|
|
ОСУДА НА ОПОЗИЦИОНАТА ХАЈКА ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ОСУДА НА ОПОЗИЦИОНАТА ХАЈКА ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА! 13 јануари 2016 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува згорување од антимакедонската и антидржавната хајка којашто опозиционите портали и СДСМ ја спроведуваат против Македонците од Албанија со македонско државјанство. СМК потсетува на неотуѓивото и неприкосновено право на Македонците по потекло во соседните земји и во светот на березервен прием и во македонско државјанство, исто како што тоа го прават Албанија, Бугарија, Грција и Србија. СМК од Државната изборна комисија бара да изврши проверка на Албанците од Косово и Албанија во избирачкиот список на Македонија, на кои 1994 година СДСМ им даде и македонско државјанство за мандатот на Киро Глигоров и коалицијата СДСМ-ПДП! СМК изразува загриженост од големиот број на Албанци во Македонија кои покрај македонското, имаат и албанско и косовско државјанство, и се попишуват во три држави истовремено. СМК ги повикува СДСМ и опозиционите портали да спроведат анкетирање и извршат увид каде живеат и каде гласаат сите 150.000 Косовари кои неуставно и незаконски добија и македонско државјанство во 1994 година, кога полицијата под водство на СДСМ државјанствата им ги делеше на рака и по куќи. СМК ги повикува АЛСАТ, СОРОС и опозиционите портали, заедно со СДСМ, да проверат на кои адреси во Косово и во Албанија живеат 150.000 Косовари кои 1994 година добија и македонско државјанство и на кои гласачки места во тие земји и во Македонија денес сите тие гласаат! СМК ги повикува АЛСАТ, СОРОС и опозиционите портали, заедно со СДСМ, да проверат по колку стотина Косовари живееја и се уште живеат во куќите на улица Дижонска, во општина Чаир. СМК потсетува дека Републиката има уставна обврска да се грижи за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од етно-историските граници на Македонија, кои се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ, да го помага нивниот културен развој и да ги унапредува врските со нив. СМК потсетува дека Републиката, истовремено, има обврска да се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство! |