Среда, 20 Јануари 2016   
Во редовите на македонската армија грчкиот бил странски јазик (3)

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Во претходните две статии во кои беа презентирани дел од трудот на бугарскиот автор Георги Сотиров, објавен во книгата „Кому му припаѓа лимеарното Б“, можевме да видиме дека во редовите на армијата на Александар Македонски грчкиот јазик бил странски и дека големиот војсководец ги цензурирал писмата кои македонските војници ги испраќале дома, што укажува дека Македонците имале свое писмо. Исто така, во него беше посочено дека зборовите кои се откриени во табличките со линеарно Б се среќаваат во современиот јазик во Македонија и Тракија, но не и во грчкиот јазик. Покрај тоа, дека и некои идеограми на линеар Б повеќе одговараат на некои зборови од Македонија, но немаат содветни грчки зборови, како и тоа дека некои симболи кои се присутни во линеарно Б се среќаваат и во глаголицата, со која се пишувани некои црковни книги откриени на Атос и на места каде што во древното минато имало Пелзаги и каде Кадмо, Дионис и Орфеј вледееја со генерации пред Тројанската војна.

Во ова продолжение од трудот на Сотиров, која  е насочено кон откривање на информации за јазикот, обичаиите, системот на имињата и другите културни слоеви поврзани со античките Македонци, кои создале обемна држава во 5-4 век п.н.е и дале поттик на сите цивилизации меѓу Рим, Египет и Индија, бугарскиот автор ги следи и анализира изворите и митовите за Лин, Орфеј, Дионис и Кадмо, при што извлекува повеќе заклучоци.

Повикувајќи се на извештајот на Диктис Кретенсис, тој ќе забележи дека во почетокот на Тројанската војна Грците биле неписмени, а пота ја користат туѓата феникиски азбука за која не говорат и онака брбливите грчки автори. Во овој дел, Сотиров врз основа на достапните извори се навраќа на приказната за Лин и бележи:

„Аполодор вели дека Орфеј имал брат на име Лин. Дионисиј од Милет го вели следново за овој Лин: "Меѓу Елините Лин беше првиот кој ги откри различните ритми и песни, а кога Кадмо ги донесе од Феникија буквите, како што ги нарекуваат, повторно Лин беше првиот кој им ги даде на хеленскот јазик, им даде имиња и ја поправи нивната форма. Сега буквите официјално се нарекуваат феникиски, зашто им беа донесени на Елините од Феникијците, но обичниот народ ги нарекува пелазгијски затоа што Пелазгите први ги адаптираа и употребија".

Има ли нешто појасно од тоа: Ако Лин беше Грк, како што се обидува да имплицира горниот текст, и ако тој навистина ги прилагодил феникијските букви за грчката говор, тогаш Грците немаше да имаат азбука од 14-ти или почетокот на 13-ти век пр. Хр., односно од околу стотина години пред Тројанската војна. Од друга страна, Диктис Кретенсис ни кажува јасно и недвосмислено дека во негово време Грците биле принудени да пишуваат со феникиски букви - и ниту збор за Лин или неговото наводно грчко писмо.“ – пишува Сотиров

Почетна точка за решавање на оваа загатка, како што смета бугарскиот автор, била разгледувањето на значењето на зборот "Елини", кој се употребува од Дионисиј. Во неговото објаснување од каде доаѓа овој збор тој вели:

„Општо познато е дека Хомер не познавал никакви Хеленски народи. Во негово време со "Хела" била одбележена само мал дел од грчката земја. Подоцна смислата на овој збор е распространет на целата земја („Сите Грци беа наречени Елини по името на еден регион во Тесалија, некогаш нарекуван Хела."). А уште подоцна зборот "Елин" почнува да добива појасна дефиниција - форма на разликување и одвојување од негрците, односно "варварите". Ова разликување сепак не било секогаш толку контрастно. Спартанците не се викале "варвари", туку "странци"... Според Херодот луѓето од Додона биле првите "Елини", кои добиле дарови на хипербореите. Сепак Додона секогаш бил сметан за пелазгијски град и никогаш за грчки. Пелазгите, вели Херодот, зборуваат варварски јазик. На друго место сепак истиот историчар ни кажува дека Пелазгите "веќе се сметаат за Елини". Ако веруваме на Херодот, Александар I Македонски, вазал на Персија и заштитник на Атина, се дефинирал како "елински вицекрал на Македонија", додека разговарал со персиските пратеници. Така е определен како Елин, и на олимписките игри. За сметка на тоа, 150 години подоцна Демостен го нарекува Филип Македонски со зборот варварин.“

Анализиријќи го овој дел, како и фактот дека пред и некое време по Тројанската војна целиот јужен дел на Балканскиот Полуостров се викала Пелазгија, а не Грција или Хела, Сотиров го заклучува следното:

„Единствената веродостојна теорија може да биде дека Лин ги прилагодил буквите за потребите на Пелазгите, од кои некои едвај многу подоцна почнуваат да бидат нарекувани ту "Елини", ту "варвари", во зависност од ставовите на соодветниот автор. Ако Лин всушност бил брат на Орфеј, треба да е роден кон крајот на 14 век пр. Хр. Што друго знаеме за него? Се тврди дека бил овчар во планина на Беотија, од каде "дошол во Теба и станал државјанин на градот, но бил убиен ... од Херкулес, кој паднал во бес, зашто бил удрен од Лин, и затоа го исекол". И за оваа приказна се наметнуваат некои појаснувања. Во времето на Лин не постоел град во Европа, наречен Теба. Лин очигледно отишол во Кадмеја, градот, основан од Кадмо и неговите феникиски придружници кои биле во добри односи со (Пелазгите). Подоцна градот е проширен и еден дел од него е наречен Теба од Грк кој на овој начин ја изразил љубовта кон истоимената своја сопруга. По протерувањето на Кадмејците од страна на Грците името Теба почнува да се користи за целиот град, иако тврдината го задржала називот "Кадмеја". Дури и да не знаел да чита и пишува пред заминување во феникиски град на Кадмо, Лин имал одлична можност да го стори тоа кај Кадмејците. Диоген Лаерциј вели дека Лин, напишал песна во која го опишува создавањето на светот. Таа започнувала со зборовите: "Беше време кога сите нешта изникнаа заедно." Исто така се тврди дека Лин станал учител. Според Диодор Сикул, тој имал многу ученици", а тројцата најпознати биле Херкулес, Тамир и Орфеј".... Орфеј бил син на ... Еагр (Oeagrus) и нимфата Калиопа. Страбон го става неговиот дом во Пимплеја, село во подножјето на планината Олимп. Погребниот епиграм од Дамагет започнува со зборовите: "Во гробницата во ... падините на Олимп лежи Орфеј, син на музата Калиопа. Го преставуваат Тамир како "син на Филамон и на музата Агриопа која некогаш живеела во Парнас, но кога забременила, се преселила кај Одрисците, затоа Филамон одбил да ја однесе дома.... Нимфите, музите и божиците имаат различни карактеристики во грчката литература. Тие се особено корисни кога треба да се покрие ... потеклото на некоја славна личност...“

Сотиров во својот коментар ќе забележи: „Откако ќе почнеме да ги разбираме овие работи, тогаш ја сфаќаме и елементарната причина зошто Грците во подоцнежните времиња ја нарекуваат адаптираната од Лин азбука на Феникијците со терминот "пелазгијска", која била токму таква. Немаме причина да се сомневаме во сведоштвото на Диодор Сикул дека "Лин напишал расказ со пелазгијски букви за делата на првиот Дионис, како и за други митски легенди, кои ги определи меѓу своите мемоари. На ист начин Орфеј и Пропанид, кој беше учител на Хомер и талентиран поет, ги користеа пелазгијските букви; а исто така ги користеше и Тимоет - син на стариот Тимоет, а тој син на Лаомедон - кој живееше во времето на Орфеј ... ". Овој Тимоет, очигледно внукот на цар Приам, исто така "напишал фригијска поема, а така ја нарекуваат, бидејќи ја напишал, користејќи го древниот јазик и букви".

Во својата анализа на гореизнесеното, Сотиров вели дека  откако  ќе се согледа сето ова тогаш се добива суштината на работите дека "древниот јазик и букви" биле фригијски, односно трако-пелазгијски. При тоа, како дополнување на сторијата за Лин, авторот изнесува интересни податоци во кои се вели:  „Од горната информација дека Лин пишувал мемоари со оваа писменост, како и дека Тимоет напишал фригијска поема. Грците, кои биле големи преведувачи, зачувале (ненамерно?), макар и во грчки превод, дел од стиховите кои Орфеј ги пишувал на родниот трако-пелазгијски. Поради тоа не е потребно да се изненадиме, дека Пелазгите во Пелопонез го почитувале како Лин, така и Орфеј со слики, како што една од сликите, го покажува Орфеј, преживеа доволно долго за да може Павзаниј да ја види при прошетката до Лаконија. Чудно е дека не можел да види и други слични слики. Но пак Плутарх во неговото "Житие на Александар" споменува слика на Орфеј од кипарисово дрво, за што се знаело во Либетра, Македонија.“

Движејќи се низ маглата на поезијата и митологијата, Сотиров доаѓа до пелазгијския град Додона, недалеку од кој се населил Кадмо откако беше протеран од Грците од првичниот дом во Беотија. Во тој контекст говори за Херкулес (Херакле), студент на Лин, за кого, како што вели „знаеме дека има запишано претскажување во Додона? Тој се прашува каква азбука би можел да научи од пелазгијскиот учител, ако не е пелазгијската писменост, нарекувана уште фригијска?“ Тој неможе да го избегне и следното логично прашање: „ако Херкулес можел да чита и пишува пелазгијски текстови, најверојатно говорел и пелазгијски јазик“. Во тој контекст Сотиров се навраќа на епизодата со Кадмо и вели:

„Сè што знаеме за Кадмо и неговите потомци, ја поддржува присутноста на ... пелазгијската писменост во 14 век п.н.е. Доколку може да се каже, некаде околу 1422 година п.н.е. - точниот датум не е суштински во случајот - Кадмо и неговата мајка Телефаса ја напуштиле Феникија и тргнале кон Тракија. Кога ги прашале, тие давале за објаснување (или оправдание?) за патувањето дека ја бараат Европа, сестра на Кадмо, која била исчезната од дома. Меѓу сопатниците на Кадамо бил и Тас... Тој основал град на ...островот, познат денес како Тасос. Таму умира Телефаса. "Кадмо ја погребал и откако бил примен гостопримливо ..., тој отишол во Делфи за да се распрашува (кај гатачки) за Европа. Бог му рекол да не се мачи за Европа, а треба да следи постојано една крава и да формира град каде таа ќе падне од исцрпеност. " Кадмо послушал гатачките и така го основал градот Кадмеја во Беотија.

При Павзаниј читаме доста подетално за пристигнувањето на Кадмо во Беотија. Како што изгледа кога феникиската армија под водство на Кадмо се симнала од бродот, две од локалните племиња биле набрзина покорени или протерани. Од нив "Хиантите (Hyantes) ја напуштија земјата пред  доаѓањето на ноќта, а Еоните (Aones) го помолија за поштеда и Кадмо им овозможил да останат и да живеат со Феникијците. .. Кадмо го изградил градот, кој дури и денес понекогаш се нарекува Кадмеја. Потоа градот се ширел и така Кадмеја остана (името на) цитаделата во јужниот дел на Теба. Павзаниј пишува исто така, дека "Кадмо склучил успешен брачен сојуз, ако, како што раскажуваат грчките легенди, зел за жена една од ќерките на Афродита и Арес"... Диодор Сикул кој не сака митови и алегории, ни ја презентира историјата поотворено: "Кадмо, синот на Агенор, стигнал кај Самотракијците за време на своето патување во потрага по Европа, а откако бил посветен, се оженил за Хармонија, која била сестра на Јасон (Iasion), а не е ќерка на Арес, како што ја опишуваат Грците во своите митологии." А кои се Самотракијците? Можеби Грци? Сосема не. Пишувајќи за верските мистерии на остров Самотраки, Херодот вели дека тие се воведени таму од "Пелазгите кои пред да одат да живеат во Атика живееле на Самотраки".“

Висливо е дека по пристигнувањето на европско тло, Кадмо не се обидел да бара или работи со грчко племе. Тој ја нашол ... пелазгијската заедница, која го прифатила радосно и која му дала локална принцеза за сопруга, забележува бугарскиот автор и продолжува:  

„Всушност Хармонија, Јасон и Дардан, и тројцата биле деца на Електра, која пак е ќерка на Атлас. Благосостојбата и славата на Атлантидите може да се претпостави од впечатокот што го оставиле грчките автори на митови кои пишуваат дека самите богови се спуштиле од небесата, за да пируват и се веселат со песни на свадбата на Хармонија. Ајде за момент да претпоставиме дека образованиот финикиец се оженил за неписмена невеста. Врз основа на што може да се искаже приговор против веројатноста тој да ја научи неговата сопруга и нејзините браќа на писменоста која ја донел од Феникија? И може ли да има нешто поочекувано од тоа, еден високоинтелигентен  ... Пелазгиец, како Лин на пример, да ја прилагодил феникијските букви кон барањата на ... пелазгијскиот јазик? Можете да го направи во секое време - ако не на Самотраки, каде немаме сведоштва дека одел, тогаш барем во Беотија каде знаеме дека се населил во градот на Кадмо.“

За подоцнежната историја на Кадмо и Хармонија, која не е помалку интригантна особено за Македонците, Сотиров  вели:  „Во согласност со едно пророштво Енхелејците (племе населено во Охридско) му нудат на Кадмо и Хармонија да бидат нивни водачи во походот против Илирите. Кадмо се согласува и ги носи до победа, по што "тој царува над Илирите и му се родил син - Илиријан". Кадмо и Хармонија остануваат да живеат меѓу Илирите до својата смрт. Аполониј Родиј зборува за нивната гробница во илирска земја. Калимах ја поставува оваа гробница во Пола, Истра. Се тврди дека додека бил жив, Кадмо го основал градот Лихнида. Овој град кој бил во срцето на Македонија и се уште е таму, само неговото име е променето, денес се нарекува Охрид.

Овде авторот се прашува: „дали Кадмо ги учел своите деца да читаат и пишуваат, додека живееле во Македонија и меѓу Илирите? Дали го научил младиот Илиријан да користи "буквите .... на Кадмо", или пак не е? Според него, со најголем кредибилитет тој вели дека  одговорот е следниот:  „дека го научил и само во приказните за скитањето на Кадмо ќе најдеме повеќе причини да веруваме дека не само Пелазгите од Самотраки, Беотија и Македонија, но и Илирите дури до Пола (Истра) биле образувани векови пред Хомер.

На крајот од овој дел, бугарскиот автор вели дека  „не треба да се  пропушти фактот дека Семеле, една од ќерките на Кадмо, била мајката на Дионис (Бахус), кој бил почитуван како бог и кому му е издигнат храм на највисоката планина“ на територијата на Сатрите, племе околу македонската планина Пангеј со излез на Орфанскиот залив. За нив пишува Херодот кој вели  дека "Сатрите  колку ни е познато, не биле покорувани од никого досега, а до денес живеат слободни и непречено... Тие живеат меѓу величествените планини покриени со снег, и се многу храбри во битките. .. имаат светилиште на Дионис во земјата, што е лоцирано на највисокиот планински венец. Бесите, кои се Сатријци, даваат пророштва. Оракул е жена, исто како во Делфи, и нејзините одговори не се потешки за читање."

Сотиров овде ќе забележи следното: „Се тврди дека Александар Македонски го посетувал храмот, а години подоцна таму одел и Октавијан, таткото на Август. Некои претпоставуваат дека Александар се распрашувал до пророкот на Дионис, бидејќи се подготвувал да ја напаѓа Персија и Индија - нешто што самиот Дионис го сторил илјада години порано... А Макробиј кој творел околу 400 година сл. Хр., дури ја опишува формата на храмот.“

Треба ли да претпоставуваме дека Кадмо не го научил сопствениот внук Дионис да чита и пишува? Или пак, дека уметноста на пишување не било сочувано од свештениците во храмот на Дионис во последниве години? – се прашува Сотиров и вели: „Можеби ќе беше новина за некои модерни елинисти дека како во времето на Херодот, така и во наши дни, во највисоката планина продолжува да има важен храм. Тоа е едно од местата каде што е зачувана глаголическа книжевност од последното милениум.“

Инаку Макробиј, тој го идентификува Дионис како бог на Сонцето, па не чудно што ова светилиште го посетувал Александар и други Македонци.

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.