|
|
Кажете ми дали вие паметите барем едно позитивно дело во времето на владеење на СДСМ?! |
СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ?! Почитувани пријатели, драги мои сограѓани, сопартици и пред се Македонци! Дали веќе секој од вас го чувствува мирисот на лага и превара, на невидлива програма на СДСМ и еден куп други манипулации?! Се сеќавате ли на сите злодела направени сега но и во минатото на СДСМ и нивните кадри?! Знаете ли колку штета има претрпено Македонскиот народ само од нив! Кога ги слушам постарите како велат дека Македонија и Македонците страдале од своите така и ние сега во ова време, страдаме од предавници во своите редови, луѓе кои би се продале и себеси за ситна пара! п.с да не зборуваме за име или пак за идентитет! Знам, сигурен сум и длабоко во себе сум убеден дека секој еден од вас многу добро се сеќава на времето кога СДСМ беше на власт, на таа политичка опција и на таа нивна невидлива програма! Да ве запрашам сите вас мои браќа, дали се сеќавате на најголемите недела на СДСМ како на пример за почетокот продажбата на ЕСМ и бонбона бизнисот на Шекерната?! Или пак сигурно во вашата меморија е длабоко врежано она што тогашниот нивни лидер го ветуваше, демек по еден вработен од секое семејство?! Знам и дека сите вие Македонци добро се сеќавате на ликовите кои излегуваа јавно и молеа за корка леб бидеќи ја изгубиле својата работа од државните фирми кои пропаднаа во времето на СДСМ или подобро речено некои од нив станаа приватни во процесот на приватизација па така и некои личности блиски до тогашната власт станаа ГАЗДИ и големи, моќни сопственици?! Еве јас се сеќавам кога на еден митинг на СДСМ излезе нивниот лидер и упати најпогрдни зборови кон еден човек кој тогаш си ја бараше својата правда и жалеше што неможе достоинствено да оди во пензија ами треба да проси на улица за да го прехрани своето семејство! Кажете ми дали вие паметите барем едно позитивно дело во времето на владеење на СДСМ?! Јас не, иако млад и не толку искусен како вас, особено вас постарите, од многу прилози, разговори со луѓе и информации можам да сфатам дека тоа било време на владеење на една багра која до ден денес живее онака отмено и лежерно на грбот на нас граѓаите и нашата незавидна финансиска положба! И сега доаѓаме до кулминацијата од победата на ВМРО-ДПМНЕ па до ден денес кога се појавува претседателот на таа партија, лидерот и пред се човек со големо срце Никола Груевски. Ако ме прашате мене дали паметам едно добро дело на оваа владеачка гарнитура и партија јас можам во овој момент да ви набројам најмалку 100, тоа се 100 проекти реализирани и уште исто толку во фаза на реализација. Ако пак ме запрашате дали јас паметам една лоша работа јас ќе ви одговорам со големо НЕ! Сигурно никој од вас не мисли дека лошо е човек да ја воздигне и оживее историјата на Македонија со проектото СКОПЈЕ 2014! Гарантирам( со глава) дека никој од вас не се жали што сега секое утро патува на работа и зема барем (во нај лош случај) минимална плата што е пак подобро од колку порано кога сите седевме дома...зборувам за она минато време по што го паметиме СДСМ! И сега дојде ред некој (било кој) да ме убедува мене или вас дека некој има програма и дела и кој тоа го има а кој не или пак некој вас Македоците ќе ви продава памет?! Па господа, вие и сите ние не пиеме нафта секое утро пред да тргнеме за на работните места! Јас сум сигурен дека секој еден од вас многу добро знае кој нешто направил за Македонија и Македонецот а кој не направил ништо, т.е јас сум грешка подобро е да се формулира кој направил само за себе! Јас сум млад човек кој сега гласно се смее на перјаницата на СДСМ, на врхушката и нивната пропаганда бидеќи подобро ќе да беше виц да раскажуваа од колку да ни продаваат скапа магла! Но, МАКЕДОНЦИ, нека, бидете трпеливи и мудри како и до сега, доаѓа денот кога ние граѓаните ќе одлучиме, ке судиме и пресудиме и ќе ставиме крај на ова заложништво (како физичко така и психичко малтретирање)! До тогаш, издигнете се над проблемите, кажете стоп на лагите и манипулациите и бидете горди МАКЕДОНЦИ! 24/7 бидеќи за татковината се работи!! |