Среда, 27 Јануари 2016   
Заплакала Македонија за Путин е хит песна и кај соседите

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

За крај, да резимираме каква улога има песната за Путин.

Заплакала Македонија за Путин е хит песна не само во Македонија, туку и кај соседите. Песната беше наменска за Радио Ајвар во Сиднеј и како таква, воедно како и сите други песни, се најде на Интернет на Јутјуб и се разбира на Фајсбук. Тргна убаво до кај 9 илјади посетители и реков ајде нека биде до десетка со кромид и добро е. Но одеднаш  Македонските медиуми почнаа да ја класифицираат како хит кој му даде насмевка на Македонскиот народ и малку смеа и надеж. Ако де, лошо не мислевме ( јас сум креатор на сите дела и имам голема помош, инспирација и соработка со Никола Ристевски, радио водител на 2 РРР 88,5 ФМ на Сиднејските радио бранови ). 

 Но како што претчуствував, почнаа да се мешааат и комшиите. Грци и се разбира неизбежните Бугари. Си реков, нека ги и нека си кажат што ги мачи. Богами ги мачат моите зборови во текстот каде велам дека Русите од Нас Македонците добиле црква, писменост и азбука преку Климент и Наум. Боли пустата вистина, зошто тие секогаш се мајстори во најсудбоносните момети да фатат страна и сојуз со погрешни сили. Им се заблагодарувам на посетата која во моментов е преку 47 000. 

Но има и друг момент со јачината на Радио Ајвар. Во Октомври 2015, преку Јутјуб ја ставивме песната КАТИЦА ЈАНЕВА СКАНДАЛ. Иста шема, ние сме како една врста хумор, сатира и критика во стил на Радио Кукурику, специјалност Македонска политичка сцена и изгледаме патриотски, благодарение на антимакедонската опозиција. 

Катица со нејзините пријатели од странство и специјално Американската Амбасада ... направија да се тргне овој скеч или песна.

Тоа ми беше објаснето на заобиколен начин и ова е преседан и доказ дека нема слобода во западните медиуми и центри. Но затоа Катица и Американците, треба да знаат дека клипот го поставив на Фајсбук кај мене, па нека го затворат и таму и се така ќе си играме играчки, ама Радио Ајвар не се предава и имаме ијладници начини како да ги победиме " демократите и слободоумните " цивилизациски гиганти. 

Радио Ајвар ја има душата и пред се искреноста при креирање на песни и затоа има успех и над 600 илјади посетители само на Јутјуб. Тоа го нема опозицијата и затоа нивните автори не можат да парираат на Радио Ајвар. Да ги потсетиме дека Зоран Заев песната ја посетиле скоро 150 000, за Шеќеринска преку 100 000 итн итн. 

За крај, да резимираме каква улога има песната за Путин.

Вредна порака, делува колку на смеа пет пати повеќе на озбилност, затоа што Путин е број еден во моментов и ќе биде долго како таков. Секоја помисла дека ќе и помогне на Македонија како братска православна земја и вратена благодарност за Климент и Наум, се разбира за нивната вера, азбука и црква ... е голем проблем за соседите, чија крајна мисла е дека она што ни го украле, треба да ни го вратат. Знаат тие, Ние, сите Вие, што е всушност тоа. Треба ли да потенцирам ?

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.