|
|
Ова е комитско време |
СДСМ е политичка партија која раководена од врхушката направи и креира вештачка политичка криза во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ пак е политичка партија која ја разреши кризата, стави точка на агонијата и заложништвото на нас Македонците. На 24-ти Април 2016-та година одиме на предвремени парламентарни избори, тоа е одлуката донесена од извршниот комитет на мојата партија а и веќе јавно соопштена! Денес сум горд Македонец но и горд член на ВМРО-ДПМНЕ. Мојата определба е кристално јасна и сега сум посигурен од било кога. ВМРО-ДПМНЕ даде збор, потпиша договор и остана доследен на истиот во најтешките момент. Ова е одлука која дефинитивно носи светла иднина на нашата држава. Изборите на 24-ти Април ќе стават крај на несаканите случувања во државата а пак новата 10-та по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе пред се мир и спокој кај Македонците и ќе остави простор и време за посветена работа како и до сега и напредок на секое поле на државата! Ние, мојата матична партија се бориме за светла иднина на Македонија, за силна, самостојна, просперитетна и економски јака држава! Се бориме за подобро утре на секој граѓанин, за правата на Македонците, се бориме да го сочуваме идентитетот Македонски и ова свето парче земја. Денес сум горд, ГОРД МАКЕДОНЕЦ бидеќи знам дека решението е тука и веќе нема да стравувам од тоа што ќе и се случува на државата во идниот период. Она што сега следува е креирање на план и програма за избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ заедно со сите нас, идеи од нас граѓаните а потоа следува периодот на реализација на истите, нешто што СДСМ го нема и нема да го има во иднина. Околу тоа дали имам дилема кој ќе биде победник на наредните предвремени парламентарни избори ќе ви кажам дека не, немам! На едната страна имаме понудени план и програма за работа и реално остварливи проекти со точни датуми на реализација а на другата страна пак само интриги, спрепки и сценарија! Јасно е веќе како бел ден на кого ќе му биде дадена довербата и кој ќе биде победник НО ние се радуваме на денот на изборите, не практикуваме играње на оро пред штаб и еуфорична атмосфера три месеци претходно за да подоцна не нема никаде како на пр. нашите политички противници! Зациментираниот датум 24-ти Април 2016 година значи крај за деструктивната политика, крај за сите игри и манипулации и политички крај на некогаш најголемата политичка партија на политичката сцена во Република Македонија! За крај, Македонци, сограѓани јас сум горд на вас, горд сум на вашата истрајност, смиреност, на вашите размислувања и одлуки. Уште еднаш Македонскиот народ покажа и докажа дека е зрел и дека Македонија веќе не е истата држава од пред десет години! Ве повикувам, сите заедно со гордо кренати глави и позитивни мисли да излеземе на избори и да ставиме крај и точка, ова да остане зад нас во минатото како црна дамка и најголем преседант во историјата на Македонија. Секоја генерација има своја битка, бидете горди на себе што токму нам ни припадна најтешката да после долги години треба да ја одбраниме нашата мила Македонија! Ова е комитско време! |