Среда, 27 Јануари 2016   
Во редовите на македонската армија грчкиот бил странски јазик (4)

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

За да се испеглаат накадрените локни, проширени од професорот Чедвик, ни е потребна архаична даска за пеглање од Македонија. Линеарно Б треба да се смета за предкадмијско, трако-пелазгијско писмо, делумно идеографско и делумно слоговно. Листата со сиконски цареви, кој ни се дава во "Хроника" на Евсевиј, започнува со имиња од третиот милениум пред новата ера, што само по себе сугерира писменост и белешки. Сикон била важна област на Кавконија.. (Македонска земја н.з). Треба да се посочи дека зборовите кои се откриени на таблиците со линеарно Б, се среќаваат дури и во современиот јазик кој се зборува во Тракија и Македонија, но не и во грчкиот јазик... “ – пишува во своите заклучоци авторот Г. Сотиров.

Во врска со користењето на историските извори, бугарскиот автор Георги Сотиров во својот труд „Кому му припаѓа линеарното Б“ вели дека целта на ова негово истражување не е да започне расправа со професорот Чедвик или со било кого од „елинистите“, туку да се отвори дискусијата за писмото линеарно Б во правилни историски рамки, бидејќи како што вели „Ништо не е во состојба суштествено да ги искриви или директно да ги скрши овие рамки така, како што може да тоа да го направи површното и своеволно толкување на достапните извори“.

Во тој контекст Сотиров смета дека „книгата на професорот Чедвик е структурирана така да директно го елиминира историскиот аспект на проблемот“. Како типичен пример за тоа како НЕ треба да се ракува со информации од библиотеките, тој го посочува професорот Ф. Виан и неговата книга "Les Origines de Thebes, Cadmus et les Partes".

„Во оваа книга сè - историја, уметност и митологија - е нафрлано така неселективно, така да се добива еден скап и теоретски исцрпен производ од кој сепак не се добива поим за потеклото на Теба, Кадмо и неговата писменост. Некој од уредниците очигледно заборавил да го потсети професор Виан за максимата: l'erreur ajoutée à la verité ne l'augmente pas (Додавањето грешка кон веројатноста не ја прави веројатноста поверојатна)“. – пишува Сотиров.

Во продолжение на својата анализа, бугарскиот автор ни посочува дека „оние кои сакаат да се прошири опсегот на историските знаења нема да постигнат успех, освен ако не ги одделат веродостојните и повеќекратно посведочени факти од останатото“. Притоа Сотиров укажува дека митовите, иако во различен степен, во повеќето случаи лежат на реална основа и додава дека уште во првиот век по Хр. за овој проблем бил свесен Страбон кој коментирал вака: "... Откако поетите, особено Хомер, не само што ги пишуваат митовивите, а ги испреплетуваат и со вистински настани, оној кој одлучи да ги истражува овие материјали, не треба да бара нужно дали митовите имаат реална основа, туку да ја одвои вистината за реалните места или луѓе на кои овие митови се прикачени."

За тоа како може да се издвои вистината од митот, Сотиров ќе напише: 

„И така, кога Херодот ни кажува дека Пелазгите го изградиле Атинскиот Акропол, можеме да му веруваме. Меѓутоа, кога Хомер ни кажува дека ѕидовите на Троја се изградени од Аполон, имаме право на соодветна доза на скептицизам. Троја бил фригијски, односно трако-пелазгијски град. Аполон бил тракиско божество. Неговото вклучување во заплетот е своевидно признание дека трако-пелазгите, кои биле одлични градители, кои изградиле толку убав град, така да во очите на уште примитивните Грци изгледал како божествено дело. Кога Аполодор ни кажува дека мајката на Тамир е нимфа, можеме мирно да ја прифатиме нејзината женска привлечност, без да ја прифаќаме нејзината божественост. Од друга страна, кога се тврди дека Тамир царувал на планината Атос, не можеме да имаме причина да го поставуваме на друго место. Всушност треба да имаме предвид дека Атос отсекогаш бил трако-пелазгијско земјиште, каде се зачувани глаголичките вредности, односно напишани со симболи кои го наоѓаме во линеарно Б. Кога ни се вели дека Дионис и мајка му се вознесле на небото, никој не не обврзува да веруваме. Меѓутоа ако Херодот ни уверува дека имало светилиште на Дионис на највисоката планина во Тракија, можеме да одиме и да погледнеме местото. Ако се покаже дека таму всушност има светилиште, доста важна при тоа, имаме право на соодветните преосмислување на наметнатите субјективни претпоставки. Експертите за линеарно Б е редно да се замислат над овие работи пред да ни раскажуваат за "Животот во Микенска Грција". Да го цитираме Страбон уште еднаш: "повеќето од авторите кои ги разгледуваат истите теми, кои ги разгледувал и Хомер, и истите различни преданија, не учат дека овие работи не се само измислици на поети или автори на проза, туку зад нив стојат и траги од вистински лица и настани."

Прашање на кое елинистите треба да одговорат е дали сакаат да ја откријат вистината за овие вистински настани и лица, вклучувајќи и за нивната рана писменост.“ - се прашува авторот, пред да ги донесе следните  заклучоци:

„Ако е вистина дека Кадмо ја донел феникиската писменост кон крајот на 15 век пр. Хр. прво во Тасос, а потоа во Беотија и Македонија, и е вистина дека Лин ја прилагодил оваа писменост за потребите на трако-пелазгијскиот јазик, и исто така е вистина дека оваа писменост е користена вклучувајќи го Пронапид - учителот на Хомер, од тоа би требало да следува дека таа писменост најверојатно била прилагодена за грчкиот јазик од самиот Хомер, како што сведочи и Дион Хризостом. Пред Хомеровото време секое повикување за списи на т.н. "Елини" треба да се сфати како сведоштво за фригијска (трако-пелазгијска) писменост, практикувана од едно или друго од бројните тракиски племиња.

Но, што да кажеме за писмото линеарно Б, што не е исто како феникиската азбука и што би требало да е користено пред времето на Лин? За да се испеглаат накадрените локни, проширени од професорот Чедвик, ни е потребна архаична даска за пеглање од Македонија. Линеарно Б треба да се смета за предкадмијско, трако-пелазгијско писмо, делумно идеографско и делумно слоговно. Листата со сиконски цареви, кој ни се дава во "Хроника" на Евсевиј, започнува со имиња од третиот милениум пред новата ера, што само по себе сугерира писменост и белешки. Сикон била важна област на Кавконија.. (Македонска земја н.з). Треба да се посочи дека зборовите кои се откриени на таблиците со линеарно Б, се среќаваат дури и во современиот јазик кој се зборува во Тракија и Македонија, но не и во грчкиот език. Покрај тоа, некои идеограми на линеарно Б одговара повеќе на некои зборови од Македонија, особено од покраината на Атос, како и од Тракија, но немаат соодветни грчки зборови. И конечно, некои симболи присутни како во линеарно Б, така и во глаголицата, со која се напишани некои црковни книги, откривани на Атос и на други места каде што имало пелазгијски населби од древни времиња и каде Кадмо, Дионис, Орфеј и Тамир владееја со генерации пред Тројанската војна.“

Бугарскиот автор Сотиров укажувајќи на фактот дека во својата глава за "читањето" и професорот Чедвик прави некои искази, носечки мисли,  дека линеарно Б би можело да биде и Пелазгијско писмо... ќе финишира во својот труд „Кому му припаѓа линеарното Б“ дека „Трако-пелазгијското потекло на линеарно Б не може да биде обвиткан со нејасните загатки на безгрижните или едноставно премногу лековерните елинисти“.

Овој труд на Георги Сотиров, во кој укажува на постоење на писмо од древнина, три милениуми пред Христа, писмо кое го користеле и војници на Алесандар Македонски, потоа дека одредени симболи на ова писмо се сретнуваат во глаголицата, па се до одредени древни зборови кои се сретнуваат во денешниот современ македонски јазик, а ги нема кај Грците, само го потврдува милениумскиот континуитет на македонскиот народ и дека никој друг освен нив нема право на библиското име Македонија.

1. Табличка со текст на линеарно Б од Пилос.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.