|
|
Никола Груевски со еден велемајсторски потег ја раскина мрежата, која упорно ја плетеше Зоран Заев |
Никола Груевски го пресече македонскиот јазол кој го замрси Заев Во својот поход за посветла и подобра иднина на Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со еден потег го пресече македонскиот гордиев јазол кој долго го замрси лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во пресрет на предизвиците кои ја очекуваат земјата, за да се прекине агонијата која ја предизвика Заев и кој целата земја ја држеше во заложништво, владеачката партија предводена од Груевски донесе одлука сепак да има предвремени избори на 24 април 2016 година што беше поддржано и од еврокомесарот Јоханес Хан. Погубната политика на опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, која ја држеше во заложништво иднината на македонскиот народ и која долго ја влечеше за нос меѓународната заеница конечно има своја разрешница. Согледувајќи ги сите последици кои можат да произлезат по безбедноста на земјата и откако од страна на СДСМ не беше испочитуван договорот од Пржино, владеачката партија предводена од Никола Груевски и покрај противењето на опозицијата, донесе одлука да се прекине агонијата во која беше втурнат македонскиот народ. Груевски поднесе оставка, Собранието се самораспушти, а претседателот Ѓорѓи Иванов му го довери мандатот на Емил Димитриев да ја предводи техничка влада која ќе ги спроведе предвремените избори закажани за 24 април 2016 година. По веста дека владеачката партија одлучи да има избори во април и по оставката на Груевски во Собранието, реагираше и комесарот Јоханес Хан кој ја поддржа одлуката. Во своето соопштение тој ќе истакне: „Ја слушнав одлуката донесена денес за предвремени избори на 24 април како што е договорено во Пржино. Како што реков, повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии. Сега е од круцијална важност сите политички и институционални актери во земјата да сторат се што можат за да се обезбедат фер избори според демократски стандарди. За да се направи ова, итно е да забрза подготвителната работа особено околу изборниот список. И покрај неуспехот да се најде заеднички договор за денот на изборите, очекувам сите политички партии конструктивно да соработуваат и да се држат до нивните ветувања во рамките на договорот од јуни и јули вклучително и реформските приоритети”. Во овој историски момент, клучен за иднината на Македонија и македонскиот народ, премиер за спроведување на изборите Емил Димитриев во контекст на барањето на Хан, во својот говор пред претениците на Собранието на Македонија ќе ги истакне евроатланските заложби на Македонија и ќе повика за заедничко дејствување: „Да дадеме нов ветар во грбот на македонските европски и евроатланстки интеграции, покажувајќи пред сите, дека ние Македонците, албанците турците, ромите, србите, власите, бошњаците имаме капацитет, знаење, потенцијал, вештини, сила, мудрост да ги решаваме предизвиците, дека не само што имаме државотворен капацитет туку имаме и знаење тој капацитет постојано и постојано да го покажуваме и надградуваме со нови вредности. Да покажеме дека Македонија, не само географски, туку и цивилизациски и култоролошки припаѓа и е потребна на Европа. Тоа ќе зависи од сите нас, од пратениците, членовите на владата, политичките партии, граѓанското општетсво, медиумите, сите општетствени чинители, и пред се ќе зависи од нашата посветеност, чувство за историскиот миг и одлуките кои се потребни да се донесат од нашиот одговорен пристап и од нашите заложби секогаш и секаде, без исклучок да дејствуваме во најдобар интерес на нашите граѓани. Јас верувам дека ние тоа го можеме. Јас верувам дека ние знаеме и како, и зошто дејствуваме, а одговорот е еден, заради Македонија, бидејќи Македонија е нашата татковина, и сега ние треба да возвратиме на најдобар можен начин“- ќе посочи Димитриев пред пратениците. Меѓуто, за жал, како што вели пратеникот Антонио Милошевски, кој говореше во Собранието по Димитриев, „за прв пат имаме парадокс – политичката партија која што бараше формирање на ваква преодна влада не е присутна во Собранието. Но, тоа говори за кредибилноста на тие кои што имале такви политички барања.“ Всушност изостанувањето на социјалдемократските пратенци само говори дека челниците на СДСМ немаат чуство за историскиот момент, за одговорноста кон сопствениот народ, за дадениот збор и дека не се дораснати да ги решаваат предизвиците на новото време. Во долгата шаховска завршница меѓу владеачката партија и опозицијата, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски со еден велемајсторски потег ја раскина мрежата, која упорно ја плетеше Зоран Заев. Како Александар во минатото, Груевски со еден удар го расече гордиевиот јазол и ги матира социјалдемократите таму каде што најмногу инсистираа - предвремени парламентарни избори. Тоа што опозицијата го бараше и го потпиша во договорот од Пржино го доби, но нивното осуство од Собранието потврди дека тие се плашат од нив и дека немаат лице да се соочат со мнозинството граѓани, а богами и со своето членство. По оваа одлука за предвремени избори во април годинава, сега судбината на Македонија не е во рацете на политичарите, туку е предадена во рацете на македонските граѓани. Тие на овие избори треба да му го предадат мандатот на оние политичари на кои најмногу им веруваат, а според сите анкети, од што социјалдемократите фатија уплав, на политичарите на ВМРО ДПМНЕ, кои во изминатата деценија покажаа и докажаа дека имаат визија, знаење и умеење успешно да ја водата земјата. Никола Груевски и неговиот тим покажаа дека знаат да го слушаат својот народ и да работат во интерес на државата и нејзините граѓани. Опозицијата одамна тврди дека во земјата нема демократија и дека нема слобода на медиумите. Но тоа не е точно зошто тука има многи повеќе демократија и многу повеќе слобода на медиумите отколку на Запад на кој се повикуваат. Само тој што не работел во медиуми може да го говори тоа. А што се однесува до демократијата, овој чин кога се враќа мандатот на пратениците на народот, што има подолг континуитет, само го покажува степенот на огромна демократија која владее во земјата. Никола Груевски по повод одлуката за предвремени избори и враќањето на мандатот на народот ќе изјави: „Од денес се јавува една нова светлина. Денес работите се променети. Дискусиите за одлуките повеќе не се помеѓу политичарите. Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денес зборува народот на оваа држава. Пред вашите домови, на вашите работни места, во кафетерии и ресторани, насекаде во вашите места, ќе разменувате идеи меѓу себе за тоа каква држава сакаме да имаме, и како ќе ја направиме подобро место за живеење за сите нас. Вие одлучувате, вие одлучувате за националните приоритети и за националните интереси за државните интереси. Бидејќи во демократијата тоа е единствено ваш избор...Со нетрпение го чекам моментот кога уште еднаш ќе докажеме, дека најмудрото нешто кое што може да го направиме за нашата држава, е да му дадеме на народот моќ да одлучува.“ Поголема демократија од ова нема. А народот на предвремените парламентарни избори и овој пат ќе знае на кого да му го довери мандатот, зошто и оној мал кредибилитет кој го имаше СДСМ, со овие постапки го изгуби. Зоран Заев и СДСМ, кои бараа избори и сега бегаат од соочување со народот, целосно ја изгубија довербата на народот! Нека ни е вечна Македонија и македонскиот народ!
|