|
|
Несудениот македонски кнез баронот Радич |
Санстефанскиот мировен договор е прелиминарен договор помеѓу Руското царство и Отоманската Империја, склучен на крајот на Руско-турската војна (1877 - 1878). Тој бил потпишан во март 1878 година во малото место Сан Стефано во близина на Цариград, од Никола Павлович Игнатиев и Александар Нелидов од страна на Руското царство и министерот за надворешни работи Сафет Паша и амбасадорот во Германија Садула Беј од страна на Отоманската империја. Со договорот требало да се воспостави Санстефанска Бугарија, на што се спртивставиле гоемите сили. Во преговорите кои се одвиваат пред Берлинскиот Конгрес, меѓу Австро-Унгарија и Русија, начелно бил прифатен предлогот за создавање на автономна Македонија, на чие чело во својство на кнез би бил австрискиот генерал Родич, чии далечни претци потекнуваат од Македонија. Потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор на 3 март 1878 година, предизвикал негативен одек во европската јавност изголемендипломатски притисок што ја принудиле руската дипломатија да го смени курсот на својата политика. Овој притисок се зголемил уште повеќе кога Британија почнала да ја концентрира својата флота во Средоземното море и да ги повикува своите резерви. Одново се поставило прашањето за војна. Меѓутоа, последиците од претходната војна биле огромни. Русија изгубила 100.000 војници, а војната според проценките ја чинеле Русија околу милијарда рубљи. Внатрешниот заем бил исцрпен и Русија се наоѓала пред банкрот. Згора на тоа, таа била во тешка внатрешна политичка криза и постоело ширење на револуционерното движење. Всушност, Русија не била спремна за нова војна. Сето тоа ќе допринесе таа да се сложи да кризата која се создала со Санстефанскиот договор да се реши по дипломатски пат и да се ревидираат некои основни одредби. Главните дипломатски преговори биле водени во Виена и Лондон. Рускиот амбасадор во Виена Новиков најпрво преговарал со австрискиот министер за надворешни работи Ѓ. Андраши. Меѓутоа, овие преговори не дале резултати, па на 22 март 1878 година, со иста цел пристигнал грофот Игнатиев. Во преговорите кои се одвивале меѓу Андраши и Игнатиев, Австрија инсистирала на можноста што повеќе да ги осигура своите позиции на Балканот, а особено во Босна и Херцеговина и во Македонија. Таа сметала дека бугарските граници треба да бидат намалени, така да западните граници се протегаат од Орфанскиот залив према Врање, со тоа што окрузите надвор од оваа линија бидат уредени под името Македонија, со административна автономија, која нема да зависи од бугарското кнежество. Солун требало да биде вклучен во оваа нова држава. Според друга верзија, Андраши инсистирал да се создаде автономна држава Македонија која би била под заштита на Австро-Унгарија. Во врска со македонското прашање биле водени долги преговори. Увидувајќи кон што цели Австро-Унгарија, Игнатиев по добивањето согласност на царската влада, бил принуден на попуштање. Германскиот амбасадор во Лондон Фон Швајниц во еден извештај на министерот за надворешни работи Фон Билов, од 6 април 1878 година известува дека Игнатиев го прифатил предлогот за создавање на автономна Македонија, на чие чело би бил австрискиот генерал Родич во својство на кнез. Но, согласувањето било оставено за подоцна. Меѓутоа, малку е познато дека далечните претци на генералот Родич потекнуваат од Македонија. Кој е генералот со далечно македонско потекло со титулата барон Родич? Гаврило Родич или (Gabriel Joseph Freiherr fon Rodich, 13.XII.1812 – 21.V.1890) бил генерал во Австриската Империја, а потоа и Австриско-Унгарската Империја. Роден е на 13 декември 1812 година во Вргинмост, во православното семејство на Јован Родич, офицер со низок чин. Продолжувајќи ги семејните традиции, со четрнаесет години тој се запишал во кадетската школа во Грац. Неговата војна кариеара постојано напредувала и тој учествувал речиси во сите војни на Хасбуршката монархија во XIX век. Прекретница во животот на Гаврило Родич настапила во револуционерната 1848 година, кога се наоѓа како пошник аѓутант во штабот на банот Јосип Јелачич. Во текот на војната Родич напредува од чин на капетан до потполковник, а во 1850 година добива и австриска благородничка титула „витез“. Во 1859 година добива чин на генерал-мајор, а во 1860 година титулата барон. Како бригаден командир бил поставен прво во Дубровник, а потоа во Котор. Во тогашна Далмација ќе остане се до 1862 година, а потоа ќе учествува австриско-пруската и австриско-италијанската војна. Во 1866 година, за своите заслуги во битката кај Кустоца во Ломбардирдија, австрискиот цар Фрањо Јосиф I ќе го одликува со орденот Марија Терезија. Во 1869 година, баронот Родич се вратил во Далмација како воен командант за да го задуши востанието кое избило во Бока Котаорска, поради воведувањето на австриските власти на обрската за регрутација. Ползувајќи го своето потекло, тој ќе ја покаже целата своја умешност и дипломатија во разрешувањето на настаната состојба, што ќе му овозможи во 1870 година да биде поставен како гувернер на Кралството Далмација. Тој посебно се дружи со Степан Митров Љубиша кој истата година во Дубровник ќе го објави расказот „Кањош Македонович“. За време на австро-руските преговори меѓу Санстефанскиот договор и Берлинскиот договор, ќе биде предложен од страна на Николај Павлович Игнатиев за кнез на автономна Македонија во рамките на Отоманската империја. За жал поради различните интереси на големите сили Британија, Австрија, Германија, Италија и Русија, Родич никогаш нема да ја заземе позицијата кнез на автономна Македонија. Наместо да се врати во Прилеп од каде потекнуваат неговите претци, тој ќе учествува со своите сили во окупацијата на Босна и Херцеговина во 1878 година. Родич се повлекува од активна служба во 1881 година и се враќа во Виена, каде умира во 1890 година. Покрај генералот и баронот Гаврило Родич, во XVIII и XIX век се спомнуваат уште две семејства Родич кои на основа на воени заслуги добиле благороднички титули и грб. Се работи за Данило Родич кој благородничката титула ја добил за заслугите за време на австриското завземање на Берлин во 1757 година. Исто така се спомнува и офицерот Кирил Родич, кој благородничката титулаја добил во 1816 година, а тоа било потврдено и за неговите синови: Стефан, Максим, Јосиф и Јован. Иако изворите не велат ништо за Данило и Кирил, според истражувачите, бидејќи се работи за ист грб кои го добиваат, тие сметаат дека се работи за едно исто семејство. Од друга страна при доделувањето на благородничката титула на Гаврило Родич било нагласено дека тоа е уште една гранка на семејството Родич, што потврдува дека има различни гранки, но на ист род. Од собраните податоци, родот на семејството Родич потекнува од Македонија, од каде пред 400 години дошле во Херцеговина, односно околу 1600 година. Тука останеле извесно време, па повторно бегејќи од Турците се населиле во Далмација, а отаму во повеќе деловина на Воена краина. Според податоците кои ги давале постарите членови, ова семејство, чие првично презиме се верува дека било Кривакуќа потекнувало од „Црна Вода кај Прилеп’ и го славело св. Аранѓел. Од девет браќа подоцна ќе се издвојат повеќе гранки меѓу кои и Родичи. Животот на Гаврило Родич, преставува уште едем добар пример, како македонскиот народ протеран од своите огништа успевал во светот. Така синот на обичен офицер од Воена краина, благодарејќи на својот талент, се искачил на самиот врв на австриското општество и станал австриски благородник - барон Родич, кој во 1878 година можел дури да стане кнез на автономна Македонија, доколу постоела согласност на големите сили по однос на македонското прашање.
|