|
|
Жените ќе му ја скројат капата на СДСМ |
СДСМ е единствена опозиција која бега од избори, бидејќи ним им е познат исходот. Тие сакаат да останат на власт, но не сакаат соочување со народот, со оние кои ги навредувале: жените и нивните мажи, браќа и сестри. Политичката криза во која социјалдемократите ја внесоа земјата полека се движи кон својата разрешница. Тоа што СДСМ го бараше и го доби. Веќе нема бегање од соочување со народот. На 24 април 2016 година, на предвремени парламентарни избори народот ќе пресуди на кого ќе му го довери мандатот. Но, сите показатели, сите анкети, говорат дека социјалдемократите со своите постапки не ги стекнаа симпатиите на народот, а нивните челници ја изгубија довербата на народот и своето членство. Сега СДСМ се обидува по секоја цена да ги избегне изборите, но, еврокомесарот Јоханес Хан им порача: „Не е важно дали СДСМ ќе учествува, важно е изборите да се фер и демократски“. Долго време челниците на СДСМ за да дојдат на власт не бираа средства. Во неможност регуларно да ја постигнат целта се користеа со деструктивни сценарија, кои ја загрозуваа стабилноста на земјата. Прочитани од народот кој е доволно свесен да ги разликува валканите игри и кој не сакаше да заигра по нивните ноти, рејтингот на партијата наместо нагоре почна да паѓа, а челниците на СДСМ во очај започнаа да употребуваат најпогрдни имиња. Сеуште се свежи изјавите на разноразни социјалдемократски гласноговорници кои сопствениот народ го нарекува „глуперди и цепаници неделкани“, „стока од народ“ и т.н. Овие изјави на социјалдемократските ученици се само продолжение на нивниот поранешен лидер и учител Бранко Црвенковски, кој за потсетување на предизборен митинг во 2011 година ќе изјави: „Гледав еден спот на телевизија. Нашле некој грев. Вели заради Бранко се разведов. Абе чоек, оди прашај ја жена ти да не е некој друг во прашање. И да сакам не можам да стигнам, бе брат.“ Црвенковски тогаш ги навреди жените, а токму тие жени, мајки, сестри, сопруги, денес му ја кројат судбината на СДСМ. Тие први тргнаа во офанзива, откако со договорот од Пржино, нивни членови на насилен и недемократски начин влегоа во власта. На Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ говореше лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој и порача на домашната и меѓународната јавност дека граѓаните се тие кои ќе одлучат кој ќе биде власт а кој опозиција. Груевски од позиција на лидер на политичка партија од овде ќе упати и порака дека на 24 април мора да има избори, бидејќи Собранието ја констатираше неговата оставка избра техничка влада и донесе одлука за одложено распуштање со важност од 24 февруари. Челниците на СДСМ, чиј рејтинг се повеќе се намалува, како резултат на креирање на разни афери кои ја дестабилизираат земјата и го уништуваат економскиот амбиент, како и заради закани и понижување на сопствениот народ, излезот од ова позиција го бара во одбегнување на изборите закажани според договорот од Пржино на 24 април. СДСМ е единствена опозиција која бега од избори, бидејќи ним им е познат исходот. Тие сакаат да останат на власт, но не сакаат соочување со народот, со оние кои ги навредувале: жените и нивните мажи, браќа и сестри. Меѓутоа дали социјалдемократите ќе излезат на избори или не, тоа не е веќе важно ни за Европа. Во интервју за најновиот број на бугарскиот неделник „Капитал“, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во врска со спроведување на договорот од Пржино и априлските избори, кој е потпишан и од социјалдемократите, меѓудругото ќе изјави: „За нас клучно е изборите да бидат фер, транспарентни и демократски. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. Врз основа на ова може да се направат наредните чекори и да продолжиме напред.“ Тоа значи дека ЕУ е свесна дека во редовите на СДСМ има незрели политичари и бизнисмени, кои ниту знаат ниту можат да водат политика, а и да се справуваат со ризиците кои следуваат на Балканот поврзани со мигрантската криза. А такви политичари кои кариерите ги изградија со додворување, со виткање кичма и плукање по сопствениот народ, во овој момент на никој не му требаат, па ни на Европа. Политичката криза ја одбележа минатата година, а оваа година таа ќе заврши со предвремени парламентарни избори. Но сега, како што изјави Никола Груевски на 16–тата Конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, „народот е погневен од било кога, но за жал на СДСМ, гневот не е кон ВМРО-ДПМНЕ, туку кон оние кои го силуваа. Кои му го силуваа уставот и законите, кои му донесоа политичка криза и неизвесност, и прават се таа истата да продолжи и да се продлабочи, кои создадоа ситуација заради интересот на државата и народот привремено доброволно да се повлечат оние кој тој самиот си ги одбра, на кого му наметнаа функционери кои не ги сака и не ги одбрал, кој ги отфрлил на изборите, на кого му донесоа закони и институции кои не се нивни избор“. Исто така Груевски во својот говор ќе истакне дека „на 24-ти април доаѓа казната ..на народот и дека доаѓаат неговите 5 минути. Тоа е ден кога овој народ, народот на Македонија, на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава. Во април, народот на Макеоднија ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе ги избрка вештачки и насила насадените функционери.“ Груевски е во право, бидејќи овој пат жените ќе му ја скројат капата на СДСМ и нејзиниот лидерот Зоран Заев, кој се обидува да ги држи во заложништво изборите поддржани од ЕУ и кој повторно се заканува со бојкот. Токму тие ќе му наплатат на оној кој велеше дека „живи луѓе ќе јаде“ и дека „ќе смени се од чистачка до директор“. Овие жени за своите најблиски посакуваат стабилна земја развиена економија, вработување, а не дестабилизација која им ја нуди СДСМ. Затоа тие се во превите редови, па така повторно за сто дена, по изборите Никола Груевски со својот тим, кој веќе докажа дека знае и тоа го може, повторно ќе ја води земјата кон подобра иднина. На крај, овој напатен народ тоа го заслужува.
|