виргилиј: „Интересно е да се забележи во таа врска дека Виргилиј не се двоуми да го претстави Енеј - друг фригијски херој - како образуван маж. Виргил ги става во устата на Енеј следниве зборови: "Месинговиот штит, некогаш носен од големи херои, го поставувам на колоните при портите, а на него пишува: Таквите (штитови) го бранат Енеј против Грците". Можно е припишувањето на писменост на Енеј да е поетски порив на Виргилиј. Но пак, можел да знае многу добро од недостапни до нас извори дека фригијците биле писмен народ, до колку има и преживеани до денес слични извештаи во кои се изразува истото тврдење.“ Во заклучокот од овој дел од својот труд „Чие е писмото линеарно Б?“, авторот вели: „Неверојатна е леснотијата и стремежот со која елинистите преферираат да забораваат дека Фригите се многу постар народ од Грците. "Книгите како на Фригијците, така и на Мизијците", пишува Страбон, "не враќаат во времињата од пред Тројанската војна." Можно ли е ова да е точно, ако Фригија и Мизија немале сопствена писменост? Платон признава дека Грците ги земале и ги користеле фригијските зборови како pyr и hydor. Павзаниј известува дека имало спор Фригијците и Египќаните за тоа кој од двата народа е постар. Херодот вели дека Псаметих правел опит, кој го убедил дека фригијскиот јазик е постар од египетскиот. Ако имаме во предвид дека Пелзагите и Фригите се делечни корени на Македонците, како и тоа дека зборовите кои се откриени во табличките со линеарно Б се среќаваат во современиот јазик во Македонија и Тракија, но не и во грчкиот јазик, тогаш е видливо од кога и зошто потекнува овој македонско-грчки спор. (продолжува) |