Среда, 20 Јануари 2016   
Која е разликата помеѓу СДСМ и приватните црквени компании во Австралија?

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Која е разликата помеѓу СДСМ и приватните црквени компании во Австралија? Никаква разлика. Како иста мајка да ги родила. Нашиот проблем е сосема ист како и вашиот таму.

Сакаат пари, богатства и најубав живот преку грбот на Македонија, Македонскиот народ и МПЦ. Самите се рекламираат како црпнати од нивите и мора на нив да им се даде се. 

Двете страни се во тесна врска со Грците и нивните лидери убаво се офајдуваат од нив. Ако ги разбереш едните, и другите ги скенираш многу лесно и без напор. 

Најновиот пример за Гинисова книга на рекорди доаѓа од Бризбен, Австралија. Црквата во Њу Фарм, каде малубројниот Македонски народ купи место и изгради црква... преку ноќ доби "нови газди" од страна на приватните црквени компании во Австралија. Тие со сила и лажни вечни хајки против Владиката Петар, ја избркаа управата и попот и се наместија со нова управа и распоп. Како резултат на тоа, денес голем црковен двор го поделија на 92 парцели, каде преку некој мрднат градител Цане, ќе градат 92 куќи и ќе ги продаваат од 550.000 долари па нагоре. Знаеме кој се ќе профитира и најважно е што тука лежи одговорот зошто не чини Владиката Петар. Иста финта како и со Груевски. 

Исто така, сите знаете дека судскиот процес со Св. Петка траеше 16 години и чини преку 16 милиони долари. Покрај сите одлуки и наредби дека црквата не смее да биде приватна т.е. ИНКОРПОРИРАНА... ете тие пак се пишуваат како Македонска Православна Општина, а не како Црква. На исто ниво се како клуб, бизнис, фирма па ако сакате да речеме и како јавните куќи, нема да згрешиме. Полуписмен градител се потпишува како заменик ПРЕТСЕДАТЕЛ, го убедуваше судијата во судскиот процес дека поправка на еден ѕид коштала преку 750.000 долари и така ги потрошиле парите од осигурителната компанија од 1 милион долари, што им беше дадена наводно за испукани ѕидови на цркавата од звукот на авионите. Сите овие финти и финансиски малверзации ви се познати од СДСМ. А за 16 милиончиња што треба да ги платат, лажат дека Петар го изгубил судот, па тие од немукает продадоа станови и градинката, сопственост на Св. Петка... Криминал А Ла Црпко.

Сето тоа тие го прават со лажната изјава дека Синодот доделил и Втора Епархија на чело со Тимотеј, што апсолутно не е точно и ви приложуваме доказ. Со лесни новинари како Марјан Николовски од Сител и Бранко Ѓорчевски од Дневник... Овие исто како Героски, Милчин Тричко и компанија, форсираат нешто што не постои и шират лажни вести за 100 евра. 

Најтрагично е што нивните лидери и најблиски соработници многу сложно и весело се дружат и тоа јавно го манифестираат. Сето тоа е на сметка на жална и кутра наша мајка Македонија, преку која тие земаат, дрпаат, грабат и желни се за повеќе пари и по цена на голема крв. 

Пак ќе прашам како и порано: Дали нешто им должиме или тие на Македонија и должат? До кога ќе ги трпиме и зошто ги пуштаме вака последниве сто и кусур години? Има ли крај на оваа нивна лакрдија и дали еднаш ќе седнат во суд и да гнијат по затвори? ВРЕМЕ Е... КРЕВАЈ СЕ НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ И НЕ ДАВАЈ ОВИЕ ПРЕДАВНИЦИ ДА ВИДАТ БЕЛ ДЕН !!!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.